Број 3382  среда, 15 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Цела Тиквешија под блокада

Лозарите, разочарани од ниските откупни цени на грозјето, со стотина трактори го затворија сообраќајот
на патните правци до Скопје

Ангел Данов


КАВАДАРЦИ - Цела Тиквешија е под блокада откако лозарите разочарани и лути од катастрофално ниските откупни цени на грозјето со стотина трактори го затворија сообраќајот на патните правци по кои се стасува од Прилеп и од Битола до Скопје.

Блокади беа поставени кај Росоман и кај Дреново, а во Неготино на влезот и на излезот. Лозарите не ги поштедија ниту винарските визби „Тиквеш“ и „Повардарие“, кои ги изиграа со ветувањата за задржување на ланските откупни цени за род��т. Се пропуштаа само возила на Брзата помош и луѓе што имаа здравствени проблеми, а нема никакви изгледи за прекинување на протестот. Бунтот на лозарите продолжува и денес, тие најавуваат дека ќе останат на блокадите и дека ќе го спречуваат сообраќајот се' до исполнување на своите барања.

Парализата на патиштата беше причина за нервозни реакции од патниците, кои бараа ослободување на блокадите. Вербалните расправии добија во интензитет, па во еден момент се случи тепачка во која дел од штрајкувачите се здобија со полесни повреди.

Лозарите бараат до крајот на септември целосна исплата на ланското грозје и парите што ги намени Владата за да се насочат визбите кон лозарите. „Имаме легални блокади навреме пријавени во полиција. Бараме враќање на старите цени. „Смедеревката“ да не се откупува поевтино од 8 денари, а „вранецот“ не помалку од 10 денари. Да се отфрлат шеќерните единици, бидејќи визбите најмногу манипулираат со нив. „Вранецот“ почнува со технолошка зрелост од 18 шеќерни единици, а визбите ја зголемија на 20 шеќерни единици. Лошо е тоа што нема законско решение за технолошката зрелост и за шеќерните единици“, рече претседателот на „Агротиквешија“, Љупчо Аризнаов, и потенцира дека на завчерашниот состанок со вицепремиерот и со визбите не бил постигнат договор. Тој вели дека прифаќаат преговори само со премиерот Никола Груевски, а договореното со визбите да биде потпишано на хартија. Аризанов вели дека лозарите би биле задоволни доколку Владата одлучи парите што ги намени за субвенционирање на визбите да ги насочи кон нив за да ги покријат барем трошоците за производство. Грозјето ќе го остават на нивите, наместо да им го даваат на винарниците без пари.

На блокадите на магистралниот пат Битола - Прилеп - Скопје кај Дреново беше тензично. Нервозни патници се расправаа со лозарите. Во почетокот на блокадата имаше инцидент. Лозарите обвинија дека млади момчиња што патувале со автобус од Битола ги навредувале со зборовите „сељаци“, а потоа сакале да им фрлат трактор во дол. Тоа било причина за тепачка. Лозарот Перо Ѓорѓиев од Дреново добил лесни повреди по лицето. Патниците реагираа затоа што лозарите не им дозволиле да го продолжат патувањето. „Не' нападнаа со хебли и шрафцигери“, обвини битолчанец и им препорача на лозарите да протестираат пред Влада наместо да блокираат патишта.

Имаше и луѓе со авионски билети што требаше да стигнат до скопскиот аеродром, но останаа заробени на блокадите. На блокадите чекаа и банкарски комбиња, но и возило на МВР. Наидовме и на возачи што стрпливо чекаа на блокадите, а изјавија дека ја разбираат маката на лозарите.

Штрајкувачите останаа доследни на предупредувањата дека нема да дозволат политичарите да ги искористат протестот и блокадите за политички маркетинг. Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, со свирежи беше пречекан во Неготино.

Од ОО на СДСМ до јавноста се обратија со писмен допис, бидејќи ја почитувале одлуката на лозарите партиите да не го користат протестот за сликање. Упатуваат безрезервна поддршка до лозарите.

„Пратеникот Никола Ќурчиев побара Собранието да расправа за проблемите на лозарите, меѓутоа предлогот не беше прифатен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Ова одбивање е доволен аргумент дека Владата кумува со винарските визби, а не СДСМ како што постојано не' обвинуваат“, се вели, меѓу другото, во писменото обраќање на кавадаречките социјалдемократи. Тие апелираат Владата да го прифати нивниот предлог за издвојување буџетски средства со кои ќе се реши проблемот на лозарите за исплата на ланското грозје.

„Ако може да се издвојат 6 милиони евра за Општина Центар за лавови, тогаш треба да се дадат пари и за лозарите“, велат од ОО на СДСМ Кавадарци.

Лозарите во Неготино импровизираа погреб на лозар, кој како што рекоа, починал поради превисоките цени за грозјето и палеа свеќи. Така симболично сакаа да прикажат дека лошата откупна политика го погреба лозарството.

Тасо Бошков, лозар од с. Сопот со 7 хектари лозов насад, се пожали дека една година чека визбата каде што го продал ланското грозје да му исплати 10 илјади евра. Досега му биле исплатени само илјада евра. Тој вели дека визбите наместо да бидат нивни партнери, посегнале кон уништување на лозарството.

Производителите се пожалија дека се на работ на преживување. Со цените што им ги нудат визбите не можат да ги покријат ниту основните трошоци за производство, а не, пак, да ги хранат своите фамилии и да ги платат сметките за струја, вода...

З��едно со лозарите на блокадата пред винарската визба „Тиквеш“ беа градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, и советниците. Панов рече дека лозарите биле принудени на ваков чекор, бидејќи нивните барања не биле прифатени од визбите.


#
Статијата е прочитана 1845 пати.

Испрати коментар

Од: vera
Датум: 15.09.2010 12:05:50
Abe lozari do nekni ubavo vi bese da slavite,masa vo parkceto slobodna nemase!Ne znam sto e kriv obicniot graganin da mu se zatvorat patistata:na studentite da izgubat cela godine radi propusten termin,da ne mozi covek bolen roditel vo drug grad da poseti ili pak kamiondziite koi i po 2 meseci vrtat niz Evropa da ne mozat da si dojdat doma!!!Sto ne ja stopiravte manifestacijata vo vasa cest ili prvi trcavte da ne propustite nekoja maska da ne vidite????
Од: senegal
Датум: 15.09.2010 12:19:15
Iako gi opravduvam lozarite celosno sum protiv strajk,protest da se odrzuva na patista i avtopati.Covek si ima maka bolest nekoja i ne moze da se tolerira vakvo odnesuvanje.Ako nekoj e kriv toa se vinariite ako sakaat neka gi zapalat so direktorite vnatre, no ne im e kriv onoj obicniot covek sto se dvizi po pat
Од: v.lence
Датум: 15.09.2010 12:27:50
vladata da intervenira so otkup na grozjeto za stokovi rezervi . a da ne g irasfrla narodnite pari za izgradba na spomenici na nivnata glupost, za[to ignoriraj'i gi ocajnite barawa na lozarite go pogrebuvaat lozarstvoto vo Makedonija, namesto da ja napravat perspektivna zemjodelska granka. Zgora na seto nitu subvenciite ne se isplateni , pa neka kaze nekoj deka lozarite nese vo pravo.Mo\ebi treba so traktorite da odat pred vlada i sobranie???!!!
Од: vesna
Датум: 15.09.2010 13:51:58
lozarite neka si najdat plasman za proizvodite i da pretant da kukaat - neka odat tamu kaj sto se plaka poveke. Dosta zalenje i placenje. ako ne i isplati da proizveduvata grozje ne prozveduvajte - sedete so skrsteni race i cekaj nekoj da vi pomogne. ili najdete pazar ; za vino, za grozije ( ako vi e kvaliteno i izraboteno kako sto treba da izdzi konkurencija ocet ili bilo sto. ama dosta veke
Од: kole
Датум: 15.09.2010 14:06:42
Ке ви направат споменик на Богот на грозјето Груевци и ПРОБЛЕМОТ Е РЕШЕН................
Од: Б��окадите се контрапродуктивни
Датум: 15.09.2010 14:18:04
Газдите на винариите на чело со Свето пивара и БЦ си играат со лозарите. Ланското грозје уште не е платено, а оваа година демек не им требало и не откупуваат!? Само да се направат тензии во државата. Со блокадите всушност лозарите само им помагаат на арамиите кои ги лапнаа подрумите, а сите до еден се блиски до СДСМ. Бранко незаконски му го подари Тиквеш на Свето Јаневски за 2 милиони марки и сега Свето вака му го одработува долгот. Срам да им е, немаат душа!
Од: Mitko
Датум: 15.09.2010 14:34:34
Sakam da im cestitam na hrabrosta na site koi strajkuvaat i sto za prvpat i vo ovolkav broj izlegoa na strajk. Nemojte da doadjate pred vlada, i onaka tamu e blokirano. Blokirajte go avtopatot. A do onie koi mrcat i koi cekaat vo kolona poradi strajkot, mozam samo da vi kazam: ete vi ja straza, vrtete od tamu. Strajkot e najaven i site TV informiraa za nego. Sto kukate za djabe. Namesto da dadete podrska, vie uste se zalete. Abre makedonce, nikogas nema da te bidne se dodeka svoite ne gi poddrzuvas.
Од: revoltiran
Датум: 15.09.2010 14:40:01
arno vi bese na grozdoberot da jadete i piete sho ne go blokirate i nego tuku sea gi blokirate patistata ucenicite i studentite da ne mozat da odat, sho vi se krivi decata blokirajte go sobranieto i vladata zaedno so vinariiite a ne patistata
Од: Goce USA
Датум: 15.09.2010 17:00:05
E more Grujo.. Kako samo ke go izedete stapot za site valkanici sto gi napravivte po drzavava i za lozarite i za Okta i za Telekom i za Svedmilk i za spomenicite so koi perete pari.. Zatoa sto se bogatite zaedno so familijata so nasata pot. Tesko deka decata ke ve prepoznaat koga ke izlezete od zatvor. A na ovie sto protestiraat sega PAMET VO GLAVA na drugite izbori (na prethodnite 80% go poddrzavte ovoj sto sega ve krade).
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.09.2010 18:15:12
Некако ги нема лицемернитре подржувачи на се и сешто ако е само против власта.По се изгледа се длабоко загрижени што се ремети мирот на оној нивни подрумџија од Тиквеш.Сега жал за студенти,ученици и останати што се блокирани.Напишете осуда за подрумџијата што се мајтапи со години со лозарите.Имајте малку доза на критичност.

Најди! во Утрински
Македонија
Битолчани купуваат станови во Албанија
Ракот на простатата втор убиец кај мажите