Есенски базар во „Антон Димитров“
Општина Бутел денеска ќе го отвори традиционалниот есенски хуманитарен базар на ракотворби. Заинтересираните ќе можат да го посетат во периодот од 12 до 15 часот во спортската сала „Антон Димитров“ и да купат нешто од рачните изработки карактеристични за етничките заедници што живеат на територијата на општината. На базарот ќе има и пити подготвени од вештите раце на жените од Здружението „Зора“. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Парите, пак, од продадените пити се наменети за учениците, автори на творбите посветени на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Базарот ќе го посети и делегација од македонската општина Пустец од Албанија, предводена од градоначалникот Едмонд Темелко. (Сн.К.) |