Број 2939  среда, 18 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Може ли да пропаднат претседателските избори

Политичките аналитичари велат дека постои опасност од спонтан граѓански бојкот на гласањето

Оливера Војновска

Една недела пред изборите агенциите за истражување на јавното мислење забележаа голем процент на граѓаните кои се изјасниле дека не се мотивирани да излезат на гласање, како и на оние кои немаат одговор за кој претседателски кандидат би се определиле.

Политичките аналитичари проценуваат дека постои опасност да имаме избори со најслаб одѕив и да ни се случи „спонтан граѓански бојкот на гласањето“. Според некои согледувања, во случај претседателските избори да пропаднат, „актуелната власт ќе си најде добра причина за реализирање на својата заложба за избор на шеф на државата во парламентот“.

Професорката на Филозофскиот факултет Билјана Ванковска вели дека проблемот со одѕивот може да се јави во вториот изборен круг, како што се случуваше на досегашните избори. „Секогаш како критично се јавувало прашањето за мотивацијата и одѕивот кај албанскиот дел од електоратот, кое во минатото се ’решаваше’ со неславните ’контингенти’ (со масовно полнење кутии, групно гласање), што носи ризик да има одѕив, ама да има и нерегуларности. Или, да дојде до непринципиелно пазарење, или доставување на сметката. До дестимулација во вториот круг може да дојде и ако има насилство, закани во првиот круг. Но, во конкретниов случај, ми се чини, евентуалниот неуспех да се избере претседател во вториот круг ќе води до нова уставна реформа, во која владејачката коалиција ќе си најде добар изговор за воведување избор на претседателот на државата во Собранието, што според мене е лоша опција“, вели Ванковска. Таа смета дека прашањето на одѕивот е поврзано со легитимитетот на оние кои ќе вршат важни функции во наредниот период. Според неа, дури и да се исполнат минималните цензуси, тоа ќе си има свој одраз врз институциите и функционирањето на системот.

Професорот на ФОН Осман Кадриу смета дека прашањето со одѕивот е комплексно и треба да се анализира од повеќе аспекти: социолошки, економски и политички. „Граѓаните се' повеќе се разочарани. На сите досегашни избори добиваа огромни ветувања, кои главно не се реализираа. Големо влијание има и економската криза, која силно се чувствува. Наспроти обидите на власта да ја маргинализира финансиската криза, состојбите реално се многу тешки. Втора работа е што платформите и на претседателските кандидати и на градоначалниците не се уверливи, туку премногу воопштени и бледи. Ниту еден кандидат не нуди ништо ново во програмска смисла, со години на избори се оди со исти пароли и слогани. Имајќи ја предвид целата атмосфера, нема да ме изненади ако немаме успешни претседателски избори“, вели Кадриу. Иако цензусот е намален на 40 отсто, тој очекува огромен број граѓани да ги бојкотираат претседателските избори. „Тоа нема да биде партиски или национално обоен бојкот, туку граѓански како резултат на сериозно незадоволство од економскиот и социјалниот амбиент во државата“, појаснува Кадриу, кој се сомнева дека имаме капацитет да организираме избори без семејно гласање, насилство, гласање на починати...

Професорката на Правниот факултет Рената Десковска вели дека се забележува општо незадоволство од политиката, кандидатите, програмите. „Пред помалку од една година, имавме избори и граѓаните не видоа дека работите одат на подобро. Паднат е етузијазмот и големо е разочарувањето дека нештата ќе се сменат со изборите. Па, иако цензусот е симнат на 40 отсто, бојкотот може да стане многу реален“, вели Десковска и нагласува дека уште пострашно е ако тоа е спонтан израз на незадоволство од политичката ситуација. „Пораката дека никој од кандидатите не заслужува да биде избран е многу силна и треба да ги загрижи политичките партии. Апатијата е исклучително сериозен политички став кој никако не смее да се занемари“, потенцира Десковска.

Професорот Мерсел Биљали, политички аналитичар, смета дека индиферентноста на луѓето кон изборите е реална последица на тешката економска и социјална ситуација, како и на пасивноста на власта во однос на непроменувањето на состојбите. „Видлива е апатијата и незаинтересираноста на граѓаните кон политичката понуда за претседателските избори. Едноставно луѓето не гледаат дека некој може да им помогне за да најдат решение за егзистенцијалните проблеми кои ги мачат. Програмите се премногу стерилни, празни, недостасуваат нови визии, а кандидатите немаат дух и не внесуваат некаква свежина. Не посакувам изборите за шеф на државата да пропаднат, но постои сериозна опасност од бојкот. Ако тоа се случи, одговорноста првенствено ќе биде на власта, чиј легитимитет автоматски ќе биде доведен во прашање“, смета Биљали.

Во последната анкетата на „Рејтинг“, 17 отсто од испитаниците се изјасниле дека „не се доволно мотивирани“ да излезат на гласање, а 14 отсто изјавиле дека „не се воопшто мотивирани“. Анкета на Центарот за истражување и креирање политики направена минатиот викенд покажува дека 6,9 отсто од испитаниците нема да гласаат, 24,3 отсто одбиваат да одговорат за кого ќе гласаат, а пет отсто одговориле за „ниту еден кандидат“.


#
Статијата е прочитана 7311 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 18.03.2009 00:02:13
Ne veruvam deka ke propadnat pretsedatelskite izbori,samo apelirarm do kandidatite malku da si go priberat jazikot zatoa sto nekoi premnogu vulgarno zboruvaat,ne im dolikuva kako akademci taka da se odnesuvaat.So vakvoto odnesuvanje samo ke go odalecat narodot a ne da go pridobijat nivniot glas!
Од: lenin
Датум: 18.03.2009 00:22:35
Na narodot dosta mu e od obecavana od otvorane na rabotni objekti i mesta za vreme na izbori.Sekogach koga se izbori se povtoruva ista pesna lazi vere ti me lazech najdobro.Povece narodot na takvi lagi ne veruva.
Од: Cacko
Датум: 18.03.2009 00:35:43
Gladna kokoska proso sonuva.... Frcko kje izgubi kako posledna dupka na sviraloto, pa sega izborite kje propadnele... Aman... Dosta vekje
Од: Методија
Датум: 18.03.2009 01:23:09
До кога ќе барате мислење од Ванковска? Жената прво има минимални познавања од политика и политички методологии (милион пати го покажала тоа), површни аргументи кои следниот ден практиката и ги негира, и ставови кои ги адаптира зависно од ветерот кој дува. Аман веќе од вакви експерти. Затоа нема да излезам од гласање. Преку онаквото од самопрогласени правиници, политиколози и лидери. Дното го допираме. Ако Ванковска е најдобриот експерт на кој можете да се повикате не е ни чуди со од 7 кандидати 5 се тотални ебиветри. Секоја чест за Фрчкоски и Хоџа.
Од: misla
Датум: 18.03.2009 01:24:34
Vo mnogu drzavi so zapadna demokratija postoi zadolzitelno izleguvanje na glasanje. Za neizleguvanje na glazsanje ima kazni. Gradjanite na vakvite izbori se izjasnuvaat za partii no i za kandidati. Na glasackoto livce ne se glasa so zaokruzivanje, tuku so redni broevi pred kandidatite. Taka gradjanite mozat sami da kreiraat i partiska lista so toa spored nivnite glasovi moze i da se promeni redosledot na listata. Vo vkupniot zbir se zemaat site prvi pozicii, no i site vtori kaj sekoj kandidat. Vtorite pozicii vo mnogu slucai se presudni vo obezbeduvanjeto na mnozinstvo vo parlamentot. Kaj ovie izbori postoi samo eden krug na glasanje i mnogu pomala kampanja. Agitacijata e dozvolena i na denot na izborite.
Од: pravda
Датум: 18.03.2009 01:41:41
Do CACKO: Ne be Cacko nema da izgubi Frckovski ke izgubi Makedonija ama da ne se takvite kako tebe nemase Makedonija 10 veka da nema drzava,so sreca ke ti treba i toa mnogu
Од: jimmy1
Датум: 18.03.2009 01:48:26
Nisto ne e cudno za da propadnat izborite. Narodot ne i veruva poveke na ovaa vlda, prazni obekavanja, prerodba na poloso, od 100te cekori nisto, trosi grdni narodni pari za partiski potrebi, kazni za ajvar, plukanje, dogorce, otfrlanje odgovornosta za krizata na mlekarite i red red drugo. Pa ovaj narod ne e tolku glupav kako toa sto go misli vladata za da ne znae sto e dobro a sto loso e napraveno od ovaa vlada. Samo toa ne mozat da go vidat sektasite na VMRO, kako ovaj RR, Cacko, Irinceeeee, Blagica, gluvceto, Lupco od "Bitola" i red drugi.
Од: alen
Датум: 18.03.2009 03:19:18
neuspeh na izborite mozat da predizvikaat samo unapred poznatite gubitnici-sdsmovci bidejki se znae koj ke pobedi na izborite...tie se uste sonuvaat za medot koj go jadea vo nivnoto 'vladeenje' vo minatoto..sonot ne se vraka narodot kaznuva.
Од: Makedonec
Датум: 18.03.2009 04:03:41
profesorot Kadriu,pa i Biljajli imaat kazano tochno,na narodot mu se obetuva se dodeka se dojde na vlast,a potoa ne e bitno."Srbite velat pas reko pas odreko",taka i ovie nashi"politichki kandidati" se ke obetuvaat-kako i do sega,a od toa nishto.Narodo
Од: od nekogo
Датум: 18.03.2009 05:51:08
Ne mi se veruva deka ke propadnat izborite , no sepak se e mozno vo Makedonija. Jas licno nema da glasam bidejki ne gledam zosto. I onaka se se odlucuva vo kabinetot na Premierot, a sto se odnesuva do neresenite problemi kako sto se stecajcite, mlekarite, profesionalnite vojnici, stetite od voeniot konflikt, raselenite lica, otpustenite rabotnici od krizata za koi ne se voopsto zbori, donesuvajneto na zakoni bez javna rasporava, trosejneto na nartodni pari na netransparenten nacin, antickiot karakter na Makedonija, vlezot i klimata okolu vlezot na Makedonija vo NATO i EU, pregovorite so imeto,otsustvoto na stranski investicii, golemiot rejting na Premierot steknat pred se so kriminalnite aferibez , a nitu edna bez zavrsnica, i da ne se resi nitu eden problem se pricini poradi koi nema da glasam. Veruvam deka toa se pricini poradi koju mnogu nema da izlezat.
Од: Miki
Датум: 18.03.2009 06:36:15
I treba da propadnat izborite, kogo samo lazat ... Od ovaa drzava ne bivalo nikogas a nema ni da bide, ke ostaneme zadna dupka na kavalceto. I samo da Vi ja kazam relacijata do kade moze bez viza da odime " Do Kosovo i nazad" Zapomnete go ovoj moj komentar.
Од: 123
Датум: 18.03.2009 07:13:49
Znaci kaj nas nemoze funkcija bez linearen clen.Nemojte pred samite izbori povtorno da se povikuvame na starite naviki.Da ne uspeat izborite i ne e mala rabota,eden motiv poveke kon serioznniot pristap za resavanje na problemite.Nema da ima polnenje,tuku nesto posofisticirano,bidejki vo posleden moment,se redat i portiri (ne so navreda,sekoja pocit),za predsedateli na i.odbori...Da se postavat skrieni kameri vo sekoe vozilo za transport na izb.materijal.
Од: Odgovor na Cacko
Датум: 18.03.2009 07:14:39
Tebe Cacko ne ti e sran Gole da to bide pretsedatel i da te "pretstavuva" vo svetot.????? Abe luge, covekot e ziv sram!!!!!!!!!!!!
Од: AHIL69
Датум: 18.03.2009 07:19:25
so ovie drzavata ni probadna , a bolo problem pretsedatelskite , pa so kandidatot na vmr ovcite ke ne snema od kartata be luge,zatoa mora da ja pobedime crnata cuma vo makedonija
Од: Makedonec vo EU
Датум: 18.03.2009 07:51:12
Izborite nema da propadnat. Postojat premnogu preplaseni ovci deka nekoj ke im go zeme imeto (FYROM), koi bi odele i do Tunguzija da glasaat za bilo koj duduk predlozen od nivnata partija. Perenjeto mozok ne treba da se zanemaruva.
Од: blagica kavadarci
Датум: 18.03.2009 08:01:18
Izborite ce propadnat samo ako sds gi bojkotiraat, nemozejki da se pomirat so faktot deka za niv vece se e zavrseno
Од: Mile
Датум: 18.03.2009 08:04:34
Abe Cacko, ne e strasno sto Frcko ke izgubi, strasno e koj ke pobedi.
Од: девичанецот
Датум: 18.03.2009 08:09:06
Аналитичарите си ги кажуваат своите желби, или желбите на своите блиски.Кај нас се гласа за партија и тоа нека им е на сите јасно. Добро организирана партија, гарантирано и коректно ги добива овие избори. Ако Рената Десковска не видела подобрување овие две години и со две плати, тогаш во иднина со една плата, па и каква нека биде, сигурно нема да види.
Од: Nikola, Makedonski
Датум: 18.03.2009 08:10:11
Zdravo, mnogu interesni komentar dosega. Sepak za site tie koi planioraat da glasaat za makedonskiot obama kako sto miluva Imer da se narekuva e strasno samoubistvo za site niv a posebno za Makedonija. Eve zosto. Nikade Imer ne spomna deka e Makedonec, Obama e Amerikanec, i celo vreme zboruvase - zboruva deka e Amerikanec. celiot muabet sto on go vrti e poltikata na brzo clenstvo vo Nato i EU a znaeme koja stapica e toa , snemuvannje na ime na drzava, kako poim Sinomim Makedonec, Makedonija, prekrstuvanje vo ..... . Stvarno odgovorno velam deka trojanskiot konj Ljube i odednades trojanskiot konj Imer, koj se krie pozadi taa nasmevka e ustvari strasno aroganten sebicen a vo posledno vreme i strasno podlizgo na stranski emisari. Tolku.
Од: vucko
Датум: 18.03.2009 08:31:45
Pa nisto cudno stalno ima PRV PAT itoa moze da se sluci nekogas???????????????????
Од: do jimmy1
Датум: 18.03.2009 08:33:28
Potpolno se soglasuvam deka vladava e nekompetentna.No bi ve zaprashal-koja e pobednickata opcija za Makedonija?SDSM li???Ma daj ne bidete smesni.I ednite i drugite se ebivetri!!!
Од: Perunika
Датум: 18.03.2009 08:39:56
Izborite nema da propadnat.Legitimno pravo e na sekoj da glasa i treba da glasa.Opciite sto ni se nudat se mnogu jasni.Izborot za Makedoncite e eden i lesen.Da vlezeme vo NATO i EU so ustavno ime.Podobra varijanta zdravje.
Од: pelivan
Датум: 18.03.2009 08:45:01
Glasanjeto e individualen cin,glasas-ne glasas,megjutoa,neizleguvanjeto na glasackoto mesto e kapitulacija na integritetot,bidejki,vasiot glas ke bide zloupotreben.Na toa se nadeva ovaa fasisticka klika na Pastirot i taka ja vodi igrata,bidejki im e jasno deka so salajbajzerot sto go predlozija,ke bidat cel na potsmev!
Од: Albanec
Датум: 18.03.2009 08:47:24
Realno Albancite nemat zosto da izlezat i da glasat za predsedatel! Zaradi koji pricini bi trebalo Albancite da izlezat da glasat neka mi kaze nekoj? Nie Predsedatel na drzavata nikogas ne sme birale, toa go napravile partiskite militanti za koji sigurno bile tesko plateni da polnat kutii! I sega Albancite nema da birat predsedatel, ve lazat onie koji ke vi kazat deka izlezot kaj Albancite bil golem ako slucajno "nekoj" izleze so vakov stav. Nam ni e preku glava od politicarite, tia ne resavaat problemi, tia kreirat problemi. Za da se resavat problemite treba da boli, e pa nie gledame deka nikomu ne saka da mu boli, zosto togas da go glasam ve molam? Mislam, i tvrdo stojam na toa deka MKD nema perspektiva bez megjunaroden protektorat. Nie ne sme spremni da gradime drzava ednostavno e toa. Albancite ke gi bojkotirat predsedatelskite izbori kako i sekogas do sega.
Од: seuste normalen
Датум: 18.03.2009 08:53:19
Nasilieto e motiv da se izleze na izborite. Sekoj den Vladata demonstrira nasilie i gi iritira ludjeto so otvaranje na se i sesto bez potreba. Gruevski sopstveniot kompleks go podigna na nivo na nacionalna politika. Drzavata propadja, instituciite ne funkcioniraat! Apatija vladee, pa zatoa ne za cudenje ludjeto na ovoj nacin da go iskazat svoeto nezadovolstvo.Jas ke glasam!
Од: demokrat
Датум: 18.03.2009 09:01:13
Vo mnogu DRZAVI postojat mnogu zakoni koi se "zadoolzitelni", megutoa toa postoi i graganska svest. Kaj nas vo MK ne postoi graganska svest, nitu politicka kultura, nitu potuvanje na tugoto mislenje, pravo na strajk i sl. Se dodeka ovie malverzacii postojat GRAGANITE KE KAZAT NE na vakviot raspinicko odnos na vlastite. A vo vtoriot krug ako ima surtuci za kandidati za Pretsedatel, narodot NE TREBA DA GLASA. Da znaat deka NAROD DAVA GLAS I NAROD ZEMA. Pa neka se zamislat malku
Од: Prilepcanec
Датум: 18.03.2009 09:04:11
Ovde se predviduva -propagjanje na izborite?Cuvaj Boze-zosto?ke izlezat site-edni za da ja ucvrstat svojata pozicija-drugi da im ja zemat.koj e tretiot izbor? A toa deka nekoj na narodot im go pere mozokot,im go pere,no ne go isperuva.Go slusav na mitingot vo Skopje g.Gruevski koj na svoite istomislenici im kazuva deka elektricarite neka odat vo elektricarskite firmi,profesorite neka si ostanat na univerzitetot,neka zaminat,neka dojdat novi mladi-vo SDSM...Ete toj e vo peralnata-niti visokoobrazuvan elektricar,niti profesor na univerzitet,no se fatil na oroto,i kako na sekoja svadba zavel svoe,se ottrgnal i stanal lider.I uste,so seta mraza sto ja ima za Univerzitetot sv.sv.Kiril i Metodij" preporacuva profesorite da si ostanat tamu,neukite (politkata e nauka koja se uci i niz aktivno vkljucuvanje vo nea),diletatnite da dojdat da vladeat.negovite bakali,na primer.Zatoa ima razocarucanje,zatoa ke ima izlez na izborite da se otstranat vljubenicite vo vlasta.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 18.03.2009 09:11:47
Edna Drzava,cii politicki celnici imat potreba od stranski posrednici duri vo provincialni sredini kako Strumica,ne moze da smeta na megjunarodno pocituvanje.Blagodarenie na nedokvakanite VMR-Ovci gragjanite so pravo go cuvstvuvaat gazenjeto na Makedonskoto dostoinstvo niz svetot.Gosp.Ministar Milososki si sedi doma i prima redovna plata na smetka na gragjanite i terenot za bitkata za imeto vladata i go prepusta na GR!Toa ne e konstruktivnost vo pregovorite so GR,toa e za mene velepredavstvo!I SDSM ne se cvet za mirizba,no tie barem vo teski momenti sobraa sila za hrabri odluki koga bea na vlast,no i oni se kadarni ispotroseni.Vreme e za vistinska treta opcija,zatoa mozebi ne loso da mu se dava sansa na ND na Imer Selmani i em pred svetot malku ke si go popravime imidzot,koi e raznisan poradi "Bukefalistite" vo DPMNE.Ke gi trazite tipovite kako Srgjan Kerim i Risto Penov,koi vo sporedba so drugite Linguri vo MKskata politika imat zasluga kako ON-ambasador odnosno Gradonacalnik na SK!
Од: miki
Датум: 18.03.2009 09:30:29
Sekogas na SDSM i opozicijata im odgovaralo da ima sto e mozno pomala izleznost i toa im e celta i na ovie izbori. Za zal, toa nema da go docekaat.
Од: Оли Јулчовски
Датум: 18.03.2009 09:32:19
Како не е можно,Можно е да пропаднат,Штом за кандидат од Власта,Односно -Послушник на Грујао се кандидира човек кој нема Ама баш никакви квалитети,Додуша го краси еден-Послушноста и Верноста кон Вождот.Но со започнувањето на кампањата Македонските грагани сватија дека Иванов е само мало Марионетче во рацете на лубителот на ВЛАСТ,Вождот,Но исто така и Грујо свати дека овој е ептен заникаде и затоа можно е да се растурат изборите,зошто единствен добитник ќе биде тој-Вождот,А исто му се отвара можност за организирање на нови избори а со тоа и нова можност да се испере некое милионче за партијата.
Од: Melita
Датум: 18.03.2009 09:36:22
Dokolku propadnat izborite za pretsedatel na drzavata,togas vo parlament neka go izberat Srgjan Kerim za pretsedatel na RM.
Од: goko
Датум: 18.03.2009 09:36:51
Па можеби нај добро ке биде да пропаднат изборите.Ај нека каже некој за кого да гласа амане партиски избор туку навистина да веруваш во некој.Па сите кандидате се карат да ми( простат жените) како жени а сите зборуват за обиденуванје.Кандидат за преседател е оној што води кампанја секој ден од животот со добри и паметни идеи,со добро однесуванје а не да одаат на курс и да им пишуват говорисамо неколкудена пред кампанјата.Жално е но вистината е што во овие кандидате нема ни еден онаа човечкото- стра,страв и грев
Од: Трпе
Датум: 18.03.2009 09:58:24
Дали дпмне-Овците ,можат да размислуват со сопствена глава.Или се задоени со некое античко млеко на освојување.Еве нека ја понесат победата и на овие избори и дали размислуват што понатаму.Дали очекуват дека нивниот диктатор ги води по правиот пат а плус кога ке има и тотална власт.Па зарем тие не глумат дека се против едноумие.Но ке сватат ,кога ке биде касно кога голем дел и од нив ке бидат шутнати.Е тогаш џабе е каење.Го шутнаа Трајковски,Горгиевски,Бошковски а за ситните риби и да не стане збор.
Од: Кој губи нема право да се лути
Датум: 18.03.2009 10:30:20
Ако некоја партија се осуди да ги бојкотира овие избори, ќе се соочи со критиките од меѓународниот фактор кој испрати јасна порака дека овие избори мора да минат во најдобар ред. Затоа, тој што ќе работи или ќе се обиде да направи овие избори да пропаднат, со тоа и нанесува штета на Македонија, која во овој момент е еднаква на национално предавство.
Од: generalot
Датум: 18.03.2009 10:46:49
ne se zanesuvajte so teski komentari. Se znae koj ke pobedi. Makedonstinata. A seto drugo vo kampanjata e zaludno trosenje na pari i lazenje na narodot. DA ZIVEE MAKEDONIJA
Од: Св. Петар
Датум: 18.03.2009 11:03:31
Им се заблагодарувам на горенаведените т.н. “експерти“, кои се премногу паметни, па нивниот памет сакаат да ни го пренесат и нам - обичните граѓани. Дедо ми велеше: “Синко од секоја тиква не се собира семе“.
Од: libertatorw
Датум: 18.03.2009 11:11:43
ako Makedonija ima sreca ,ovie izbori treba da propadnat.Nema adekvatni kandidati!STO BI REKOL AKADEMIK SERAFIMOVJAS PRAVAM SPOMENICI VO BELGRAD RIM ZAGREB..A ONI MENE NA KONKURS.TREBA DA ME ZAMOLAT A NE DA KONKURIRAM.IATO KAKO I KAJ NAS AKO SAKA NEKOJ DOBRINA I NEKAKVA SI PERSPEKTIVA ,ZAMOLETEGO KERIM SRDJAN DA SPASI STO MOZE DA SE SPASI A NE DA SE IZMISLUVA NEKOV IZBOR VO SOBRANIE?a vie kakvi se toabi gostorile i Makeddonijakako dilizansa vo kaubojskite filmovi ama bez vodacot na konjite.
Од: Nikola
Датум: 18.03.2009 11:19:06
Samo vie sonuvajte.
Од: Talent
Датум: 18.03.2009 11:27:30
Kako bese onaa narodna prikazna so lisicata i grozjeto, a da mnogu e zeleno ne e za jadenje pa taka i pustata zelba za propaganje na izborite na grogiraniot SDSM
Од: straso
Датум: 18.03.2009 11:54:10
BRANE se vraca
Од: realen
Датум: 18.03.2009 12:07:31
Dokolku sme navistina svesni koku e bitno izborite da bidat fer i deokratski, odnosno, pominat, togas ne gledam pricina sekoj koj saka (a ima gragjanska dolznost) da ne glasa po sopstveno ubeduvanje. Ke pobedi onoj koj si go zasluzuvame, pa zatoa kako coveci treba so mozok da glasame. ABBA peese deka pobednikot zema se, a gubitnikot ostanuva osamen-stvarnosta e poinakva. Spored mene tokmu obratnoto ke ni se sluci, pa doma ke luduvame od radost, a nadvor ke ni se tresat nozete od strav sto ke bekneme.
Од: pedagog
Датум: 18.03.2009 12:23:54
Ova e najdobro:Koj i da pobedi,neli pokaze rezultati za sest meseci vednas da go smeni toj sto go predlozil ili nie narodot da go smenime na vonredni izbori!Vo nas e orevokrsackata.Vaka nema da moze da si pravi sto si saka stom sedne vo "prestolot".Sekoj dobro ke razmisli kogo predlaga
Од: Irina,kavadarci
Датум: 18.03.2009 12:26:27
Ne se slozuvam deka ke propadnat izborite,mozno e da ne iznenadat so nekoj incident,ama veruvam deka ke propadnat.Poddrska za Ivanov!!!
Од: neutralen
Датум: 18.03.2009 12:37:24
so vakov nivo na gragjanska i demokratska svest, ne plashete se, i ne nadevajte se , nema da ni se sluci cudo i da propadnat pretsedatelskite izbori.sekoj narod si ja zasluzuva svojata vlada i si go zasluzuva svojot pretsedatel.sekoe stado..... svojot ovcar.ne sme vo zapad.profesorite i analiticarite se vo pravo ama toa e tocna teorija neprimenata vo nasata praksa.
Од: mihajlo
Датум: 18.03.2009 12:41:52
Ednas vo eden spot Drzavnikot dobro kaza:od sekoe pleme ne se pravi Drzava.Ako makedonceto bilo sploteno kako sto treba,ce se izborelo kako site drzavi okolu nas da na vreme napravi Drzava.Zasto toa ne se ostvarilo,prokopajte malku niz istorijata.Srbofili,Grkomani,Bugarafili,Fili,Fili... . I vo 1903 godina makedoncite se iskarale pomedju sebe.Im smetal Goce i vo Maj go likvidirale.Im smetal Sandanski go likvidirale.Im smetal Djorce,ista sudbina go snaslo.Im smetal Cento aj na goli otok.Da redam uste ili da prekinam.Se blizi krajot.Ne ne biva za drzava da imame.Vo Makedomija ima 1.250.000 makedonci,od niv 200.000 so bugarsko drzavjanstvo,vo Bugarija ima 2.000.000 asimilirani makedonci,vo Grcija 1.500.000 vo Albanija 800.000 vo stravstvo okolu 3.000.000,da redam uste.Ne. Ne zasluzuvate da redam,redete vie cigli na zmijskoto ostrovo.
Од: ice
Датум: 18.03.2009 12:53:30
ke propadnat ako Vmrovcive prodolzat da go plasat i teroriziraat narodov za kogo da glasa da donese po 20 glasaci sekoj vraboten vo administracija da se slika so livceto koa ke glasa normalno deka postoi realna opasnost
Од: Vlado
Датум: 18.03.2009 13:02:58
Изборите за претседател ако пропаднат тое ке биде поради нереалните избирачки списоци и нереланиот попис кој се направи за да се заташка рамковниот договор. Треба да се прочистат списоците и да се дојде до некоја релна бројка на граѓани жители на Македонија. И дури потоа нема да има уцени и договори со партиите од Албанците
Од: KANZOSKI
Датум: 18.03.2009 13:38:26
i treba da propadnat posto na site im se licnite raboti pred se se toa samo za nekolku luge da se bogatat na smetka od narodot na republikava QORGE IVANOVmislam deka e mnogu mnogu daleko za pretsedatel a i site drugi prvo kako ke se pojavat vo stranstvo da sednat so nekoj da rucaat koga neznaat kako da jadat kako se drzi noz kako viljuska neznaat kako da se oblekuvaat nemaat vrska od nisto a najbitno e sto nemaat iskustvo vo toa samo SRGAN KERIM bese za ova ama toa e siromaviot po sdiromav bogatiot pobogat posto krade od siromaviot
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 18.03.2009 14:05:09
BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI: BEM TI DRZAVU BEZ KRALJA! Verojatnosta za BOJKOT na izborite e realna i mnogu golema. No toa i ne e tolku loso kako sto nekoi koristoljupci zastrasuvaat. Makedonija e vo politicka kriza celo vreme. Nema konsenzus i vizija za nitu edeno elementarno i vitalno nacionalno odnosno drzavno prasanje. Kubici hartija go blokiraat Sobranieto, teror so "dogovor"vrz Ustavot, sekojdneven teror vrz narodot da go promeni imeto i identitetot i t.n. Sakav Makedonija da vleze vo EU za da gi izbegne site turbulencii niz koi bese vturnata-za zal od EU i NATO. No sega po seto toa sto i go napravija na Makedonija i so ogled na toa sto Cesite go zapalija znameto na EU kako sto nekogas se samozapalil Jan Palah, nemam poveke ni takva nerealna zelba nitu namera da ja stavam Makedonija pod cizmata na NATO i vo ropstvoto na EU. No po BOJKOTOT I propaganjeto na izborite i so ogled deka pretsedatelot na Makedonija razedinuva i ne pravi i nepostignuva nisto, togas jas i formal
Од: Кичево
Датум: 18.03.2009 14:44:54
Професорката Биљана Цветкоска Ванковска е сосема во право исто како и професорот Осман Кадриу. Македонскиот народ нема мотиви да излезе на избори, тој е гладен и излажан...
Од: Daniela
Датум: 18.03.2009 14:47:36
Taka i ke bide, se slagam so gore dadenite mislena.Jas sum M-r po Evropski studii za integracija i komunikacija i gosina i polovina cekam za vrabotuvane.SRAMOTA E ZA OVAA DRZAVA nie magistrite nemame rabota a drugite gragani da umiraat.Ne e ova drzava.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 18.03.2009 15:19:47
Nishto chudno koga e dpBne na vlast,so Gruevski i bratuchedite ochekuvajte go neochekuvanoto,i bojkot ne e na odmet kaj nego.
Од: ljupco,bitola
Датум: 18.03.2009 15:33:14
Па јас веќе со месеци уназад пишувам на овој форум дека не само што е можно,туку и дека најверојатно планирано од најмрачниот ум во нашата политичка сцена. Па прво сдсм одбија да се укине цензусот во втор круг, а со кое оправдание? Нема да има легитимитет така избраниот претседател,небаре сегасниот има некаков легитимитет. Патетично. Сега кога изборите се на дофат и само неколку дена не делат од нив,се погласни се најавите за нивен бојкот во вториот круг, па отаму, одлуката да на овие избори излезат со најкатастрофалниот можен кандидат-Фрчко, станува се` појасна. Сепак, мислам дека во тоа нема да успеат, зошто народот веќе ги научил сите итроштини на држалникот и неговата бедна камарила и ќе ги осуети во намерата.
Од: blazo0870
Датум: 18.03.2009 18:43:34
samo vie sonuvajte deka ke propadnat.milom ili silom ima precedatel da bide od vmro -dpmne.vase e da se lutite i da kukate ,i mene mi bese tesko koga go izbraa crvenkovski vo 2004. ama si molcev ,bidejki taka sakal narodot,a ne kako sega odma nema demokratija ,zosto vmrovec ke bil precedatel.
Од: mogorce
Датум: 18.03.2009 19:53:25
sakam da propadnat da videme grueski st ce pravo

Најди! во Утрински
На прво место
Македонија и Србија ги поправаат односите
Почна битката за визите во Брисел