Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
29.05.2013, 17:01

Поглед

ГРОМ дочекана со потсмев во левиот табор

Даниела Трпчевска

Граѓанската опција на Македонија (ГРОМ), новата партија која од денеска ќе си го бара своето место под сонцето на политичката сцена во земјава, уште не формирана наиде на бројни реакции, цинични дофрлања и потсмев на социјалните мрежи, и тоа од страна на довчерашните сопартијци на Јакимовски.

ГРОМ, која се промовира како „партија на центарот, која ќе ги обедини и ќе ги собере на едно место хуманоста, добрината, љубовта кон земјата и ќе биде јадро на сите успешни и вредни луѓе во заедничка мисија за Македонија“ дел од граѓаните ја доживуваат како трета опција на која треба да и се даде поддршка и шанса, конечно да ја разбие полазирираната политичка сцена на десница и левица. Но, наспротив нив, постои и друг табор, кој формирањето на новата партија го дочека на нож, исфрлајќи канонада обвинувања дека лидерот на новата партија, Стевчо Јакимовски тргнал на сигурен пат да стане ДОМ 2, а дека за СДСМ е крајно време „партиската ружа да ја заменат со коприва“, оти „ГРОМ не удира во коприва“.

Додека Јакимовски на големо се подготвува да го лансира новиот политички субјект, најавувајќи дека планира на изборите да биде власт, а не опозиција, неговите довчерашни сојузници со скепса гледаат кон новите партиски сојузништва. Откако довчерашниот социјалдемократ беше исклучен од партијата, поради непочитување на препораките за бојкот на локалните избори, почна тивкото ривалство со неговите поранешни сопартијци, кое често знаеше да ескалира и со јавни препукнувања и навреди.

Тие доживеаја кулминација на социјалните мрежи, каде се коментира дека Јакимовски по неговата песна со која ја прослави победата „Не може нам нико ништа-јачи смо од судбине“, сега повторно одлучил името на неговата партија да биде инспирирано од српската естрада и песната на Цеца „Громе мој“.

Други пак со потсмев додаваат дека Јакимовски очигледно се уште тагува по поранешните сопартијци, штом партијата одлучил да ја именува по домашниот миленик на Црвенковски кучето Гром па во тој контекст предлагаат и конгресот на СДСМ, на кој ќе се избира нов лидер, да започне токму со песната „Тандерстрак“ – Грмотевица на позната група АЦ/ДЦ.


Статијата е прочитана 9335 пати.


Испрати коментар



Го знаете ли Веселко Тенжера
Абортусот е жежок костен
Македонија, Германија и европската криза
Писма - Прашања за автобусот на ЕУ
Писма - Големо благодарам за „Аџибадем - Систина“
Манифест за балканската крчма



jovan, 30.05.2013 00:38:54
Vcera jogirav pokraj kej od Vlae do Alexandar palace, i slucajno*naletav*na ogromna masa narod koj bea dojdeni na formiranjeto na novata partija na Stevce.Ne vlegov bidejki bev vo trenerki, no malku postojav na strana i*pospiunirav*, sretnav i mnogu poznanici od Vlae, Nerezi(vo taa okolina i ziveam), no i dosta narod pretezno od Karpos.Vo oci mi padna deka skoro site vraboteni od Opstinata Karpos, bea na toj sobir, no bea i dosta ADMINISTRATIVCI/budzetari/sto mi dade za pravo da se*posomnevam*deka VMRO mu ima dadeno potajna logistika.Narod imase navistina PREMNOGU, no dali dosle samoinicijativno ili po necii nalog, ke vidime spored toa kako ke se odvivaat rabotite so ovaa partija ponataka.No ako kongresot na SDSM*ne uspee*,togas na Stevco ke mu padne sekirata vo medot i ima sansi da stane faktor na politickata scena.
goce, 30.05.2013 01:49:58
izvini malo...koj bese Andrej Petrov??? sto funkcija vrsi? kolku izgubi na izborite vo Karpos?koga pocna da se raspaga cel eden politicki opozicionen blok?so zaminuvanje na koj covek???? I SEGA JAVNO PRASUVAM...KOJ TREBA DA SE SMEE? :):):):):
stole nikolovski, 30.05.2013 06:33:11
SDSM samo neka se potsmevaat, no sigurno nema da se potsmevaat koga ke vidat kolku nivni clenovi samo od opstina Karpos preagjaat vo GROM a ima i clenovi od cela Makedonija. SDSM nema strategjija kako da gi motivira svoite clenovi da ne ja naustaat partijata gledaat samo licen interes i koj ke im bide lider, a za zal site kandidati se so hipoteka kaj B.C.
В. Кратовалиев, 30.05.2013 07:40:48
Некои заборавиле за синтагмата: *Најслатко се смее, оној што последен се смее*!
Seriozna partija e GROM, 30.05.2013 07:58:30
Zosto so potsmev? GROM e seriozna partija dolgo ocekuvana i poroduvana. Na kraj ete se porodi blagodarejci na Stevceta. A i Stevce e cenet politicar vo Makedonija, na Balkanot, more i posiroiko. Site go znaat niz Evropa. Eve izbrale i partiska himna . , de onaa : Nemoze nam niko, nista , jaci smo od sudbine , mogu samo da nas mrze oni koji nas ne voleeeee!!!!Istata ce se pee pri konferencii , kongresi i slicno , vo smisla na podiganje na moralot. kaj clenstvoto. Taa e dokazana pesna za podiganje na moral uste od vremeto na vozdot Slobo, koga go vodese nebeskiot narod vo pobedi.
deutschland, 30.05.2013 08:17:52
Poveke opcii za Makedonecot sekogas se dobredojdeni a NE ili si so tie ili so drugite-treto nema!!!Eve sega imame i treta a mozebi ke dobieme i cetvrta opcija pa ke imame poveke mozni opcii kade sto bi mozele da go dademe nasiot glas!!!!
ZEMJATA, 30.05.2013 08:29:52
Eve jas ne sum clen na SDS pak so potsmev gledam na novata partija.Ovoj covek e zavisen od vlasta.Zarem mislite deka za ovoj koj smeni nekolku partii ikoj zaradi vlast e spremen na pakt i so samiot djavol nakoj ke glasa za nego? N eka ne se zalazuva so rezultastot od lokalnite izbori zatoa sto togas za nego glasaa vmr-ovcite bidejki Jagnula namenski bese kandidirana a posle pustena niz voda.
mishko, 30.05.2013 10:16:15
Ако работите на 2 јуни го добијат посакуваниот тек,според собирачите на потписи дури тогаш ГРОМ-вито ќе ги фркне молња СДСМ.Дури тогаш ќе имаме преселби по масовност далеку повеќе од тоа што jovan видел на денот на конституирањето на новата партија.Уште фали и Бучковски и работите молскавично-громовито да се одвиваат на штета на СДСМ.Но да попричекаме,па нели има уште 3 дена или 72 часа,или 4320 минутки,до ,,неделата на сите СДСМ-овски недели,,во овие над 20 год.плурализам.
ana, 30.05.2013 11:10:45
Gi citam komentariv i povtorno zlite jazici ne miruvaat -normalno e Karposani da prisustvuvaat na promocijata na GROM koja e ozbilna partija i koja ke ponudi golem broj na opcii koi navistina otsustvuvaat na denesnata politicka scena.Izgleda golem del od komentatorite vo kontekst na zajadlivite komentari za pesnite itn. postojano imaat potreba da pljukaat i da ocrnuvaat - zosto malku ne se iskomentira za ubavite cestitki i za ogromnata poddrska sto GROM jas dobi ne samo od graganite na Karpos tuka i na Makedonija.
mene, 30.05.2013 11:23:14
znaete kolku ke bide smesno koga ke se raspadne sdsm....
fix, 30.05.2013 11:48:11
SDSM treba da rascisti so Brankovizmot i da im podade raka na site otfrleni kadri (od Buckovski do Jakimovski). Samo na toj nacin ke moze da mu parira na pastirot.
CIMKALO, 30.05.2013 12:37:33
Leviot tabor si e i onaka lev, vidovme kako pominaa na izbori, znaci nivnoto mislenje i percepcija se za lokalna upotreba(na partiski levi sedenki)!
pojasnuvanje, 30.05.2013 13:06:44
I jas mislam deka vmro ima golema uloga vo ova ujdurma.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Петок
Локални грмотевици
Макс: 25°C, Мин: 12°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 12°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
Грција меѓу митовите и вистината
Грчка пратеничка жестоко нападната поради сомневање и поинакви ставови за делови од грчката историја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |