Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

МВР го потврди педофилскиот случај

Кај Кјетил се пронајдени повеќе од 300 видеозаписи и 30.000 фотографии со експлицитни полови дејства
со деца и малолетници

Тамара Грнчароска


Македонската полиција официјално го потврди педофилскиот случај на висок функционер во ОБСЕ во земјава. Против 38-годишниот Норвежанец Исане Кјетил, политички советник на амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, МВР поднесе кривична пријава за „поседување детска порнографија во компјутерски систем“, што се казнува, според македонскиот закон, со пет-осум години затвор. Педофилот од ОБСЕ моментално не се наоѓа во земјава. Тој ја напуштил Македонија на 16 мај и, според информации од ОБСЕ, се наоѓа на одмор. Оттаму не даваат информации кога Кјетил треба да се јави пак на работното место, т.е. да се врати во земјава, наведувајќи дека „ОБСЕ e договорно обврзано да ја штити приватноста на своите вработени“. „Нема да биде во ред доколку ги објави податоците за приходите, одморот, приватната адреса или некои други лични податоци на некој од своите вработени“, се наведува во одговорот од седиштето на ОБСЕ во Виена на прашањата околу Кјетил.

ОБСЕ вчера соопшти дека многу сериозно го сфаќа поднесувањето кривична пријава против нејзин вработен во Скопје и оти Организацијата ќе продолжи блиску да соработува со властите во нашата земја.

„Со почитување на правните норми и процедури на земјата-домаќин, вклучително и пресумпцијата на невиност на обвинетиот, ОБСЕ блиску ќе соработува со властите во земјата за да се расчисти случајот и да се обезбеди дека се преземени сите соодветни чекори“, се наведува во писмената реакција која пристигна од седиштето на ОБСЕ во Виена. Во реакцијата се наведува дека ОБСЕ е посветено на искоренување на детската порнографија и на сите форми на сексуална експлоатација, особено против малолетни лица.

Од МВР вчера информираа дека Кјетил ја напуштил земјата откако истрагата против него била започната, поточно бил присутен во станот кога бил извршен претресот и кога му биле одземени два лаптоп-компјутера, две куќишта на персонални компјутери, два ајпода, два надворешни хард-диска и еден џепен пи-си. Советникот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски, на прашањето дали ќе се бара од ОБСЕ одговорност за тоа што на Кјетил му било дозволено да ја напушти земјата и покрај тоа што тие биле информирани дека против него се води истрага за педофилија, рече дека МВР се надева оти во најскорен можен рок Обвинителството ќе побара поведување истрага од истражен судија, од кого ќе зависи дали во случајот ќе бидат опфатени и други лица. „Засега не можеме да говориме во името на ОБСЕ како лицето ја напуштило Македонија“, рече Котевски. Тој информираше дека МВР за проверка на оперативните информации немало потреба, проблеми или отпор за да бара симнување на дипломатскиот имунитет на Норвежанецот, кој поседувал дипломатска лична карта.

Кај Кјетил се пронајдени 150 гигабајти порнографски материјал на експлицитни полови дејства со деца и малолетници и реални, немонтирани порнографски фотографии што ги набавил и чувал на својот лаптоп во текот на 2009 и 2010 година. Кај него се пронајдени и повеќе од 300 видеозаписи со големина од 30 гигабајти, во траење од осум часа, како и повеќе од 30.000 фотографии со порнографска содржина со деца и малолетници.

Од МВР информираат дека не е откриен идентитетот на децата и засега нема индиции дека се работи за македонски државјани. Пронајдените материјали македонската полиција ќе ги стави на располагање на Интерпол за да се утврди идентитетот на децата, дали Кјетил бил дел од педофилска мрежа, но и за да може да се изврши дополнителна истрага за веб-страниците од каде што Кјетил ги симнувал педофилските материјали од Интернет во својот стан.

Македонската полиција се' уште нема распишано потерница по Кјетил преку Интерпол, бидејќи ќе се чека истражниот судија да даде налог и ќе го стори тоа ако Норвежанецот не се врати во земјава по завршувањето на неговиот одмор. Според информациите на „Утрински весник“, Кјетил се наоѓа во Норвешка.

Политичкиот советник на амбасадорот на ОБСЕ во Македонија во Скопје живеел во вонбрачна заедница со македонска државјанка, за која, по спроведениот распит, МВР утврдило дека не е вмешана во целиот случај на педофилија.


#
Статијата е прочитана 1358 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 05.06.2010 01:52:07
Ako negovite sefovi se borat i zalagaat za osuetuvanje na detskata pornografija niz svetot, toa e dobro! Mozebi diplomatot sobiral materijal za da ja obraboti temata i da predlozi megjunarodni aktivnosti za borba protiv detskata pornografija? Koj e " objektot na zastita" ? Decata vo Brazil, Rusija, Tajland? Komu sakal da gi distribuira? Ili samo gi gledal pa razmisluval "kade otide svetov" Za mene diplomatot seuste e nevin, no ne sum siguren za drugi institucii od Brazil,Rusija i Tajland! Sigurno ima nekoi "skrieni" motivi vo toa sto distribuirale takvi sodrzini! Nasite organi sigurno ne se involvirani vo politicki perverzni igri!
Од: bato
Датум: 05.06.2010 06:20:39
Samo se nadevam da ne se sluci istoto scenario kako i so oficerot koj najblago kazano go sotre celoto semejstvo na mMakedonskiot minister vo soonracajnata nezgoda ,i zamina na lekuvanje oti bil pod stres.Kaznite se mnogu blagi i ne deluvaat preventivno,a ako se vadat na mentalni problemi i rastrojstva,vo red togas vo izolacija so takvite na nekolku decenii.Na takvite ne im e mesto pomegjuostanatiot svet...
Од: В. Кратовалиев
Датум: 05.06.2010 06:40:53
Сега на проба се умните и чесни глави /за такви ни се претставуваат/ од "меѓународниот фактор". Ке имаат ли, како и досега двоен аршин во ваквите случаи, или пак ке го почитуваат она, за кое се залагаат. Да се потсетиме на нивното однесување при убиството на министер од Владата на РМ, кога во сообраќајката загина скоро целото негово семејство.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Улична демократија
Ќе пеат и ќе го бранат името
На Македонија и останаа истите обврски за ЕУ