Со реден број 14 (последна позиција), македонската претставничка Ања Ветерова ќе настапи вечерва во финалето на „Јуниорскиот Евросонг“ што се одржува во Минск, Белорусија. Ветерова ќе ја пее песната „Еоо, еоо“, а директен пренос од финалната вечер ќе врши МТВ, на својата Прва програма во 20,15 часот.
Ања веќе неколку дена се наоѓа во Минск каде што заедно со своите танчари и гитарист - Деа, Филипа, Георги, Доријан и Матија се подготвува за главниот настап. Таа учествуваше и во снимањето на песната за УНИЦЕФ, која на фестивалот ќе ја исполнат сите деца заедно со популарниот Колдун, а во меѓувреме даде и повеќе интервјуа.
Здраво. Многу среќа на натпреварот и се најубаво. Песничката е лесна и певлива, добро звучи и мислам дека Ања многу добро ќе ја претстави нашата земја, како што тоа го направи во Италија на фестивалот Златна паричка. Нејзината песничка „Како змај„ (на италијански Коме ун акуилоне) верувам дека е дури и поубава од Еоо, поради текстот, поради ведрината и убавите звуци. Многу среќа! Такви докажани амбасадори како Ања ни требаат
Од: Simche
Датум: 21.11.2010 00:20:41
Поарно да им ги поделат паричките на децава не што ги м`кнат на толкави патишта за бадијала. Па зарем учествува некоја земја таму освен бившите руски земји. Едни на други си се радуваат колку научиле англиски, ем си пејат на англиски пусти руси. Толку им беше забрането да се сопне Америка, ако видеа фармерки се онесвестуваа. Секоја чест, ама јас па гледам по ју тјуб, американциве на пример се изумрени по стари воени руски песни... Читајте ги коментарите. Сеедно оваа детскава Евровизија е чиста „аби пари“ екскурзија.
Од: Komentator
Датум: 21.11.2010 13:19:16
Ednas i jas da kazam nesto ubavo za nasite predstavnici na Evrovizija...ne e za da se falime...ama pesnata e bonbona...i kako prekrasen tekst taka i pevlivosta a i Anja e srce....Cel den moite vnuci ja pustaat i veruvajte prva nivna muzika za koj ne rekov aman deca dosta e...So sreka milo dete ..so tebe sme site.....!!
Од: Keti
Датум: 21.11.2010 13:25:44
Кога ќе научиме дека треба да се прати песна како што треба и на едната и на другата Евровизија. Се срам до срам. Па видовте ли како ги облекоа децата!!! Коментаторов може да е чичко и на девојчето кога виолку ја следи. Нека каже дали вака бедни сме биле и на другите избори?