Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Хотелиерството и нафтата

Билјана Ангеловска

Каква врска има нафтата со хотелиерството? Само навидум никаква. Оти, врската е во земјата! Директорот на Дирекцијата за нафта, Марјан Јованов, завчера стана газда на атрактивно земјиште во Скопје. На плацот под Кале, со површина од 8.700 квадратни метри, кој ќе го плати по 40 евра за квадрат, тој ќе гради хотел. Јованов земјиштето си го купи најлегално, транспарентно на јавна лицитација, на која покрај него учествувале уште неколкумина други лицитанти.

Колку била сериозна неговата намера да го купи плацот може да се заклучи од тоа дека меѓу учесниците на лицитацијата бил и неговиот брат, кој, како што рекоа останатите пријавени, сепак, одлучил да не лицитира откако констатирал дека има доволно учесници за да се одржи наддавањето.

Последната лицитација беше една од реткит�� на која имаше повеќе од двајца заинтересирани учесници. За разлика од досегашните на кои лицитираа само двајца лицитанти, од кои едниот фиктивен. Наддавањата што се одржуваа во изминатиот период беа во знакот на роднинските врски, учествуваа еден спроти друг, татко и син.

Продажбата на државното земјиште во Македонија очигледно се соочува со голем проблем. И тоа системски, а не индивидуален, зaшто законот не ја забранува практиката татко и син или двајца браќа да учествуваат на една лицитација. Ако не е така, тогаш земјиштето ќе достигне вртоглава цена, како што беше случајот со парцелата спроти Соборниот храм што се продаде за 3.000 евра квадрат. А, на последните две наддавања, на кои имаше повеќе учесници, цената на земјиштето достигна едвај 40-ина евра за квадратен метар. Всушност, сега почетната цена е сведена на само едно евро, додека за плацот спроти црквата беше 200 евра. И за тоа е „виновен“ законот, оти одреди цената за земјиштето за хотели да чини едно евро!

После нека убедува државата дека без скриени намери одлучи да ја понуди земјата по едно евро за квадрат. Да, секој има право за свои пари да купува што сака, па дури и земја. Но, сепак, владин функционер, колку и да е „зафатен од дедо и прадедо“, не е баш најјасно како ќе успее да искешира 350.000 евра само за земјиштето. А, всушност, отпосле се големите пари за проекти, за градење, опремување...

Колку и да беше транспарентна завчерашната лицитација, сепак, не може да се занемари впечатокот дека нешто не штима. Или, можеби е многу добро наштимано. Очигледно не е поентата само да се продаде земјата. Лесно е да се продаде, па и да се купи евтина земја. Уште полесно е да се гради кога се има пари. Но, работата е навистина да се изградат хотели, а тоа што ќе се изгради да биде квалитетно, па и репрезентативно. Последните продажби не ветуваат такво нешто.

Јованов нема никаква врска со хотелиерството. Човекот што ја пофали државата дека инвестира во економските зони, па таму веќе не шетаат шарени крави, од местото директор на Дирекцијата за слободни економски зони, дојде на чело на Дирекцијата за нафта. Ниту едната ниту другата функција немаат никакви допирни точки со хотелиерството. Ама затоа му носат на човека пријателства, контакти со вистинските луѓе. Му пречат ли на Јованов кравите на ливадата крај Вардар, па реши да ги тргне и оттаму и да изгради хотел?

На Скопје му се потребни хотели. Но, не какви било, туку брендирани објекти со кои нема да се срами. Тоа значи хотелот да го гради и со него да стопанисува некој што навистина се занимава со таа професија. Зашто, хотелиерството не е и не може да биде хоби. Тоа е, сепак, струка за која, освен парите, потребни се и знаење и искуство. А, Јованов не е хотелиер. Оттаму, останува неодговорено прашањето каква е вистинската намера на државата. Се покажа дека со евтината продажба на земјиштето неговата крајна вредност е значително под реалната цена. Тогаш, каде е ќарот на државата? Во дилот со купувачот? А, што ќе добијат граѓаните? Можеби, Јованов, сепак, ќе донесе некој хотелски бренд. Ќе видиме.


#
Статијата е прочитана 1296 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 17.11.2010 14:56:23
Многу добро е познато дека нафташите,градат најубави и најлуксузни хотели.
Од: Kalimero
Датум: 17.11.2010 17:38:32
Sramota e ovaa sto se slucuva vo Makedonija. Narodot nema sto da jade, seu guse vo siromastija dodeka vladinite direktorcinja bez da im trepne oko kupuvaat zemjiste za 350.000 evra. Od kade gi zaraboti tie ogromni bogatstva prva rabota. Kako vtoro koj ke go gradi toj famozen hotel ili posle ke bide preimenuvana markicata vo bog te pita sto. I kako treto dodeka ovaa go ima vo Makedonija i site go prifakame kako normalno, nikogas nema da ne bide kako drzava. Samo ke postoeme za da se bogatat odredeni moknici
Од: Tajni busotini
Датум: 17.11.2010 21:58:39
G-djo Biljana . Kako toa da ne ste informirani. Otkako postana direktor na Direkcijata za nafta , g-dinot Marjan udri na silno" dupcenje" i pronaodjanje na vnosni nafteni izvori. Istite davaat po ogromen broj bareli nafta i se razbira deka nosat profit i za Jovanov i za drzavata. Samo tie " busotini" se cuvaat vo tajnost i iskljucivo se nameneti za koristenje na ludje od vlasta. Pa Makedonija " pliva " na nafta . Nie vo pogled na naftata sme kako Kuvajt ili Katar

Најди! во Утрински
Едиторијал
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region