Број 3667  сабота, 27 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Македонија

Патриотите кришум купуваат вили во Грција

На големо се зборува дека познат бизнисмен и градоначалник купил вила во Платамона за повеќе од 400.000 евра

Соња Маџовска
Сања Наумовска




Луксузна вила од 175 квадратни метри на три ката во Сани Бич чини 540.000 евра. Со двор од 1.000 квадрати и сопствен базен, ова е најатрактивен недвижен имот, за кој летово се интересирале македонските богаташи, а во својата понуда ја има една од скопските агенции за недвижен имот. Нашите граѓани најмногу прашуваат за купување вили и апартмани на Халкидики. Од туристичките места, најинтересни се Ханиоти, Пефкохори, а под Олимп во Платамона.

Веќе на големо се шпекулира кој од македонските богаташи се подновил со вила, апартман или со земјиште во Грција. Се зборува за познат бизнисмен и еден градоначалник кој купил вила во Платамона за повеќе од 400.000 евра. За еден од поранешните градоначалници одамна се знае дека има свој апартман во Пефкохори, а се слуша и дека други македонски бизнисмени, но и адвокати купиле градежно земјиште на кое самите ќе градат. Така е и поевтино. Квадрат неизградено земјиште во внатрешноста на Грција познавачите велат дека може да се најде од 10 евра, па нагоре, а до 500 евра на море. Но, кога се во прашање луксузните вили, цените се многу повисоки тие се движат до 2.000 евра за квадрат, барем во оние туристички места за кои најмногу се интересираат Македонците.

„Односите меѓу Македонија и Грција, но и ефектите од кризата создаваат засега неизвесност. Но, Грците очекуваат вистинска наезда од македонски и од српски купувачи на нивните вили, апартмани и земјиште доколку се смират состојбите и на економски и на полити��ки план“, вели еден наш бизнисмен и добар познавач на состојбите кај јужниот сосед. Според него, не само богаташите, во скоро време и Македонците од средната класа ќе можат да најдат нешто за својот џеб во Грција.

А и нашите агенциите за недвижен имот летово не спиеле. Поради интересот на нашите купувачи, сезоната ја искористиле да стапат во контакт со своите колеги во Грција. Во нивната понуда веќе има поголем број атрактивни вили, односно апартмани што ги нудат. Цените се движат околу 2.000 евра за квадратен метар во зависност од локацијата.

Иако летото изминува, главен проблем е тоа што ниту грчките агенции се' уште не ја знаат постапката на каков начин странски државјани ќе можат да се стекнат со имот. Засега, велат од агентите, само ги прибираат понудите од грчките агенции и им ги презентираат на нашите заинтересирани купувачи.

Најинтересни за купувачите, покрај вилата на Сани Бич, биле два апартмана во Ханиоти. Со базен пред вилата и во непосредна близина на плажата, помалиот апартман од 45 квадрати се продава за 90.000 евра, а поголемиот од 60 квадратни метри чини 110.000 евра. Во Пефкохори, апартман на прв кат, со три спални, на површина од 90 квадрати се продава за 164.000 евра. Во Геракини апартман од 70 квадратни метри чини 120.000 евра.

Во почетокот на септември, велат во агенциите, очекуваат да ги добијат грчките правилници за правната постапка за купување надвижен имот. Со тоа ќе се обезбеди сигурност за сите заинтересирани, и за купувачите и за продавачите на имоти. Заинтересираноста на нашите граѓани за купување имот кај јужниот сосед ги поттикнала и грчките агенти да ја посетат нашата земја. Се очекува тие деновиве да ја збогатат понудата на нашите агенции со уште повеќе вили и апартмани покрај море. Овој пат очекуваат во агенциите да има поширока понуда и на помали и поевтини апартмани покрај море.

Со последните измени донесени пред неколку месеци во Грција, сопственици на недвижен имот можат да бидат и граѓани на соседни земји кои не се членки на ЕУ, но само во пограничните региони. Сепак, во случајот меѓу Македонија и Грција, во домашните агенции, кои се подготвени да посредуваат во купопродажбите, очекуваат проблеми поради непризнавањето на македонскиот пасош кога ќе треба да се официјализира имотот во грчкиот катастар.


#
Статијата е прочитана 7163 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 27.08.2011 00:06:31
Аферим, а власта троши трет мандат изигрувајќи „заштитник“ на нацијата од Грците. Кога веќе ги вака трошат „своите“ пари, што не ги вложат во економијата на својата земја, како вистински патриоти? ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Кирил
Датум: 27.08.2011 00:45:33
Познат бизнисмен и еден градоначалник се две личности и тие не можат да купат вила туку вили. Еве што сте напишале: Се зборува за познат бизнисмен и еден градоначалник кој купил вила во Платамона за повеќе од 400.000 евра. Колку понеписмени можете да бидете?
Од: јас
Датум: 27.08.2011 01:08:56
ooo Кириле неписмен... Ајмо по Вуку....."На големо се зборува дека познат бизнисмен и градоначалник купил вила во Платамона за повеќе од 400.000 евра" Ти да не сакаше да ти напишат В. Тодоровиќ?
Од: Од отоде Групчин до Лариса
Датум: 27.08.2011 01:13:50
Лекајте малку луше, та тие купиле вили во МАКЕДОНИЈА. Прашање е какви тапии имаат овие вили и дали нема да излезе декасе всушност сопственост на некој наш Македонец Егеец кој што има поднесено барање да му бидат вратени!?
Од: USA
Датум: 27.08.2011 02:28:23
Zosto koga grci kupuvaat vo Makedonija, tie se stranski investitori. Koga nie kupuvame vo grcija, toa ne e reciprocno??? Do ludjeto li e ili do vesnikot (napisot)??
Од: Goran Bitola
Датум: 27.08.2011 03:11:26
Kupuvanjeto vili vo Grcija e strateski poteg od neprocenlivo znacenje za Makedonija. Nabrzo na sekoj takov posed ce bidat postaveni spomenici so koj ce se dokaze makedonskiot anticki karakter na Grcija!
Од: meri
Датум: 27.08.2011 03:16:35
bruka!!!!!!
Од: zograf
Датум: 27.08.2011 04:53:36
I ove se e tajno? Ha, pa cel svet go znae do sega, a sto e cudno za luge so pari? Toa e nijna motivacija. Parite. Nema da platat taksa, ke kupat vilaeti. Samo istite po ista cena ke vlezat vo Makedonija i ke ja pogrcat. Pazejte se. Ova e nekoj trik. Taka se vlexuva tamo deka ne si dobro dojden. So pari.
Од: OJ
Датум: 27.08.2011 05:24:59
A da se vratevte malku nazadedno 20-30 godini i da napravivte kako se menuva demografskata karta vo Kosovo i MK... i potoa da si ja cuknete glavata i da recete e taka se dobivaat prava itn itn...jas ziveam i rabotam vo US, Slednoto leto ne na more- ke kupam kukja vo Lerin...E pa eden od pet pecalbari ako go napravi istoto znaete sto sledi ponatamu...Albancite si go kupija kosovo od Srbite...taka treba i nie da napravime...
Од: Zvonko
Датум: 27.08.2011 05:33:20
navistina ima nespismeni komentatori,toj Kiril razbral deka se rabotyi za dve lica pa saka da mu pisuvaat vo mnozina,a onoj od Grupcin i Larisa pa nagagja deka Egejci prodavale vraten imot sto go poseduvale.A be kaj imale Egejcite vili so bazeni ili imoti pokraj more,ziveele po selata po planinite,a Leptokarija i Halkidiki bea pustelija se dodeka makedoncite i Srbite ne pocnaa da odat na odmor i da ostavaat milioni DM,pa sega istoto Grcite uste ednas go prodavcaat za teski milioni.Vo Florida pokraj plaza mozes da kupis super apartman do 120 m2 za 150.000 $,ama Grk si e grk znae da izmolze do krv,a ima i kogo.
Од: makedonec
Датум: 27.08.2011 05:52:15
grcite gi prodavaat imotite sto im pripagaat na makedoncit sto bea proterani 1948 ....
Од: dragica lapajkoska
Датум: 27.08.2011 06:30:39
Ako kazuvate,odete do kraj.sto sakate so toa da pokazete,kukavichlok. Zosto ne go spomnte Saso Mijalkov ,bratucedot na nasiot:sakan"Nikola Gruevski,mafijasi,prva klasa. Toa se nasite "patrioti"koi ja unistuvaat Makedonija. Sram i aram da im e Samo ne znam zosto nasite Makedonci se zanesle ili potocno se hipnotizirale od "naseto"oremierce koe nema gram vo glavata. Makedonci,"na zdravje neka vi e"koga ste zaneseni od eden idiot kako sto e Gruevski,potocno toj e poltron na bratuced mu Saso,nasiot"makedonski kum"
Од: Трпе
Датум: 27.08.2011 07:26:13
Се што кажуват и прават лажните патриоти треба да се гледа од опачината.Кај нив има само испревртени приказни.Вистината е тоа што нивно гласачко тело се тие со обоени очила и овие кои информаци добиват пред селското гранапче.Сега ке кажуват дека планират да одат по стапките на Ацо Бабачкиот и дека ова им е еден план како да го освојуват егејскиот дел од Македонија.Зарем вчера во Вест не видовте дека и Силванева Бонева била во освојување на северна Грција.Не бре тие се против јужниот сосед многу го м��азат.А премиерот е голем непријател на Окта.Грчиштава сакале име да ни менуват а ние ке ги окупираме.Источниот сосед не признава македонци ама ние со нивни пасоши ги окупираме.Големи борци сме нема што,само за личен интерес.
Од: remi
Датум: 27.08.2011 07:27:34
Kupuvaat vo stranstvo za da gi izbegnat porezite,,,i drugite davaçki vo zemjata i da gi prikrijat nivnite valkani pari,,,,Da e toj edinstveniot,ami kolku gi ima???!!!
Од: Lili
Датум: 27.08.2011 07:33:57
Monako e mnogu poskapo od Halkidiki i Platamona. Tamu ima stan Mijalkov i tamu letuval bratuced mu Grujo.
Од: jimmy1
Датум: 27.08.2011 08:47:35
A kolku imaat kupeno vo Tatarija, objavete za da znaeme kade patriotite gi vlozuvaat nasite prisvoeni pari. Ako recam ukradeni mozebi ke gi navredam, ha ha ha.
Од: Od fakelaki
Датум: 27.08.2011 08:58:40
Rekla kazala a ni edno ime nema prezentirano komunjarska prepaganda..............
Од: Еденчовек
Датум: 27.08.2011 09:02:24
Мајче ќерки на татко Соња Маџовска Сања Наумовска,ами нели гледате што пишувате бре ,така ли во школо ве учеа да пишувате со ребуси,ами овој народ што од ова сето разбра?купил куќа еден втор трет,ами тие луѓе мајче нели имаат имиња ?и ако го напишеш ти имету ќерко мислиш дека нему пак ќе му биде гајле дека си го ставила на првата страница па тој од Грујо ќерко има дозвола не од народот или пак од тебе ќерко,лелелелелелелелее мајчеееееееее ама ова е дибидус бре неписмено покажано. Има во Грција и за поевтини пари да купиш куќа,немора да биде со базен ,прво купи земја со куќа после ископај базен поефтино зошто пак да даваш толку пари 450 000 евра кој е тој пак македонец во правдина што има толку пари?тој мора да е криминалец. Ајде Господ нека е со вас и нека е среќен празноков утре на сите православни народи лелелеле мајче
Од: operiran
Датум: 27.08.2011 09:20:46
ej Kirilo kumot ti go zgresil imeto . kako ne se sramis da kines ZELENI
Од: jas
Датум: 27.08.2011 09:50:12
Daj boze site da kupime i toa da ni pretstavuva cel i strategija ! I sto e loso da kupis nesto !
Од: Istocna Makedonija
Датум: 27.08.2011 10:36:05
Ma koi patrioti?!Cukaci v gradi,urlaat kolku ja sakaat Makedonija,a na sekoj cekor ja izdavaat.Letuvaat i ku- puvaat kaj onie koi ne go priznavaat nasiot identitet i kaj onie koi ne go priznavaat makedonskiot jazik-naci- ja.Duri i zemaat dravjanstvo na ovie vtorite.Seto ova go pravat so somnitelni pari.Patriotite odamna umrea!
Од: abdula-turk
Датум: 27.08.2011 10:49:08
nee sporno da meked.biznismeni imaat kupuvano vili vo sosedna Grcija pod loji usöovi? Toa e mnogu lesno da se doznae.Makedonski drzavjanin e tesko da kupi imot vo grcija bidejki RM nee clen na EU(poradi toa e mnogu tesko da poseduva imot) no ako e kupuvacot od tn"Egejskiot del" na makedonija koj posle tolku politicki nastani na teritorijata na bivsa jug.se opredelil da se zdobie so grcko drzavjanstvo,sto(na naseto MNR)nee izvesten za toa moze da ima dvojno drzavjanstvo vo toj slucaj moze da poseduva vila vo grcija.naj olesnitelna pozicija e ako kupuvacot ima Bugarsko drzavjanstvo,bidejki Bugarija e vo EU maze kako i sekoj drzavjanin na Grcija da poseduva imot vo Grcija no vo tretiot slucaj Grcija e dolzna da Bugarskite vlasti bidaat informirani za kolicinata na parite i potekloto na parite kade kupuvacot i prodavacot zakonski se dolzni toa da go storaat bidejki podlezaat na danok.Vo ovoj slucaj za makedoncato se uste vazi parolata "deka siromaviot covek e ziv gavol"
Од: bezanec
Датум: 27.08.2011 11:10:57
Бидејки со грција немаме билетерални договори за повраќање на криминалците,на сигурно си ги употребуваат украдените пари,така кога македончето се уште спие или е толку неук и завидлив што сака нека прави грујо.
Од: Mark
Датум: 27.08.2011 11:21:10
Mirjana Najcevska vi kaza,surovo tocno-NEMA POSUTRACKI NAROD OD MAKEDONSKIOT!! Ke ve napumpaat so "patriotizam" sega na 8-mi, Ace, Karolina, ognomet, a na 9-ti TIE NA HALKIDIKI A VIE VO VASATA MIZERIJA!
Од: dzambaz
Датум: 27.08.2011 11:25:00
Sto narod ke sme.Sto ako kupuvaat.I treba da kupuvaat.A tie sto pravat kaj nas.So sto ke se trampame posle?!A!
Од: Caci
Датум: 27.08.2011 12:15:05
Najlogicno e deka nese tolku glupi da kupuvaat tolku blisku, parite se izneseni i vlozeni vekje kako sto spomna nekoj vo mondenskite mesta Monako,Florida,Spanija i sl.(Polska) tamu se i pod posebni uslovi bez danoci i sl. ne se zamarajte site so komentari, pametni se tie sto go opljackaa narodot koj denes ima samo za edno golo lepce dodeka tie imaat i za pravnucite koi tek treba da se stvaraat sramota i greota kaj ke im odi dusata,ama kriv si e i narodot e sega neka dzabe se pisuva se se znae a nikoj ne prevzema nisto-zosto? kucot si e bas tamu kaj niv i nema koj da istrazuva,a i se e kamuflirano taka da se e dzabe-kucinjata laat a karvanot si vrvi, prokleti se takvi pari koga togas ke gi stigne
Од: Zare
Датум: 27.08.2011 12:42:20
А зашто е толку лошо да се купува имот во Егејска Македонија?Зар да бегаме од нашето?Зар албанците да бегаа од МК ќе ги имаше во олкав број?Размислете...
Од: Zacuden
Датум: 27.08.2011 12:45:19
Никако да разберам зошто е ставен малициозен наслов „Патриоти купуваат...“ 1. Дали е забрането е да се купува? 2. Дали е тоа е против интересите на Македонија? 3. Дали сакате да кажете дека ВМРО-ци купуваат? 4. Дали е попатриотски да им продадеме уште нешто на Грците покрај Пивара, Цементара, текстилот, ОКТА што го правеле претходни фаци
Од: азилант
Датум: 27.08.2011 13:56:59
neka mi go vratat na dedomi imotot, posle ke kupuvam... odyemeni mu se 5-6 kuki, gradežen plac od 2 miliona evra i zemjodelsko emjište
Од: Реалист
Датум: 27.08.2011 14:04:23
За тие што "зачудено" се прашуваат што имало лошо во тоа да купуваш имот во Егејска Македонија: Ако ГРУЕВСКИ лани рече дека тие што одат на одмор во Грција и трошат пари таму се предавници, наградно прашање е што се оние што не само одат таму и трошат пари туку ��упуваат и куќи за дебел профит на Грците. За портокалите: Вашиот пастир го рече ова, не јас.
Од: Jован АН
Датум: 27.08.2011 14:20:04
Насловот на текстот е катастрофално тенденциозен и провокативен.Камо среќа да имаме богати луѓе кои ќе купат не само вили и апартмани,туку да можат да купат и пристаништа,аеродроми и острови.Кому ќе му пречи македонски имот во јужнава?На Македонија сигурно - не!
Од: zoki aerodrom
Датум: 27.08.2011 16:10:27
Vo Makedonija ne postoi sredna klasa . Taka da nema da mozat da si najdat nisto sto ke bide dostapno za nivniot dzeb.
Од: aleks
Датум: 27.08.2011 17:47:27
ke gi zamolam gasterbajterite koi veke se otkazale od svojata drzava da ne si zimaat tolku za sloboda da komentiraat se i sesto pritoa zaboravaat deka veke ne ziveat vo rodnata zemja tutku svitkale opas i kukavicki ja napustile a za ova so stanovite toa e gola voda bankarskite smetki se mnogu pogolemi licno jas ne pravam nikakva razlika megju ovie i SDSM duri spored mene ovie poveke kradat zatoa sto ima mnogu poveke za kradenje buckovski imase 900 milioni bujet a ovie imaat 2 i pol miliardi napravija nekoe spomenice drugo se znae kade ke odi.
Од: Simonis
Датум: 27.08.2011 19:04:31
По традиција, македонското новинарство е скарано со топонимите, и покрај тоа што имаат сега и Гугл-Ртх. Во Грција нема ниедно село што се вика „Платамона“. Ај проверете. Нема ни во Холандија буква ш таму кадетшо стојат s и h едно до друго. И по сите Скопски улици не смее да има патоказ на англиски на којшто Атина е крстена „Athena“ -ама да се изнасмееш. Си чуле нешто не дочуле од српските весници и ај тупни го глупите македонци нека читаат. За домашно добро би било да се научат топонимите, па макар биле и грчки, особено па што таму нема скоро Македонец којшто не бил. И тоа не е страмота да не го знае некој името на селото ама ако новивнар не го знае е тогаш е резил.
Од: afganistan
Датум: 27.08.2011 21:49:06
Do zacuden .Abe ti ne si zacuden ti si zbunet pa neznaes koj gi prodade spomenatite firmi na grcite i koj deneska debelo odrabotuva za grcite.
Од: niki kumanovo
Датум: 27.08.2011 23:27:15
a be koj mu interesira za narodot neli gledata deka e samo shantaza, llazhen patriotizam, ushte malce deka gruevski mozhebi qe kupuva nekoj kuqa a neshte vo grcija, tie so llazhen patriotizam sakat da bidat vo vllast, neli gledate ova
Од: до ЈованАН
Датум: 28.08.2011 00:21:57
ЕЕЕЕЕЕЕЕЈоване Јоване ,зарем си се прашал од каде ,кога и како ги спечалиле тие пари ,од каде му се ,зарем толку лесно се печалат ие пари. Јас би рекол вака????? Ако си ги спечалиле чесно со срека нека му биде и уште да му придаде Господ ,а пак ако се грабани т.е.крадени од народот Тогаш Аир да не видат ни во куки ни во вили се јабана да му оди
Од: zagoridividi
Датум: 28.08.2011 01:01:09
не е проблем што купиле... или е ,ама нешто друго е позади ова... гарант името е договорено,или го знаат исходот .....инаку кој е глуп да вложи во Грција,а утре да не може да помине на граница...остајте тоа патриоти вакви онакви...ќе ја купувале Егејска Македонија вила по вила,плац по плац..да била наша!...и уште и споменици во дворови ќе ставале...!тие името на државава [своја]не смеат на граница да го гукнат,и по цела грчка се кажуваат дека се срби и ли пак од Југа...а не пак политики да водат!.ма немојте Ви се моЉам... очи нека вадат слепи нека одат...викаше баба ми и доживеа стота.
Од: Виктор
Датум: 28.08.2011 02:55:18
Кога го читам написов и коментариве, ми текнува на еден генијален скеч на К-15, кога Тошо со девојка му оди во Грција и на крај и вели: „Маче, Грк мо’еш да зае**ш само со достојанство.“

Најди! во Утрински
Македонија
Летото - период на културни настани
Пописот да се одложи до јули
Пораст на индустриjaта за 5,5 отсто
Легализација на терасите за едно евро
Во Берово ручек за 10.000 гости

"""