Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Македонија не смее да го изгуби чекорот за НАТО

Дали воопшто постои алтернативен концепт за иднината без НАТО, прашува Црвенковски

Светлана Унковска

На прославата на 16. роденден на Армијата на Република Македонија (АРМ) претседателот и врховен командант Бранко Црвенковски, во обраќањето на свеченоста, испрати јасна порака дека Македонија мора да го фати чекорот со другите земји на Балканот кои се пред вратите на НАТО, затоа што за нашава земја е опасно да остане надвор од евроинтегративните процеси на подолг рок.

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, во говорот пред присутните, пак, рече дека очекува наредната година, кога ќе бидат одбележани 60 години од постоењето на НАТО, Македонија да слави заедно со Алијансата како нејзин рамноправен член.

Црвенковски истакна дека регионов започна да се движи во насока на приближување и интегрирање во евроатлантските структури, па затоа Македонија ќе мора и натаму да покажува голема иницијативност и учество во проектите со регионално значење и да промовира соработка со земјите од нашето опкружување.

Иако спорот што го наметна Грција како пречка во нашето зачленување во Алијансата на Самитот во Букурешт е нелегитимен и непринципиелен, рече Црвенковски, тој мора да биде решен.

"Овој факт пред нас го наметнува прашањето какви се перспективите на Македонија ако остане подолг период надвор од евроатлантските интеграции и дали воопшто постои алтернативен концепт за иднината на земјата. Притоа е погрешно и опасно за нашата иднина ако некој мисли дека е можно да останеме подолг период надвор од евроатлантските интегративни процеси", рече Црвенковски.

Честитајќи им го денот на припадниците на македонската војска, министерот за одбрана, Коњановски, ја потврди определбата и подготвеноста на Армијата да биде дел од Северноатлантската алијанса, што се потврди со учеството во многу мировни мисии.

На одбележувањето на Денот на АРМ им беше оддадена почит и на загинатите македонски војници, како и на единаесеттемина мировници кои во јануари годинава, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна, ги загубија животите во хеликоптерска несреќа.

На церемонијата што се одржа пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ присуствуваа претставници на државно-владиниот врв, поранешниот претседател Киро Глигоров, претставници на НАТО, на верските заедници, како и ексминистерот за одбрана Лазар Еленовски.

Премиерот Груевски не дојде на свеченоста во Министерството за одбрана, но им испрати честитка на припадниците на АРМ, во која рече дека армиските реформи се заокружени и дека се исполнети сите критериуми за членство во НАТО.

"Без разлика на политичките препреки со кои се соочува Македонија на патот за добивање покана, остануваме целосно фокусирани на нашата определба за пристапување во НАТО", рече Груевски во честитката.

На вчерашната свеченост со посебни укази беа унапредени генерали на АРМ и објавени пензионирања на воени генерали. Претходно висока воена и државна делегација положи венци и свежи цвеќиња на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на генерал Михајло Апостолски и на партизанските гробишта во Бутел.


Статијата е прочитана 1123 пати.

Испрати коментар

Од: Ј.К
Датум: 19.08.2008 00:47:55
Не верувам дека во догледно време ќе се случи влез во НАТО ,кога имавме таква шанса и ја изгубивме сега допрва треба да изодиме уште повторно многу пат до таму.
Од: Mihajlov
Датум: 19.08.2008 00:55:10
Gruevski izgleda deka nema interes Makedonija da vleze vo EU. Neznam dali go pravi toa, bidejkji ne e svesen kolku e lesno Makedonija da se raspadne ili pak kako shto se zboruva, raboti za srpski interesi, ne beshe sigurno sluchajno soventinik na nekoj si minister vo Srbija.
Од: atanas
Датум: 19.08.2008 02:54:05
Taka e J.K potpolno se soglasuvam so vas.SDSM napravija se za vlez vo NATO osven sto ne uspeeja da go smenat naseto ime po vtor pat posle banalnoto FYROM.Svestete se lugje.Vprocem i NATO e eden voen sojuz koj koga togas ke se rasturi.Sto se sluci so Varshavskiot Pakt?Dokolku i NATO nekogas se rasturi a nie go smenime imeto-STETATA BI BILA NEPODNOSLIVO GOLEMA!Zatoa ne treba brzanje.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 19.08.2008 05:48:48
100% vleguvame vo NATO i toa vo najskoro vreme. So eden mal isklucok. SDSM i privrzanicite nema da go priznaat toa, zatoa sto takvoto nesto da ima polnovazna uloga, treba tie da dadat blagoslov ako se na vlast slednite 222 godini i podmiteni od Grcite so 4 milioni evra, pod uslov imeto na zemjata da bide Republika Skopje- Dardanija
Од: Todor Mihajlov
Датум: 19.08.2008 07:44:50
Apostolski i partizanite se borele za nekoja si Sovetska Balkanska Federacija, a ne za Makedonija. Dali kje dojde denot koga kje raschisteme so nasheto minato, pa mozhebi nema da imame togash problemi i so nashite komshii.
Од: девичанецот
Датум: 19.08.2008 08:36:47
А НАТО чекори ли чекори.. Од бомбардирање на СРЈ, па бркање на терористи во Пакистан и Авганистан, па насилно симнување и стрелање на Садам Хусеин, Па хашки трибунал, па Грузија, Украина... Е на сите тие, многу им го подобри животот. И им донесе демократски вредности, како што милува да каже Лазе Еленовски. А тек ние кога ќе влеземе...само мед и млеко..
Од: boro
Датум: 19.08.2008 08:54:04
da postoi koncept..."nesvrstanih zemalja" "samoupravljanje" ... zar ste zaboravile sto ucevte vo skolo

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
СДСМ дебатира за лидер, но Црвенковски веќе ја зеде палката
Verbatim
Добри и лоши момци

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.