Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

Ни полицијата не помогна да проработи Шеќераната

Судирот меѓу штрајкувачите и сезонците заврши само на туркања, навреди и закани

БИТОЛА - Ниту судското извршно решение не помогна сезонците од битолската Шеќерана да влезат во фабриката и да продолжи производството. Безуспешна беше вчерашната попладневна полициска асистенција. Сезонците и штрајкбрехерите и натаму се надвор од капиите. Судирот меѓу штрајкувачите и сезонците заврши само на туркања, навреди и закани. Подебелиот крај го извлече еден од обезбедувањето на фабриката, кој како што раскажуваат вработени в гуша бил фатен од нивен револтиран колега.

„Се проба со помош на судски извршител да влезат вработените од РУД во фабриката. Но, влезот беше безуспешен, бидејќи и штрајкувачите влегоа со нас. Дојде до мал конфликт, туркање кој да влезе во халата за производство на шеќер. Но, запре дотаму, се замеша и полицијата. Не дојде до поголема кавга, имаше судир само меѓу штрајкувач и обезбедувањето на фабриката“, вели Круме Вељанов, штрајкбрехер во Шеќераната, кој со стотина свои колеги повторно беше под сенките наспроти фабричкиот двор. Тие велат дека внатре, заедно со штрајкувачите, немаат услови за работа.

Вчерашниот упад следуваше откако судот донел привремена мерка да се продолжи со производство се' додека не се донесе конечна судска пресуда околу спорот за легитимноста на штрајкот на вработените.

„Адвокатот што не' застапува и нас и фирмата РУД, преку која се ангажирани сезонците, не' информира дека добил судска пресуда со која е усвоена привремената мерка. Со неа им се налага на штрајкувачите да се воздржат од насилни дејства и да ги пропуштат вработените од РУД да влезат на своите работни места и да продолжат со работа до крајот на завршувањето на судскиот спор“, изјави Зоран Ристевски, директор на правната служба во Шеќераната.

Штрајкувачите и натаму се зад капиите на фабриката. За нив по вчерашниот упад е нејасно зошто сезонците и штрајкбрехерите не останале во фабриката. Тие се пожалија дека не го добиле судското решение за привремена мерка за да може да го обжалат.

,,Се' помина мирно, сезонците под присила од раководителите влегоа во погоните, а сега се надвор. Ова е некоја игра. Не сакаат да останат внатре, ние не ги попречуваме. Ние го почитуваме решението на судот. Но, ова е обид да не' скршат. Привремената мерка ја носи истата судијка која прво штрајкот го прогласи за нелегитимен, па сега носи друго решение. Овие не' тужат, не' судат, а не ни даваат да плачеме“, рече Златко Вељановски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

Сепак, штрајкувачите велат ��ека и покрај ваквите притисоци, нема да се откажат од штрајкот. Сега наместо пред капија, се закануваат дека ќе штрајкуваат на своите работни места.

„Шест месеци ги бараме за преговори. Продолжуваме 24 часа со штрајк. Ама сега на работните места, ако мислат да ги заземат нашите позиции, влегуваме и ние во погоните. Или колективен договор или нема работа“, рече Вељановски.

Штрајкувачите и натаму сметаат дека вештачки се предизвикува криза за шеќер во државата, бидејќи шеќерот од магацините во фабриката е складиран низ други градови.

„Се прави тензија само дека има криза за шеќер. Но, една недела пред да започнеме со блокадата, шеќерот е изнесен од фабричките магацини и сместен во други. Тоа е обид да се покачи цената на шеќерот“, рече Драги Лингуровски, претседател на Синдикатот.

Од раководството, пак, тврдат дека шеќерот е во фабричките магацини и ако не се дистрибуира, пазарот ќе се соочи со недостиг од бел шеќер.

„Шеќерот е во магацинот. Ако се направат услови, ќе може да го видите. Дневно се дистрибуираа по 200 тони бел шеќер“, рече Ристевски.

Штрајкувачите во битолската Шеќерана веќе трета недела се пред вратите на фабриката и не дозволуваат влез на сезонците се' додека не им се исполнат барањата за повисока плата и потпишување колективен договор. Дванаесет илјади тони жолт шеќер од увоз се' уште чека на преработка. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 366 пати.

Испрати коментар

Од: bale
Датум: 03.09.2009 07:49:09
Кај е густо, Премиерчето не се појавува, кај има камен темелник ете ти го со по некоја лопата пред камери...... ВМРО и се е можно...........
Од: pero
Датум: 03.09.2009 14:03:02
I ovde e matna rabotata, ama VeMeRO ke ja sredi... pa neli so Bugarskite gazdi se ista krvna grupa...............

Најди! во Утрински
Македонија