Дневен хороскоп
Овен
Ги преценувате своите можности, што подоцна може да се одрази на вашиот нервен систем. Слободните моменти искористете ги за да се занимавте со хоби. Задолжително шетајте покрај вода. Таа ќе ве инспирира, ќе бидете на прагот на создавање животни дела. Еден ваш соработник се обидува да ве спречи, внимавајте.
Бик
Со трпение ќе мора да се соочите со штедење и со сите нешта кои ви се тешки. Не помислувајте да се откажете. Не очајувајте, туку искористете ги сите тајни адути. Не е пожелно да барате од другите она што не сте подготвени сами да го сработите.
Близнаци
Тема на денот е брачно-партнерските однос. На тој план сте чувствителни и барате повеќе отколку кога и да е. Сметате дека партнерот многу бара, а малку ви возвратува. Бидејќи проблемот е субјективен, обидете се извесно време да се дистанцирате. Кога ќе посакате фамилија лесно ќе ги извршувате нештата што се бараат од вас.
Рак
Насоченоста кон здравјето и работата и понатаму е актуелна. Не го занемарувајте ниту преуредувањето на станбениот простор. Бидејќи непријатностите се позади вас извршете ги и овие обврски. Наредните дена ќе бидете во фаза на правење планови за наредниот период. Ќе тргнете во нови освојувачки потфати.
Лав
Денот е создаден за љубов. Кога подобро ќе размислите, секој ден е добар за тоа, но секогаш не сте расположени. Искористете го поволното влијание на планетите и повеќе внимание посветете му на саканото лице. Постарите лица ќе бидат фокусирани на децата и на внуците. Спортот е идеално решение за добро расположение.
Девица
Се подготвувате за долг одмор, но семејните задачи не ви дозволуваат слободното време да го искористите на соодветен начин. Не дозволувајте околностите да ве исфрлат од контрола, сфатете ги како составен дел од животот. Нешто за мир и среќа мора да жртвувате.
Терезија
Почекајте уште некој ден. Ситуацијата ќе се искристализира. Не е лесно, но се гледа излезот од проблемот во кој западнавте. Наредните денови ќе ви тргне на подобро на сите полиња. Внесете повеќе оптимизам во својот живот и обидете се на предизвиците да гледате релаксирано и креативно. На повидок е успех.
Скорпија
Кризата е зад вас. Се чувствувате како нови. Функционирате во согласност со ситуацијата и од неа извлековте максимум корист. Активни сте, па искористете го приливот на енергија за што поконструктивни нешта. Сепак, не претерувајте, бидејќи можете да добиете воспаление на мускулите. Со овните воспоставувате прекрасни односи.
Стрелец
Се' се одвива според планот, но тоа не го забележувате. Дали во тоа ве спречува стравот од неуспех или е нешто друго во прашање? Морате да ги совладате стравовите, особено оние што се поврзани со иднината. Од преголема окупираност не можете да уживате во сегашните моменти. Во тоа е проблемот.
Јарец
И понатаму сте во чудна фаза. Пишувате песни, па тоа ќе ви помогне да испливате од стапицата што со себе ги носи идните случувања. Уживајте во убавината на природата и во уметничките дела, доколку не можете со саканото лице. Важно е да не очајувате, бидејќи фамилијата прави се' за да ви го упропасти денот. Пријателите уште повеќе.
Водолија
Лошо се чувствувате, бидејќи сте невротични и склони кон претерување. Морате секогаш да имате на ум колку се вашите можности и во согласност со нив да се однесувате. Во спротивно истоштеноста и мрзеливоста ќе ви го расипат расположението. Насочете се кон духовни теми и ќе го најдете внатрешниот мир.
Риби
Осаменоста е вистинска работа. Ќе ви биде пријатно, бидејќи мирно ќе можете да размислите за новите идеи и планови. Доколку не можете да си го дозволите тој луксуз, обидете се барем така да се чувствувате. Поради нешто сте незадоволни. Лесно е да се признае кога друг ќе погреши, отколку сам сопствената грешка.
|