Брoj 2800  среда, 01 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Григор Копров

композитор

Станувам рано наутро, бидејќи денес имам многу професионални обврски. Со оглед на тоа дека се проближува датумот кога ќе започне фестивалот „Макфест“, морам да ги завршам и последните миксови за песните. Вечерва ќе се потрудам да најдам слободно време за блиските пријатели.

Катерина Синадиновска

новинарка

Денот ми почнува во 8 ч. со убав појадок и кафе. Веќе во 10 ч. имам колегиум, а природата на дневното новинарство е таква што никогаш точно не се знае што ќе донесе денот, па дневните настани ги диктираат моите работни обврски. Околу 18 ч. си одам дома, а вечерта планирам да ја поминам во релаксиран муабет на кафе со моето момче.

Миланка Рашиќ

ТВ-водителка

Се' уште сум под импресии од концертот на Мадона во Будва, кој ме воодушеви, па така и денеска е топ-тема за разговор. Претпладнето ми е резервирано за работни договори во МТВ, а попладнето за последните подготовки за семејната прослава в петок - свадбата на Тања и Вангел.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ