Што прават денеска 
 Билјана Даргиќевиќ-Пројкоска
  актерка 
Наближува премиерата на претставата (в четврток) „Последните Македонци“ во Драмски театар, па сето време дотогаш е посветено, главно, на пробите. Денес, имаме прес-конференција по повод премиерата, па потоа уште две проби. Во оваа набиена агенда морам да најдам време за одмор, за семејството и за љубов. 
 Јован Јованов
  музичар и продуцент 
Денеска треба да завршиме со продукцијата на дивидито од концертот на Слаткар во „Метрополитен арена“, за многу брзо да се најде во продажба. Покрај работата, треба да се зафатам и со учење, зашто по првомајските празници, ме очекуваат испити на постдипломските студии. 
 Гордана Куновска-Ангеловска
  уредник во МТВ 
Редовен работен ден со повеќе состаноци во МТВ. Покрај тоа, имам и снимање прилог за емисијата од културата „Витраж“. Наедно, течат и подготовките за новите проекти на Културно-документарната програма. Попладнето ми е наменето исклучиво за семејството.  |