ТАВИТЈАН
Турнејата продолжува со концерт во Пула
Браќата Тавитјан ја продолжуваат својата летна турнеја со настап во Пула, Хрватска, што ќе се одржи на 20 август и на кој се очекуваат околу 3.000 посетители. По концертот во Бугарија, каде што, како што велат Тавитјан, биле пречекани како ѕвезди со посебна прес-конференција и пренос во живо на националната телевизија, на настапот во Пула како специјален гостин ќе се појави Гарабет Тавитјан со ексклузивен перформанс на удирачки инструменти. Диран и Гаро по овој концерт продолжуваат во Ерменија и Англија, а за наесен најавуваат уште неколку концерти: во Белград, Нови Сад и Загреб на кои ќе им гостуваат бугарскиот виртоуз на дувачки инструменти Теодоси Спасов и перкусионистот на Стинг, Рани Крија. |