Дневен хороскоп
ОВЕН
Ќе го поминете денот во убедувања, а колку ќе успеете да дојдете до крајната цел - зависи исклучиво од вас. Бидете екстра внимателни доколку се обидувате да уверите некоја Скорпија, зашто денеска не е расположена за наметнување туѓо мислење.
БИК
Најпосле сте во свој елемент. Единствена здравствена грижа ви е ослабениот имунитет, но затоа фантазијата ви работи стотка на час. Таа ви помага и полесно да ги поднесувате разочарувањата и да ги тешите луѓето околу вас.
БЛИЗНАЦИ
Повеќе зборувате отколку што работите. Чувствувате како сите да се свртиле против вас. Размислувате погрешно, а причини за тоа има безброј. Една од главните е и вашата дезорганизираност и подложност на влијанија од страна. Размислете.
РАК
Се наоѓате во фаза на размислувања околу тоа како да ја подобрите финансиската ситуација. Ви текнало ли можеби дека треба да бидете порационални со парите? Како и да е, ќе го поминете денов во размислувања за вредностите во поширока смисла.
ЛАВ
Доколку се обидувате да ја решите љубовната енигма- може да се надевате на успех, но на ваша штета. Веќе подолго време сте во дилема која се однесува на саканото лице. Во право сте, а ако го смените мислењето, ќе се каете.
ДЕВИЦА
Дружете се со постари и поискусни луѓе. Потребна ви е нивната помош и совети. Чувствувате тензија од која сакате да се ослободите. Страдате поради некого. Дали се работи за болест или емотивна потиштеност- зависи од вас. Не расправајте се.
ТЕРЕЗИЈА
Денеска ќе успеете да решите еден важен проблем од кој мислевте да кренете раце. Среќата ве следи на сите страни, па уживајте во нејзините благодати и не прашувајте се зошто е тоа така. Едноставно, така стојат работите! Искористете ги поволностите.
СКОРПИЈА
Иако сте екстра чувствителни, ќе успеете да постигнете се' што сакате преку преговори и компромиси, кои ќе ги правите ненаметливо. Ќе функционирате во стилот: тивка вода, брег рони! Ќе го шокирате противникот.
СТРЕЛЕЦ
И понатаму сте успешни, влегувате од акција во акција и ги победувате сите. Доволна причина е вашата мотивираност- и материјална, и морална. Иако повеќето Стрелци покрај себе имаат партнер кој не ги разбира, нема да сакате да го промените.
ЈАРЕЦ
Постапувајте внимателно, посебно кога станува збор за работата. Не дозволувајте да се најдете во ситуација поради која подоцна ќе се каете. Ќе успеете да придобиете едно влијателно лице на своја страна, па остварувањето на идеите ќе ви оди полесно.
ВОДОЛИЈА
Живеете во облаци. Не е тоа лошо, туку ситуацијата ве тера побрзо да се спуштите на земја. Таквите скокови го исцрпуваат вашиот и онака кревок нервен систем. Мора да се научите да ги прифаќате подеднакво и добрите и лошите работи.
РИБИ
Главен актер сте на моменталните случувања, па барем не можете да се пожалите дека ви е здодевно. Нема да имате време да мислите на себе и на личните проблеми, зашто по обичај ќе им служите на другите. Причината е во тоа што немате свој приватен живот. |