Дабови, јавори и багреми ќе ги заменат исечените тополи
На местото на 260 заболени тополи ќе бидат насадени 400 млади дрвца
Наесен ќе започне садењето нови дрвца на местото на исечените стари тополи на градските булевари, најавуваат градските власти. На улицата „Теодосиј Гологанов“, на булеварите „Александар Македонски“ и „Србија“, во Градскиот парк и на уште неколку други локации, исечените тополи ќе бидат заменети со млади дабови, јавори и багреми.
Планирано е да се отстранат вкупно 260 стари, заболени дрвја, кои претставуваат опасност за минувачите и за возилата, а на нивно место да се засадат нови 400 дрвца. Садењето, според најавите од Градот, ќе продолжи и следната година. Ќе се исечат сите тополи засадени во 1960-тите години кои веќе ја имаат надминато својата физиолошка старост, а воедно се предизвикувачи на алергиски реакции кај населението. Јаворите, дабовите и багремите се брзорастечки и долговечни дрвја, а за разлика од тополите, тие не цутат напролет и не предизвикуваат алергии.
„Досега се пресечени педесетина стебла, а според стручните процени на надлежниот сектор, останува на овие локации да се отстранат уште 200 стебла. Во овој период се прават програми за засадување нови садници на местата на исечените тополи. Ќе се изберат типови садници што одговараат на просторот во еколошка смисла и што нема да попречуваат во одвивањето на сообраќајот“, информираат од Градот.
За побрзо и поефикасно садење, Градот планира да му купи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ровокопач за корнење на пенушките и нова платформа за сечење гранки. (С.Н.)
Дали на локацијата во Жена парк - тротоарот спроти Собранието ќе се заменат исечените дрвја со нови? Таму сега остана само грда глетка, па со оваа акција би можеле да го разубават и овој мошне фреквентен дел од градот.
Од: jas
Датум: 13.04.2010 09:13:15
Topolite koi planiraat da gi isecat NE se zaboleni, NE predizvikuvaat alergii, a nivnata opasnost za soobracajot e zanemarliva. Na malite drvca sto ce gi sadat, ce im trebaat mnogu, mnogu godini da bidat vistinski drvja.
Од: Читателка
Датум: 13.04.2010 09:44:17
Зошто се некако мислам дека, со оглед на целосното отсуство на еколошка свест кај одговорните, откако ќе ги сотрат и последните дрва кај Теодосиј Галаганов, предвиденото садење јавори, багреми и дабови ќе биде заменето со никнување на бесправни кафани,автоперални и партиски штабови?
Од: petre
Датум: 13.04.2010 14:01:00
Од Градот информираат: Ќе се изберат типови садници што одговараат на просторот во еколошка смисла и што нема да попречуваат во одвивањето на сообраќајот“
ОГРОМНА МОЛБА: За да не го попречувате велосипедскиот сообраќај немојте да садите багреми! Бар по две три лепенки крпам у сезона на избушени гуми од трња. Не багреми. Ни сенка имаат нити се некоја глетка жбуновидно дрвце кое поради тоа што брзо се зафаќа е добро за спречување песочни дуни и насипи, ама не го трпајте у град, само бељи прави.