Број 3256  вторник, 13 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

„Градски паркинг“ го презеде паркингот на „Технометал“

Ќе важат цените од прва зона, односно 45 денари за еден час

Сања Наумовска


„Градски паркинг“ изминатиот викенд го презема паркиралиштето на „Технометал - Вардар“ во центарот на градот. По неколкугодишно натегање кому треба да му припадне овој фрекфентен паркинг и еден пропаднат обид на поранешниот градоначалник Трифун Костовски да го завладее просторот, неодамна заврши судскиот процес за докажување на правото за стопанисување. Паркингот го доби локалната власт.

Врз основа на пресудата, Градот Скопје од Министерството за транспорт и врски го доби земјиштето на користење на неодредено време. Инаку, земјиштето е во државна сопственост. Паркингот во следните неколку недели ќе биде делумно реконстуиран, со што ќе бидат отворени дополнителни паркинг-места. Ќе важат цените на „Градски паркинг“ од прва зона, односно, 45 денари за еден час паркирање. Вработените од околните фирми за месечна картичка ќе треба да плаќаат по 400 денари, а за возилата на правните субјекти паркирањето ќе чини 4.000 денари месечно.

„Во текот на следните неколку денови ќе биде монтирана нова рампа и ќе се воведе системот на наплата на нашето претпријатие. Сите корисници на паркингот што имаат месечни картички ќе продолжат да ги користат до крајот на април, а од идниот месец ќе треба да склучат договор со нас“, вели директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.

Во меѓувреме ќе започне и реконструкцијата на делови од паркиралиштето, кое ќе продолжи да работи без прекини. Ќе се измени влезниот дел за да се обезбеди поголема проточност на возила на улицата „Даме Груев“. Стојановски објаснува дека ќе биде направен џеб во тротоарот, бидејќи моментално возилата што чекаат да влезат на паркингот блокираат една од лентите на улицата. Ќе се ископаат и неколкуте островца и преградни тротоари во рамките на паркингот, со што ќе се добијат околу 10 проценти повеќе паркинг-места. Паркиралиштето ќе биде исцртано и нема да се дозволува влез на повеќе возила отколку што ќе има места за паркирање.

Вториот влез на паркингот, покрај зградите на „Југобанка“ и „Лотарија“ ќе биде направен сервисна улица, во согласност со Деталниот план и таа ќе служи за влез во подземните гаражи на „Технометал“. Ќе биде забрането паркирање на улицата, а ако има доволно простор, може да биде исцртана една странична паркинг лента, која ќе влезе во првата зона на зонското паркирање.


#
Статијата е прочитана 1022 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Дабови, јавори и багреми ќе ги заменат исечените тополи
Поплочено платото пред стоковната „Мост“
Кисела Вода