Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

За десет дена ќе се вози по „Илинденска“

Улицата се асфалтира, а монтирани се и семафорите на раскрсниците

За десетина дена ќе се вози по новиот проширен дел на „Илинденска“, информираат од Градот Скопје. Минатиот викенд започна асфалтирањето на потегот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски-Борче“ до автобуската станица пред раскрсницата со улицата „Рузвелтова“.

Нанесени се израмнувачки слој асфалт со дебелина од 5 до 9 сантиметри и првиот асфалтен слој со дебелина од 7 сантиметри. На посочената делница се вградени околу 2.800 тони асфалт. Деновиве се работи и на доуредување на раскрсницата со „Рузвелтова“ по што ќе следува асфалтирање.

Семафорите кај матичната служба се веќе наместени, а се монтираат и семафорите на раскрсницата кај фонтаната. По должината на булеварот е поставено ново штедливо осветлување, кое треба да профункционира до крајот на неделата.

„Подлогата на тротоарите е веќе бетонирана и се врши подготовка за асфалтирање и доуредување на пешачките патеки. Од другата страна, на улицата се монтира заштитната ограда по должината на градските бараки“, велат во Градот.

По завршувањето на оваа делница, градежните работи ќе продолжат со проширување кон раскрсницата со булеварот „8 Септември“. Истовремено, кога ќе се избере изведувачот, ќе започне и изградбата на уште две ленти на делницата меѓу фонтаната „Лотос“ и Владата. За целосното проширување на булеварот „Илинден“ во градскиот буџет се предвидени 80 милиони денари. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 1878 пати.

Испрати коментар

Од: Mice
Датум: 08.06.2010 08:05:07
E ako ja zavrsite cela Ilindenska, bravo. A posle pravo na Ivo Lola Ribar.
Од: mkd
Датум: 08.06.2010 08:48:26
Pravete sto ke pravite no pustete ja do 1 septemvri.Vo sprotivno vo Skopje ke bide haos. I uste edna prioritetna rabota koja ne bara mnogu. Napravete go KRUZNIOT TEK kaj Katolicka crkva i rasteretete go malku soobrakajot tamu.
Од: Lidija
Датум: 08.06.2010 10:15:03
Да, екипите си работат а ние граѓаните само чекаме да почне сообраќајот и некој да настрада па можеби проектантите ќе се сетат да ги почитуваат правилата за безбедност. На раскрсницата кон Фонтана кај МЦМ има помалку од еден метар тротоар за пешаци. На приодот кон паркот каде има постојана фрекфенција на пешаци! Информирајте! За да се поправи пред да стане доцна!
Од: Sase
Датум: 08.06.2010 11:36:00
Se iznacekvame za kruzniot kaj katolicka i za Ivo Lola... Ajde malku inicijativa. Vo razvienite zemji se raboti vo 3 smeni sekoj den. Gospodine gradonacalniku opravete go soobrakajot i dolgo vreme ke ste na taa funkcija...

Најди! во Утрински
Скопје
Нема дневен престој за четвртоодделенците од „Владо Тасевски“
Ченто се исправи пред „Тренд“
Хуманитарен концерт спроти ТЦ „Бисер“