Што прават денеска
Натали Грубовиќ
ТВ-водителка Денеска станувам необично рано за мене. Во 9 ч. тргнувам на фризер и на шминкер за да бидам подготвена во 11 ч., кога влегувам во студио и започнувам со снимање. Вечерва, пак, ангажирана сум како дел од водителскиот тим на хумантираниот концерт на Општина Аеродром.
Љупчо Ѓорѓиевски
режисер
Неодамна завршив со работата на претставата „Покојник“, за Битолскиот народен театар, па ова ми е период за креативен одмор. Креативниот дел се однесува на следење на претставите на ТФ „Војдан Чернодрински“, што се одржува во Прилеп и е актуелно собиралиште на театарскиот свет во Македонија. Јасмина Гуњова
пејачка
Се' уште се навраќам на впечатоците и чувствата по наградата на Фолк-фест „Валандово“, што се одржа изминатиов викенд. Сепак, се насочувам и кон подготовка на испитот од постдипломските студии на технолошкиот факултет, а како релаксација - одам на тенис со децата во „Форца“. Вечерва - редовен настап во „Рагуза“. |