Меридијани
Технологија и нееднаквост
Кенет Рогоф
Технолошките иновации ќе доведат до комерцијализирање многу вештини кои сега изгледаат мошне скапоцени и уникатни
Досега, незапирливиот марш на технологијата и глобализацијата се одигруваше во огромна полза на висококвалификуваната работна сила, што помогна да се поттикнат рекордни високи нивоа на приходи и нееднаквост на богатствата низ светот. Дали завршната игра ќе биде обновена класна војна, а популистички влади ќе дојдат на власт, растегнувајќи ги границите на прераспределба на приходите и покажувајќи поголема државна контрола над економскиот живот?
Нема сомневање дека нееднаквоста на приходите е единствената најголема закана за социјалната стабилност во светот, без оглед дали станува збор за САД, европската периферија или Кина. Сепак, лесно може да се заборави дека пазарните сили, ако им биде дозволено да одиграат, на крајот би можеле да имаат стабилизирачка улога. Едноставно кажано, колку е поголема премијата за висококвалификуваните работници, толку е поголема иницијативата да се најдат начини да се економизира искористувањето на нивните таленти.
Светот на шахот, што го познавам одблиску, целосно го илустрира начинот на кој иновациите во децениите што претстојат може да имаат многу различен ефект врз релативните плати, отколку што имале во изминатите три децении.
Кон крајот на доцниот 18. и раниот 19. век, низ светските престолнини патуваше брилијантно инвентивна шаховска „автоматизација“. „Турчинот победуваше против сличните на Наполеон и Бенџамин Френклин, додека многу големи умови беа предизвикани да продрат во неговте тајни. Прикривајќи шахист во преместувачкиот оддел во лавиринтот на импресивна апаратура, поминаа децении за аутсајдерите точно да погодат како навистина функционира Турчинот.
Денес измамата е откриена... апаратите за играње шах се претвораат дека се луѓе кои играат шах. Шаховските програми на десктоп значително ги надминаа најдобрите шахисти во последната деценија, а измамата стана се' поголемо зло. Француската шаховска федерација неодамна суспендираше тројца од своите врвни шахисти поради заговор да добијат компјутерска помош.
Секако, има многу други примери на активности за кои некогаш се мислеше дека се исклучиво домен на интуитивните луѓе, но дека сега доминираат компјутерите. Многу наставници и училишта сега користат компјутерски програми за да скенираат есеи и да проверат дали има плагијати, стар престап што се прави премногу лесно со интернетот. Всушност, компјутерското оценување на есеите е наука во подем, при што некои испитувања покажуваат дека компјутерските проценки се поправедни, подоследни и поинформативни отколку оние на просечен наставник, ако не и извонреден.
Експертските компјутерски системи, исто така, добиваат значење и во медицината, правото, финансиите па дури и забавата. Со оглед на тие настани, постојат причини да се верува дека технолошките иновации конечно ќе доведат до комерцијализирање на многу вештини кои сега изгледаат мошне скапоцени и уникатни.
Јас и мојот колега од Харвард, Кенет Фрут, некогаш ги изучувавме релативните движења на цените на неколку производи во период од 700 години. На наше изненадување, утврдивме дека релативните цени на житото, металите и многу други основни производи биле наклонети да се враќаат кон централната просечна тенденција во значително долги периоди. Ние претпоставувавме дека и покрај случајните откритија, временски настани и технологиите може драстично да ги сменат релативните вредности за одредени периоди, а резултирачките коефициенти за цените би создале иницијативи за иноваторите да фокусираат поголемо внимание на производите чии цени драстично се зголемени.
Секако, луѓето не се производи, но важат истите принципи. Како што искусната работна сила станува се' поскапа во однос на неискусната работна сила, фирмите и компаниите имаат поголема иницијатива да најдат начини за „измама“, со користење на замена за скапите влогови.
(Авторот, меѓународен шаховски велемајстор, е професор по економија и државна стратегија на Универзитетот Харвард, и поранешен главен економист во ММФ. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.) |