Што прават денеска
Марија Главчева
водителка
Само што се вратив од седумдневен семинар во Белград, па денеска ми е прв работен ден по првиот дел од одморот. Ќе се обидам да си ја испланирам неделата со снимање за емисијата „Во тренд“, а приквечер е неизбежен сладоледот со другарките со кои споделуваме детали за изминатиот ден. Добре Иванов
ген. секретар на ФК „Силекс“
Во преодниот рок ФК "Силекс" се засили со неколку квалитетни играчи и верувам дека во новата сезона ќе водиме главен збор за висок пласман. Нашата сила е во младоста на екипата - еден од најмладите во Првата лига, а речиси сите фудбалери се од школата на "Силекс". Александар Белов
пејач
По работниот викенд, утрово се враќам во Скопје и веднаш заминувам во студиото на Кристијан Габровски, каде што ќе ја снимам македонската верзија на песната "Далеко", која ја изведов на фестивалот "Сунчане скале". Денот е во знак на снимање, а вечерта е резервирана за олабавено кафе со пријателите. |