Што прават денеска
Сашко Коцев
актер
Веќе на големо работиме во МНТ на пробите за претставата „Свадбата на Фигаро“ со еден грузиски режисер, чија премиера ја подготвуваме за „Охридско лето“ на 23 јули. Вечерва сум на прием во хотелот „Александар палас“, по повод Денот на независноста на Словенија. Мало внимание за мојот роден град Љубљана.
Мерсиха Шукри
харфистка
В сабота, на 25 јуни, се отвора Битолското културно лето со проектор „Плачот на виолината“, каде што учествувам и јас. Па деновите до настапот, главно, им се посветени на пробите, иако материјалот ни е добро извежбан. Потоа продолжувам со подготовката за настапот на „Охридско лето“.
Маја Вукичевиќ
пејачка
За летово планирам да бидам присутна во медиумите со спотот за мојата последна песна „Мирисот на љубовта“ од авторот Александар Масевски. Затоа деновиве целосно сум ангажирана со подготовките околу снимање на спотот и контактирање со соработниците со кои ќе го работам видеоматеријалот. |