Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија
Гробиштата во Фалише станаа змијарник

Гробиштата запоставени, надлежните бегаат од обврските

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Меѓу веќе подигнатите 20-ина споменици на новите православни гробишта во селото Фалише ползат змии. Блиски роднини на погребаните тврдат дека виделе влечуги меѓу високите треви и ѓубрето што се фрла покрај гробиштата. Затоа со страв одат да им оддадат почит и да запалат свеќа за починатите.

„Со мои очи видов змија. Кога зачекорив, се скри во грмушките. Ова е врв на тотална негрижа. Надлежните се прават глуви и неми и не преземаат ништо за средување на површината на која тетовци кои немаат стари гробни места се принудени да ги закопуваат блиските во Фалише“. Ова со горчина го вели Д.А., чиј сопруг пред две години е погребан на новите гробишта во Фалише.

Просторот во Фалише што се користи за гробишта е некогашна депонија. Тоа се потврдува и со фактот што при ископ на гробови се вадат најразлични метални и други тврди предмети, па дури и стари апарати за домаќинства. На слободните места, пак, се' уште се фрлаат отпадоци и градежен шут.

Целата површина на која се проектирани околу 1.400 гробни места е обрасната во трње, а нема ни знак на планирано озеленување. Парцелата не е оградена, а нема поставено крст што би го симболизирал православието. До подигнатите споменици има само патека. Но, затоа нема пристапен пат, струја, вода, никаков објект за верски обичаи, а да не зборуваме за црква, камбанарија или капела. Или, како што рече еден жител, ова личи на пустелија, а не на гробишта.

Проблемот за православни гробишта во Тетово е присутен со децении. Во 2007 година е дефинирана локацијата во Фалише, која е влезена во Генералниот урбанистички план. По почетното уредување застана се'. Никој од одговорните не ја презема обврската.

Во Тетовското архијерејско намесништво велат дека нивна обврска е да бидат на чинот на погребите и потоа на помените. Каде ќе се закопуваат покојните и под какви услови не била нивна обврска. Но, и таму велат дека „се' уште не е достојно место за погреби“.

Во ЈКП „Тетово“ велат дека нивна обврска е да се грижат за одржувањето на гробиштата. Во локалната самоуправа во Тетово признаваат дека немаат доволно финансиски средства за обликување на парцелата. Лани биле доделени три милиони денари со кои се оградил еден дел и е поставена патека. Годинава биле одобрени уште два милиони денари. Но, не биле префрлени од две причини: немало доволно прилив на средства и не било одредено за што ќе се употребат.


#
Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Ѓубрето од Тетово ќе се носи во „Дрисла“
Свети Николе, конечно, доби вода за пиење