Родилката била во деветти месец од бременоста, имала силна тахикардија и речиси блокирано срце
Јасмина Јовановска
Стручна комисија го испитува случајот со 32-годишна бремена жена која заедно со бебето почина пред три дена на Клиниката за гинекологија. Од што починала точно родилката, не се знае, но се претпоставува дека срцева слабост и' го одзела животот на оваа млада жена. Како што дознаваме, ова се и првичните резултати од обдукцијата. Неофицијални клинички извори, пак, се сомневаат дека е направен лекарски пропуст, иако има и такви лекари што сметаат оти што и да се направело, здравствената состојба на младата мајка била толку тешка што според медицината таквите случаи завршуваат со смрт во првите 24 часа. Комисијата, како што тврдат од клиниката, не е составена поради тоа што не е преземено се' за да се спаси животот на мајката и на бебето, туку така налагале законските процедури. Поради тоа, телото на починатата родилка е дадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Родилката била во деветти месец од бременоста и, како што дознаваме, на клиниката била донесена од Виничко, во многу тешка здравствена состојба. Лекарски извори велат дека пациентката имала животнозагорозувачка тахикардија (срцебиење) и речиси блокирано срце, што било причина таа да биде донесена на клиниката со амбулантно возило како итен случај. Три часа по приемот на родилката, и покрај дадената терапија и консултации со кардиолог, според болнички извори, состојбата не и' се подобрила. Во моментот кога почнала да се влошува и здравствената состојба на плодот, родилката веднаш била однесена во операциона сала за да се породи со царски рез и да се спасат. Но, според неофицијалната приказна, бебето починало една минута откако било донесено на свет. Мајката, која била првородилка, се' уште била жива, но во критична состојба. Деветнаесет часа по царскиот рез, таа починала.
Смртниот случај со родилката ја разбранува клиниката и, како што дознаваме, на стручниот колегиум лекарите меѓусебно почнале да се обвинуваат. Едни лекари велат дека бил направен пропуст зашто родилката ја следела само една лекарка и затоа можеби не успеала да ја спаси. Од клиниката, пак, тврдат дека на секој царски рез има најмалку петмина лекари, а имало и кардиолог и пред царскиот рез и по породувањето. Гинеколозите уште велат дека во вакви ситуации, кога е загрозен животот и на мајката и на плодот, медицинските протоколи налагаат прво да се спаси мајката, па бебето.
Од клиниката не знаат дали мајката била хроничен пациент, зашто била донесена без медицинско досие. Според ги��еколозите, медицинската практиката покажува дека срцева тахикардија која не се смирува со лекови може да ја испровоцира и самата бременост. Можеби мајката страдала од срцево заболување, но не знаела. Но, ако веќе имала срцева болест, тогаш се поставува прашањето дали матичниот гинеколог не требал да ја следи повнимателно и порано да биде испратена на повисоко стручно ниво на клиниката. Уште се зборува дека мајката повеќе години се лекувала од стерилитет, па е можно и хормонските препарати да предизвикале слабост на срцето.
„Пред и постоперативните консултации со кардиолозите поставија сомнение за сериозно срцево засегање. За жал, и покрај сите вложени тераписки и медицински третмани, пациентката почина во првите 24 часа по приемот на Одделението за интензивна нега“, излезе со соопштение д-р Татјана Гуржанова, портпаролка на Клиниката за гинекологија. Таа уште соопшти дека ургентниот царски рез не бил доволен да се спаси и плодот поради исклучително тешката состојба на мајката. Од клиниката ги очекуваат и официјалните резултати од обдукцијата, по што ќе излезат со официјален став за причината за смртта на пациентката.
na taa kardiologija neznam dali ima eden doktor koj e kvaliteten. tesko na tie sto ke baraat pomos od doktorite na klinikata za kardiologia. tragedija i sramota.
Од: sonja tevdovska
Датум: 03.12.2009 08:26:38
greota za zenata i za bebeto,taa se ismacila kako isus da ostane bremene ,a golem stram za doktorite od ginikologija -profesori so titula bidejki nemaat nikakva griza za pacientkite.tie po celi denovi gi cekaat po hodnicite i nivnite ambulanti ,golemite doktori da se simnat da im go resat problemo.mizerija za naseto zdravstvo.a zamislete da studiras medicina kaj nas ,tesko nemoze potesko da bide .sramota i greota vo ovoj vek
Од: rodilka
Датум: 03.12.2009 08:51:59
Golema sramota za naseto zdravstvo vo 21 vek. Mozebi vladata treba da go fati posledniot voz da go resi ednas zasekogas namesto da gi finansira penzionerite i nivno preprakanje vo banji. Da se zainteresira malku za klinikite posebno za ginekologija, kade se poroduvaat rodilki od cela Makedonija a da proveri kolku inkubatori funkcioniraat i kolku porodi umiraat poradi toa.
Од: mene
Датум: 03.12.2009 09:20:47
na klinikata vo skopje ima premalku lekari a premnogu rodilki od celata drzava tamu se nosat.se prakaat tamu bidejki nikoj od vnatresnosta ne saka da poraga.site lekari se specijaliziraa so drzavni pari a sega se samo ginekolozi.ete toa e sramota.vo sk. vo soba so 50 zeni. a oddelenieto vo vinica neka stoi prazno,duri i za tie sto mozat normalno da se porodat.sto da pravat ovie vo skopje??
Од: silvana
Датум: 03.12.2009 10:29:19
Na Klunikata sekojdnevno se pravat fatalni greski! Samo za Kardiolozite od Klinikata ne bi trebalo taka da se misli. Odlicni kardiolozi prof.dr. Slavco Tosev, Kedev idr.Megju pomladite koi ne se za masala Pejkov. i kamarilata mitadzii...
Од: od Skopje
Датум: 03.12.2009 12:15:14
Во 21-век да ти умре породилка, па ова е тунгузија, срамно,жално,тешко на нејзината фамилаја, а најжално за неа толку млада
Што чекале тие во Виница до последен момент, сигурно ја знаеле нејзината здравствена сосотјба, зошто не реагирале навреме, и во гинекологија пациентот не се третира а пак во кардиологија сите што предходнит коментатор ги наведе, се корумпирани прво плати па стен, или било каква интервенција, и таму сме се намачиле за мојот сопруг, де нема празни соби, де нема стентови, и така со недели додека не најдовме асален лекар др. јелка од мајка родена господ здравје да и даде не сакаше ни пари ни поклон, а не како др. кои прво (тоа ке ве чини толку и толку, ѓубриња низаедни и тие учеле благородна професија да спасуваат животи, море ако немаш пари готов си нема во нашата држава е страшно кај и да си ништо не чини а тука бањи ,,,,,,,,,тн.
Од: veslac
Датум: 03.12.2009 12:39:54
Tragedija!! Sega se osekaat neprofitabilnite kampanji na vlasta. Namesto da se podobrat uslovite vo zdravstv.ustanovi, pocnuvajki od opst. regionalnite pa se do klinikite. Sega ne se krivi ni tie od Vinica sto nemaat objektivni i subjektivni uslovi za takvi komplicirani slucaevi. Isto taka ne moze da se bara nisto poveke i od klinikite, koi ostanaa prazni bez oprema i kvalitetni lekari. Seto ova e i ke bide kolateralna steta na ovaa vlada.
Pa sega razmislite za treto ili nedaj boze cetvrto dete!?
Од: ivan
Датум: 03.12.2009 13:08:04
toa le e besplatnoto zdravstvo na GRUJO neka se posveti na zdravstvoto malku ane na politickite reklami.Parite isplateni za reklami da gi bese dal na klinikite nemase da ni se slucuvaat vakvi raboti vo zdravstvoto.Ane sekoj den da izlava na TV i da kazuva deka e se vo red vo drzavata
Од: jas
Датум: 03.12.2009 13:09:54
se dodeka grdime spomenici a ne investirame vo zdravstvoto toa ke se slucuva, zalosno.
Ако почнеме да кажуваме што се случува на Гинеколошките одделенија во земјава,треба да напишеме цели фермани. Едно е сигурно-најважно е да се погоди тарифата на чинење на лекарот, а дали тој ќе го погоди породувањето, и не е толку важно. Во Битола нема повеќе МИТО, сега има тарифа: 50Е нормален пороѓај, 100Е ако лекарот го викнете од дома и 200Е царски рез. СРАМОТА!!!
Од: london
Датум: 03.12.2009 13:44:30
site lekari vo nasata ni mila zemja go zavrsija medicinskiot fakultet so vrski i mito. i neznam sto ocekuvate sega od tie kadri. ne daj boze da padnes vo nivni race
Од: www.aamis.com
Датум: 03.12.2009 14:53:42
Prvo socuvstvo do semejstvoto na pocinatata pacientka kako i do site rodnini.
Kako poranesen vraboten vo klinikata za G. vo Skopje(uste kako apsolvent)ke kazam:
1) da citiram del od tekstot:
"Од клиниката не знаат дали мајката била хроничен пациент, зашто била донесена без медицинско досие."
Na mnogu nacini sum potenciral deka medicinskata dokumentacija e od golema vaznost i deka moze na pacien ili da mu spasi zivot ili da go cini zaguba na zivotot.
VO SAD duri napraviv i specijalna programa za ova (veke 12 godini e vo dve od nsjgolemite bolnici vo Michigan (na listata na 100 bolnici od SAD). Istoto go ponudiv po razni kanali i na Makedonija (besplatno!) no ministerstvoto odbra slovenecka kompanija za elektronkata dokumentacija,a Sam Vaknin (sovetnik na Ministerot za Zdravstvo) duri bese navredlivo grub vo svoite e-maili do mene!
Celoto zdravstvo vo MK se raspagja dodeka si igrame "ramkovi dogovori", pregovori i pristapuvanja...! Kolegi ne dozvoluvajte dago zagubime zdravs