Број 3151  четврток, 03 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Бранко Ѓорчев

дир. на Драмски театар

Утринава ме очекуваат неодминливи состаноци на работа во Драмски театар. Потоа имам часови по сценски говор со студентите на ЕСРА, од каде што продолжувам на часови по ораторство со студентите на Правен факултет. Ми останува уште вечерва, на сцената на Драмски театар, да ја одиграм „Кинегонда во Карлаленд“.

Вера Бужаровска

писателка

Иако вчера ја промовирам мојата најнова издадена книга „Виндузи“, не запирам со пишување. Всушност, веќе сум длабоко навлезена во работата со мојата следна книга „Затвор за жени“, за која правев истражувања и интервјуа со затвореници. Сега работам на текстот.

Драган Вучиќ

музичар и ТВ-водител

Денеска работам на подготовките и договорите за утрешната аудиција во Ресен и во Демир Хисар за мојата емисија „Најталент“. Треба да контактирам со локалните самоуправи за да го потврдам договорот за салите, каде што ќе се одржат аудициите.


#
Најди! во Утрински