Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Нова патека за ролери

Градоначалникот Коце Трајановски вчера официјално предаде во употреба нова ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар иако по нејзината должина осветлување ќе се постави дури в година. Тогаш градските власти се надеваат дека ќе постават и чешми за вода како и систем за наводнување на зеленилото. Дури Градот ги реализира плановите, рекреативците кои ќе се одлучат да возат во вечерните часови по левиот брег на Вардар ќе треба да ја минуваат патеката во темнина исто како и аеродромци во делот од катчето „Рибарче“ до Маџир Маало, патека која беше изградена минатата година.

„Свесни сме за проблемот. Проектите за осветлување се во постапка. Се надевам дека на новата патека ќе биде инсталирано светло до идната година, а Аеродром целосно ќе биде покриен со светло до крајот на оваа година“, вети вчера Трајановски. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 428 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
„Партизанска“ - булевар на стравот
Изградбата на Уставен оди по планот