Изградбата на Уставен оди по планот
Премиерот Никола Груевски вчера ги обиколи градилиштата на левиот брег на Вардар каде што во тек е изградбата на новиот објект на Уставниот суд, Македонската филхармонија и зградата на МНР. Изрази задоволство од напредокот на градежните работи и посочи оти објектите се градат со предвидената динамика.
„Ова е доказ дека државата нема долгови кон градежните компании како што се шпекулира во медиумите. Дури на моменти се прашувам како тоа објектите се градат, зар СДСМ ги плаќа за активностите“, иронично истакна премиерот, најавувајќи дека сите три објекта ќе бидат изградени во предвидениот рок. Уставниот суд и новата зграда на МНР се очекува да бидат готови до крајот на идната година, а пак Македонската филхармонија до крајот на 2012 година.
|