Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Германија не може да се освести од трагедијата на Љубовната парада

Полицијата, наводно, го затворила излезот од тунелот и ги враќала оние што се обидувале да влезат кога настанала паника

БЕРЛИН - Германската канцеларка Ангела Меркел побара темелна истрага за смртоносното стампедо на музичкиот фестивал „Парада на љубовта“ во Дуизбург. Меркел изјави дека била шокирана од трагедијата, додавајќи оти мора да се направи се' за да се осигура дека таква несреќа нема да се повтори. Во метежот надвор од тунелот, кај влезот на фестивалот, во саботата загинаа 19 лица, а 340 беа повредени. Преживеаните ги обвинуваат организаторите за жртвите. Тие посочија дека местото било премало и предвидувањата за пренатрупаност биле игнорирани.

Организаторите на фестивалот посочија дека нема да има повеќе „Парада на љубовта“. Германското обвинителство почна кривична истрага за несреќата.

Говорејќи во градот Бајројт, Меркел повторно упати изрази на сочувство до семејствата на загинатите и на повредените, велејќи дека федералната администрација и' понудила целосна поддршка на регионалната власт на Северна Рајна Вестфалија. Таа додаде: „Сега треба темелно да се истражи како ова се случи, бидејќи голем број млади луѓе кои беа восхитени од тоа што ќе одат на таков настан... ќе имаат ужасни сеќавања и треба да се направи се' за да се осигура дека вакво нешто нема да се повтори“.

Организаторот на фестивалот, Рајнер Шалер, изјави дека никогаш повеќе нема да има „Парада на љубовта“, на што Меркел додаде: „Организаторите кажаа дека никогаш повеќе нема да организираат ’Парада на љубовта’, меѓутоа, така големи настани треба да бидат безбедни и федералните држави треба да обезбедат соодветен број полициски сили што ќе го обезбедуваат настанот“.

Шелер на конференцијата за печат во Дуизбург во неделата изјави: „’Парада на љубовта’ отсекогаш била весела и мирна забава, но во иднина секогаш ќе биде засенета од вчерашните настани. Од почит кон жртвите, нивните семејства и пријателите, ние ќе го укинеме организирањето на овој настан во иднина, а тоа значи крај на ’Парада на љубовта’“.

Градоначалникот на Дуизбург, Адолф Сојрленд, изјави дека иако прашањето зошто се случи оваа несреќа е „апсолутно оправдано и мора да биде одговорено“, тој инсистираше на тоа дека додека не се заврши истрагата секое прикачување вина „би било неправедно“. „Тоа нема да им биде од корист на жртвите ниту, пак, на семејствата“, изјави тој додавајќи дека 16-мина од жртвите се идентификувани.

Портпаролот на полицијата подоцна изјави дека најмалку шестмина од жртвите биле странци, од Австралија, Италија, Холандија, Кина, Босна и Шпанија. Тие се на возраст од 20 до 40 години. Сојрленд изјави дека безбедносниот план на фестивалот бил изработен претходно „што не даде никакви причини да се верува дека ќе има некаков проблем“.

Меѓутоа, дописниците јавуваат дека критичарите навеле оти организаторите и полицијата не биле подготвени за толку голем број посетители и самата локација, старата железничка станица била премала и целосно несоодветна. Германските медиуми објавија дека фестивалот привлекол околу 1,4 милиони луѓе. Меѓутоа, бројката е оспорена. Локален официјален претставник одговорен за одговор во итни ситуации, Волфганг Рабе, изјави дека локацијата „може да прифати 300.000 луѓе и во ниту еден момент не била полна“. Списанието „Шпигел“ во неделата објави дека фестивалот имал дозвола за 250.000 посетители.

Првиот човек на главниот полициски синдикат, Рајнер Венд, за весникот „Билд“ изјави дека неговата организација пред една година упатила предупредување дека Дуизбург е „премногу тесен, премногу мал за да се справи со огромна маса луѓе“. Полицијата соопшти дека никој не починал внатре во тунелот.

Полицискиот заменик-началник, Детлеф фон Шмелинг, изјави: „Четиринаесет лица го изгубија животот на металните скали што водат надвор од тунелот, а двајца на ѕидот надвор од тунелот“. Полицијата, наводно, го затворила излезот од тунелот и им кажувала на оние што се обидувале да влезат да се вратат кога настанала паника, иако се' уште не се јасни точните услови во кои се создаде стампедото.

Очевидци на настанот тврдат дека се обиделе да ја предупредат полицијата пред да се случи стампедото оти тунелот е пренатрупан, но посочија дека властите ги игнорирале предупредувањата. Еден жител на Дуизбур, кој запали свеќа за настраданите на местото на несреќата во неделата, изјави: „Ова е голем срам за градот Дуизбург. Кој издаде дозвола за вакво планирање? Треба да летаат глави“.


#
Статијата е прочитана 958 пати.

Испрати коментар

Од: Ратомир
Датум: 27.07.2010 09:24:28
сега ја нарекуваат „парада на смртта“, што е многу посоодветно име за таа одвратна манифестација. и добро е што веќе нема да се оддржува, само жално е што требаше да настане ваква трагедија за да им текне на властите.
Од: Raul
Датум: 27.07.2010 12:18:06
1. Radomir, taa "odvratna manifestacija"? si bil tamu? znaes li voopste za sto se raboti? utrinski veke ja ima i nareceno "gej parada". lugje, ako ne se znae za sto se zbori, podobro da ne se zbori. taa parada nemase ni direktna vrska so homoseksualci, ni ti bi bila "odvratna" za mladite lugje i vo makedonija. na televizija se pokazuvaat samo naj interesnite lugje, normalno deka oni gi plasat gledaci so svakjanja od 19sti vek. mislite deka vesnici ke pravat sliki od 90% "normalnite" lugje so farmerki i majca i bez zelena kosa? inace nema nisto protiv edna parada so muzika od poznati kako david guetta, dj tiesto, paul van dyk i taka natamu. 2. ne, ne, NE se vika "parada na ljubovta"!! toa se vika "love parade", prevot ne se pravi so iminja! se vikaat rolling stones, taka? ili gi narecuva nekoj na makedonski? "parada na ljubovta" zvuci kako golema orgija i ne prefrla prava slika! 3. tragedija ostanuva tragedija i golema sram za organizatorite.
Од: mene u germanija
Датум: 27.07.2010 12:50:38
Teshka organizaciska greshka,so sigurnost nekolku luge idat u zatvor.Ratomire ti ne si bil na ovie zabavi i treskash gluposti..1.5 miliona mladi intelegentni luge ne mozesh na edna zurka da soberesh.Love parade ke ostane ushte dolgo zapamtena kako najvrednuvana zabava u EU poslednite decenii,dosega bez nikakov incident.Kaj nas na svadba od 100 luge pa ke se ispokolat,e....e toa seljacishtata..

Најди! во Утрински
Свет
Пакистан тајно им помага на талибанците
Потврдена првата затворска казна за Полињата на смртта
Полициска чистка во руските затвори
Штрајк на дипломатите
Тачи го повика Тадиќ на разговори
Исланд денеска ги почнува преговорите
Во Кина илегалните топилници ги трујат децата со олово