Број 3492  петок, 28 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Снежана Стамеска

актерка

Неодамна се вратив од Италија каде што бев во посета кај ќерка ми и се радував играјќи си со петмесечното внуче. Сега сум дома, во скопската зима и настојувам да презимам гледајќи филмови. Во вакви зимски услови некако најпријатно е да се биде во топлиот дом.

Дарко Димитров

композитор и муз. продуцент

Денеска се подготвувам за селекцијата на втората група полуфиналисти од музичкиот избор „Потрагата по ѕвезда“ на М-2. Со оглед дека имаме многу квалитетни кандидати, знам дека нема да ни биде лесна работата во жирито, но подготвен сум за долга работа. Се' што останува од времето е за семејството.

Оливера Чемкова

управ. на школа за франц. јазик

„Жан - Жак Русо“

Во овој период ангажманите ми се насочени околу подготовката на кандидатите што сакаат да полагаат испит за Б-2 сертификат, кој е неопходен за запишување на студии, како и постдипломски студии во Франција. Истовремено, течат и уписите за летниот семестар на курсевите, кои започнуваат идната недела.


#
Најди! во Утрински