Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Невидена бугарска пропаганда

Костадин Сарагинов, Скопје, правнук на Панко Брашнаров

Во анализата на бугарската политика кон Република Македонија а изготвена од страна на група бугарски дипломати, историчари, професори и други, се препорачува како Македонија да се натера да води добрососедска политика. Сега и од Бугарија не можеме да очекуваме безусловна поддршка за влез во НАТО и ЕУ. Иако Бугарија ја призна Македонија под нејзиното уставно име усилбите на Бугарија взаемно да се празнуваат македонските државни празници на Македонија, ја изнесуваат бугарската теза за две држави - еден народ.

На Интернет се води невидена пропаганда со која на многу македонски дејци им се припишува бугарско потекло. Во врска со ова би го изнел следниот пример за присвојување на националноста на Панко Брашнаров. Во свидетелство за завршено трикласно бугарско училиште бр. 291 од 16 мај 1901 година стои само: момчето Панко Брашнаро,в родом од гр. Велес, на возраст од 19 години, не пишува што е по националност. Во свидетелството на Панко Брашнаров за завршено трикласно педагошко училиште од 23 јуни 1902 година стои по народност Блгарин-поданик турски.

Во свидетелство за завршен Виши педагошки курс во Пловдив издадено 24 јуни 1915 година стои: Панко Брашнаров роден 27 јули 1883 во Велес, околија Велешка (Македонија) по народност Блгарин - поданик српски.

Во свидетелство издадено од Светиот Синод на бугарската црква Но. 5827 од 27 август 1915 година стои Панко Брашнаров од гр. Велес-Македонија. Од изнесеното може да се види дека бугарската пропаганда трае перманентно но само се менува према дневно-политичките потреби.

Притисокот за бришење македонскиот идентитет и македонскиот јазик не е од вчера. Во далечната 1901 година во почетокот на своето учителствување Панко Брашнаров се судрил со политиката на бугарската Егзархија, во училиштата наставата да се изведува на бугарски јазик и нејзиното упорно настојување за бугаризација на Македонија. Од 1901 до 1911 година Панко Брашнаров во многу села во Македонија и во Велес предава исклучиво на македонски народен јазик, при што останувал и без егзистенција затоа што Егзархијаа партиципирала само на егзархиските училишта. А за улогата за јазикот и неговата нераскинлива врска со македонскиот народ далекувидиот Крсте П. Мисирков уште во 1903 година ја ис��ажал во делото „За македонските работи“.

Борбата за македонскиот јазик не застанува тука и таа доаѓа до израз кога Президиумот на АСНОМ бил доследен за основање на Телеграфска агенција за Македонија (ТАМ). Панко посебно внимание посветувал за правилно информирање на јавноста, посебно за информирање на странската јавност за состојбите во Македонија преку тоа и за афирмација на македонската националност и државност во меѓународниот простор. Истовремено Блаже Конески, Веселинка Малинска со група соработници работат на создавањето на македонскиот литературен јазик, кое се реализира во јуни 1945 година.

Се здобивме со македонска држава, со македонски јазик но надворешниот притисок трае до ден денес и е уште пожесток.

Се прашувам на кој начин ние се бориме против овие притисоци однадвор, каков е нашиот став и против одговор?

Со досегашниот став на „статус кво“ и веќе излитената фраза „да ја сочуваме оазата на мирот“ се откажавме од македонското малцинство во соседните земји. Потоа под притисок на многубројни надворешни „доброчинители“ го сменивме знамето, дел од историјата и што ти не.

Во услови на се' поизразена кохабитација на релација Влада-Претседател а уште поизразен антагонизам во односите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се ослабува внатрешната кохезија на Македонија што многу вешто го користи надворешниот фактор да ја одвраќа Македонија што подалеку од патот кон НАТО и ЕУ. Ни се поставуваат се' повеќе нови и нови услови и сме исправени пред една апорема.

Не сум стручен да предложам политичко решение за овие проблеми но верувам дека кај секој кој одлучува за овие прашања ќе проработи патриотизмот и во интерес на државата ќе се надминат меѓу партиските разлики и ќе се дојде до единствен цврст став.

Премиерот Никола Груевски се зафати со активности со цел да ја измени инфериорната положба на Македонија во врска со спорот за името. За таа цел ја информираше севкупната светска јавност за проблемите на Република Македонија. За првпат досега меѓу другото го отвори прашањето за Егејците и МПЦ а со тоа храбро чепна во осиното гнездо на соседите.

Дали е сега време или невреме да се отвора прашањето за Егејците и МПЦ, ќе покаже времето. Затоа што се' што не е кажано и напишано и изнесено во јавноста како и да не постоело. А вистината сепак, еден ден ќе излезе на виделина.


Статијата е прочитана 1381 пати.

Испрати коментар

Од: ВМК
Датум: 29.11.2008 10:19:28
Сосема се во право дека треба добрососедски односи со соседитее,се рабира не треба некој да презентира некое право територијално оти како ви беше вчера кога Алија ви рече дека Скопје е главен град на Дарданиа, и по се изгледа дека сака тоа така и да остане..Нема потреба да се прекројуваат границите,туку да се влезе во ЕУ и НАТО, тоа го рече и косовниот татко Адем Демачи кој важи за добар политичар,дека Никола не треба да ги миира преговорите со грција и дека нема потреба од сега некое отворање на прашања и егејците од гр.сакаат да влеземе во ЕУ, и да нема граници,не да се угодува на олигарсите за да не им замине ефтината сиромашна работна рака во европа и прават далавери со политичарите.....Влегување во ЕУ,нема врска што кажуват бугарите...Во БГ во 192о г.е 2 милиона македонци однесени и раселени од егеј во целата БГ,па поради тоа нема потреба да не бидеме еден исти народ,ние сме исти народ со Бугарите со егејските маке��онци...не е преправајте историјата,срамота е.....Позз
Од: liliana
Датум: 29.11.2008 10:25:58
_ se soglasuvam so vas no konstatacijata nee dovolna treba da se reagira . Mojata sestra Gospogjata F ; P ;_Bouchereau koja predava poveke od 10 godini vo INALCO departman na SORBONA , makedonski jazik , sekojdnevno se soocuva so takvi problemi od strana na bugarskite i grckite profesori. Poveke od deset godini se bori sama -so podrshka od studentite- a dosega ni makedonskata ambassada ni odgovornite organi vo Makedonija neja podrzuvaat kako sto se podrzani professorite bugari i grci od nivnite strani. Sekoja godina organizira Makedonski denovi _3 dena- za promoviranje na jazikot, kulturata i istorijata na nasata zemja , sekoja godina se po uspeshno od predhodnata , no bez golema podrshka . Kako mozesh da branish neshto koga si sam i so goli race i nikoj pozadi tebe . Da ne ni e togash cudno za seto sto se slucuva sme samite nie vinovni , nekoj od nas i samite ne znaeme koj sme sto sme .........
Од: turcin
Датум: 29.11.2008 12:47:04
abe bravo na LJupco Georgieski ,,vojvodata blgarski,, po makedonija se seta anti makedonska propaganda siri, a od makedonskata drzava se napravi milioner ,i pros covek ova ke go svati deka sevo ova sto blgarite go propagiraat ima vrska so Ljupco izdajnikot koj javno ja deli makedonija aa uste postrasno e toa sto nikoj nisto nemoze da mu stori , zalosno makedonijo so takvi vojvodi i vlasti ce trgas uste maka a sotebe i neduzen narod
Од: Туши
Датум: 29.11.2008 14:52:36
Бугарската пропаганда е видлива дури на коментарите по темата - ВМК, немој ти да ја „преправаш“ историјата - бројот на македонската емиграција од 1878 до 1950 година во Бугарија не е повеќе од 150 000 луѓе, Македонци, Власи, Евреи итн. Наводните 2 милиони се една од многуте бугарски бесрамни лаги !
Од: Makedonec
Датум: 29.11.2008 15:11:54
verojatno sosema ste vo pravo.mojot tatko se imashkoluvano eden period('37-'41)i svidetelstvo to mu e Srpsko,so Srpsko prezime,ama ne sum zagledal dali pishuva od koja nacija e.Istoto shto go pishuvate(asimilacija od strana na Bugarite)se sluchuva od '41-'43 koga svidetelstvata se pishuvani na Bugraski i na decata im se menuvani preziminjata,a novorodenite ne mozele da se krstat i zapishat vo matichno,ako iminjata ne im bile isti ili slichni na Bugarskite.Se prashuvam kakvi diplomi,odnosno shto ke pishuva na diplomite na Makedoncite koi zavrshuvaat fakulteti vo Bugarija?Inaku asimilacija ne pravat i ne pravele samo Bugarite,pogledajte shto se sluchuva so Makedoncite Muslimani i niv gi asimiliraa ili kako Albanci ili kako Turci.Do den denes ima Makedonci koi imaat Srpski presiminja prevzemeni od dedovci i pradedovci koga Makedonija bila Vardarska banovina.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма