Иако имате чувство дека некој постојано ви го попречува патот, планетите велат дека немате причина за грижа. Понекогаш, со малку труд, се постигнуваат големи резултати. Вашето време не е ограничено и пред вас стои успешен период што сигурно ќе најдете начин да го искористите. Само треба да научите да бидете трпеливи.
Бик
Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Престанете да размислувате за далечната иднина и направете чекор напред во емотивната врска.
Близнаци
Околностите во кои се наоѓате ве принудуваат да се насочувате кон повеќе нешта, но вие постојано играте на картата на незаинтересираност кога станува збор за емоциите. Доколку сами не одлучите да преземете нешто, работите нема да се придвижат кон посакуваната цел.
Рак
Ќе настојувате да ја скриете својата ранливост и емотивната страна на карактерот. Бидете внимателни и послушајте го советот на еден ваш соработник, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Но, мора да најдете начин да се решите од ваквите моменти и храбро да зачекорите кон целта.
Лав
Без оглед што постојано сметате дека ви е потребна некоја промена, вие не се одлучувате на тој чекор. Обземени сте со некое чувство на мрзеливост и посакувате нештата да се решат сами од себе. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. Бидете трпеливи и истрајни во желбите.
Девица
Не морате постојано да бидете драматични за да им покажете на другите што мислите и чувствувате. Направете го тоа на едноставен и примерен начин што сигурно ќе ја интересира вашата околина. Ова не само среќа, туку и добар начин да дојдете до она што веќе долго го посакувате.
Терезија
Во моментите кога чувствувате напнатост и затегнатост во односите со партнерот, имате потреба да ја префрлите вината на друга страна. Тоа е сосема погрешно и можеби е крајно време да успеете да ги согледате и вашите негативности, со цел да дојдете до конечно решение и излез од кризата.
Скорпија
Кога еднаш ќе изјавите нешто, потоа не можете лесно да го повлечете зборот или да се покаете. Морате да внимавате што и како зборувате пред своите соработници, бидејќи некој сериозно може да се почувствува навреден од вашиот арогантен став. Подобро размислете за вашите коментари.
Стрелец
Потрудете се во овој период да обрнете повеќе внимание на себе и внатрешниот мир. За некои од вас одличен избор ќе биде заминувањето на некоја планина, додека, пак, за другите физичката активност или вежбите се идеално решение. Важно е да не се доведувате во ситуација да западнете во судир со околината или со соработниците.
Јарец
Иако многу се надевате на проектите што се центар на вашето размислување, крајниот ефект нема да биде она што го посакувате. Во замена за нервоза, обидете се да сфатите дека понекогаш целта се достигнува преку потешкиот пат и лесно ќе успеете да дојдете до конечен успех. Промената на плановите значи и зголемување на анксиозноста.
Водолија
Бегањето од проблемите, кое не е типично за вас, воопшто не е решение на кризата во која се наоѓате. Колку и да изгледа привлечно неприфаќањето на реалноста, мора да знаете дека проблемот повторно ќе се појави. Гордоста и цврстиот став би можеле да ве доведат до конечно решение. Внимавајте на настинки и вирози.
Риби
Не е лесно доколку морате да се откажете од професионалните планови, поради расчистување на стари семејни проблеми што во периодов ќе ви одземат многу време и здравје. Без напредување во кариерата ќе се почувствувате сами и изгубени, но за кратко време. Успешните луѓе како вас лесно се враќаат во игра.