Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонија одбележа 17 години независност и самостојност

„Верувам дека ќе го одбраниме нашето име и ќе ги оствариме и нашите определби за членство во ЕУ и НАТО“, рече на свеченоста шефот на парламентот Трајко Вељановски

„Осми септември заедно со двата Илиндена претставуваат три датуми во историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија кои се тесно поврзани со вековните стремежи, борби и сонувања за самостојна држава. Седумнаесет години по осамостојувањето, со гордост може да се каже дека Република Македонија е суверен и самостоен меѓународен субјект, член на сите меѓународни организации“, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељановски во обраќањето на завчерашниот прием спроти Денот на независноста на Македонија. Пред присутните во преполната сала во парламентарниот дом, меѓу кои беа и претседателот на државата Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, на верските заедници и други, Вељановски посочи дека стремежите и определбите на Македонија, кои во минатиот век беа државотворност и самостојност, сега се историските и културните вредности на кои им припаѓа, а тоа е Европа, односно членството во Европската унија и во НАТО.

„На тој пат неодамна бевме грубо запрени иако ги исполнивме сите критериуми за членство во НАТО, а единствената причина за тоа беше нашето име Македонија, нашиот идентитет како Македонци. Ништо ново во нашата историја, но сакам да потсетам дека секогаш сме знаеле да го одбраниме нашиот идентитет и секогаш од ваквите борби сме излегувале посилни. Затоа верувам дека и овој пат сите заедно ќе го одбраниме нашето име и нашиот национален и културен идентитет, а ќе ги оствариме и нашите определби за полноправно членство во Европската унија и НАТО. За остварување на тие цели има голема поддршка од граѓаните на Република Македонија и политички консензус“, истакна Вељановски.

Во чест на празникот, АРМ завчеравечер истрела почесна артилериска стрелба, а вчера во Охрид беше одржан и првиот воен регионален атлетски маратон. Синоќа, пак, на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа и голема музичка манифестација, за што Владата претходно организираше бесплатен превоз за граѓаните од другите населени места. (Св.У.)

 


Статијата е прочит��на 1059 пати.

Испрати коментар

Од: GetBet
Датум: 09.09.2008 00:18:07
Prasanje e kolku sme nezavisni i samostojni
Од: lenin
Датум: 09.09.2008 04:45:51
Za ovie sedumnaeset godini nichto dobro ne vidovme.Se zbogatija odreden broj na luge blagodarenie na partiite.Mnogu luge ostanaa bez rabota i plata.Tuka e i vojnata vo 2001 godina i za zal tie chto e napravija denes se vo vlasta, a raselenite i denes nemozat da se vratat vo svoite domovi.Vo bivcha Jugoslavija ne bea krivi nekoj drugi , a kade e krivicata sega koga i po tolku godini od osamosuvaneto nikako da trgne na podobro.
Од: makedonsko devojce
Датум: 09.09.2008 10:16:58
Na ovaa statija namesto slikata od naredenite politicari poveke i odgovara grozomornata i tazna slika od decata koi se drogiraat na ulica.Narode makedonski - Happy Anniversary !!!
Од: epten zaeban
Датум: 09.09.2008 11:16:15
Vcera na plostadot se odrza velicenstvena proslava,navistina mi e zal sto ne prisustvuvav, dolgo ser dvoumev no sepak ne otidov No mislam i na televizija nebese loso.Premierot kasnese samo 35minuti toa ne e nisto za nego pa neli toj kasni vo prosek eden cas.Negoviot govor bese navistina impresiven samo ne ostana do kraj jasno dali Makedonija ce zarati so grcija ili pak so celo NATO,ako e vtoroto ce treba malku podobro da se pripremime.Dobro e sto go prekininaa direkniot prenos od proslavata na plostad inaku ce go propustevme filmot na SITEL posveten na makedonskata nezavisnost .Ili pak bese posveten na jugoslovenskata nezavisnos ili pak za bratstvoto i edinstvoto na jugoslovenskite narodi a zaedno so niv i antickite makedonci da vi kazam ova nemie bas jasno.
Од: Atanasija
Датум: 09.09.2008 11:32:21
Taka e:ostanuvame so veruvanje v o idninata.I toa e nesto.Ne potsetuvaat deka republika Makedonija e clenka vo site megjunarodni organizacii i asocijacii,osven Vo Evropskata Unija,kade geografski propagjame,no ne i politickiNe sme ni vo NATO,iako na NATO im bevme preminin za Kosovo vo 1999 g.-i za toa treba da se stori uste nesto.zatoa-sto slavevme vcera?Osmi Septemvri go donesovme site gragjani koi se izjasnivme za nezavisna,suverena makedonska drzava-no natamu izbiravme vlast koja tokmu kako drzaven subjekt ke napravi da bideme del od politicka Evropa.A ne sme.Ocigledno,vtoriot del od "Teskoto" na Blaze Koneski ke pocekame za da go doziveeme.Sega sme uste kaj taznite gajdi i tapaniDa ne ima greska vo cekorite kaj ovaa Vlada,a i vo prethodnite?!
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 09.09.2008 14:18:23
" Malite narodi se bolni od golemoto razbiranje na drugite ! " SOKRAT 469-399g anticki filozof i ucitel na Platon.
Од: Ристо Андовa
Датум: 09.09.2008 15:46:13
Во приницип, на прослави кои се однесуваат на државата, главен збор и централна личност би требело да биде Претседателот. Како личност тој може да ни се допаѓа или не, но како инстуција мора да се почитува. За жал, на вчерашниот митинг него го немаше нити беше спомнат! Во улога на централна личност на прославата. Премиерот во својот говор, меѓу другото, повика на единство, на слога, на законитост итн. Мене сето тоа ми прозвуче на иронија! Но што да се прави? Кај нас многу нешта превртени се на опаку. Наопаку не гледа еве и светот!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Наместо мониторинг, нов деловник за Македонија
Македонски знамиња во Мелбурн по повод 8 Септември
Груевски