Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Масовна тепачка во „Идризово“

Неколку часа траела физичката пресметка меѓу две групи затвореници, осудени за најтешки дела

Даниела Трпчевска

Бурна ноќ во најголемиот затвор во земјава, „Идризово“. Педесетина затвореници осудени за најтешки криминални дела се обиделе да се пресметаат со шестмина осуденици, сместени во четвртото затворско крило. Во налетот на групата, не успеал да ги спречи никој. Најпрвин настрадале надзорниците, од кои двајца се повредени. За да се смири ескалираната и зовриена ситуација во затворот, интервенирале „ебрите“. Како што дознаваме, драмата во затворот траела минимум два часа. Инцидентот почнал околу 18 часот, а специјалците успеале да го стивнат дури два часа подоцна. Во текот на вчерашниот ден состојбата беше смирена, но будно се следи од страна на надлежните. Полицијата ги прегледува снимките за да утврди кој го започнал инцидентот и кој се учествувал во него, по што се најавуваат пријави против тепачите. Надлежните на затворите вчера одржуваа низа средби и состаноци за големиот инцидент, а увид на местото направија и претставници на народниот правобранител.

Се' уште официјално не се познати мотивите за крвничката тепачка, во која главниот збор го имале осудени за тероризам, трговија со оружје, убиство, полов напад, разбојништво. Од Министерството за правда вчера потврдија дека во инцидентот се повредени двајца надзорници. „Инцидентот се случи завчеравечер кога група затвореници од затвореното одделение, осудени за најтешки дела, се обиделе да се пресметаат со шестмина затвореници сместени во друго крило поради меѓусебна вербална навреда“, велат од Правда. Во инцидентот немало повредени затвореници. Надлежните тврдат дека била предизвикана само помала материјална штета.

Според одредени шпекулации, вжештената состојба во „Идризово“ била само продолжение на претходни расправии што избувнале пред неколку дена меѓу двете групи. Како што дознаваме, околу 18 часот голема група осуденици тргнала од погорните под подолните катови во затвореното одделение. Инцидентот се случувал во два наврата и траел најмалку два часа.

„Против осудените лица што го предизвикале инцидентот ќе биде поднесена кривична пријава за тепачката“, велат од Правда.

Увид во затворот „Идризово“ извршија претставници на Народниот правобранител. И тие го констатирале истото - дека дуелот меѓу двете големи групи траел неколку часа и дека полесно е повреден еден од надзорниците што се обидел да ги раздвои. Меѓу затворениците нема повредени, не е констатирана прекумерна употреба на сила од страна на надзорниците“, велат од кај омбудсманот. Последната тепачка е само еден од низата инциденти во затворите. И извештаите на омбудсманот предупредуваа на чести физички пресметки во затворите, кои, според нив, не можат да се решат само со вработување на надзорници, туку е неопходно да профункционираат сите служби за работа со осудениците.

Претседателот на Независниот синдикат на Воспитно-казнените установи во земјава, Стојче Јовановски, изразува загриженост по последниот инцидент, во кој се повредени двајца надзорници. Тој укажува дека вработените во затворите најпрофесионално си ја вршат работата, но постојано се на удар на осудениците од кои трпат и вербални и физички напади.

„Дневно поднесуваме по три-четири жалби за омаловажувањето, нападите и физичките закани што ги трпиме од осудениците, но никој не води сметка за нашите поплаки. Ако продолжи ваквата состојба, не е исклучена можноста и да се жалиме до народниот правобранител“, вели Јовановски. Пренатрупаноста на затворите и малиот број вработени се најважните причини, според синдикатот, кои доведуваат до вакви инциденти, чиј епилог зад решетките никој не може да го предвиди.


#
Статијата е прочитана 1633 пати.

Испрати коментар

Од: Петар
Датум: 04.12.2010 21:47:01
За да донесуваш заклучоци за некоја работа а посебно кога и таа ти е дел од обврските во врска со таа работа мислам дека треба директно да ја искусиш таа работа. Конкретно НАРОДНИТЕ ПРВОБРАНИТЕЛИ треба да поработаат малку во затворите во секторите за обезбедување за да директно се соочат со проблемите искусат па потоа да коментираат. бидејки кај нас има една поговорка `` На краставичар, краставици му продава``. И сега на тие со доживотна казна ке им поднесаат уште по една кривична за 2 дела и ке ги осудат после доживотната да поизлежат уште по некоја година. Оние надлежните кои се грижаат единствено и само за осудените повторно и тоа што е реновирано пак ке го реновираат да потрае некој ден додека пак намерно не се искрши. А дали од тие надлежните некој барем малку се запрашал како им е на оние што секојдневно се таму иако не осудени секојдневно мораат да ги трпат тортурите и заканите како од осудените така и од НАДЛЕЖНИТЕ.
Од: горан
Датум: 04.12.2010 21:48:32
Голем ПОЗДРАВ до синдикатот! Малкумина знаат за состојбата на вработените во затворите и тортурата врз нив која не е само од затворениците туку и од директорите!
Од: literat
Датум: 05.12.2010 09:24:21
Идризово е држава во држава.Тоа го знаат сите,ама никој не сака да и погледне на вистината во очи.Осудениците на големи казни се во повеќе од пријателски односи со вработените во затворот,посебно со надзорниците.Едни со други си помагаат,се со една цел да заработ пари на грбот на уплашените осудени лица,кои се жртви на рекет и измами и од едните и од другите.Затоа и си земаат за право да делат сопствена правда во затворот.Криминал,мито,корупција,дрога,коцка,се секојдневието на Идризово.
Од: XXL
Датум: 05.12.2010 15:49:12
Dobro be Utrinski ..sto objavivte ...Komercijalna bila najdobra banka ...vo Makedonija ??? Da ne e nekoa greska ...denovive slusame deka najdobri bankarski uslugi i najplateni bankari "rabotele" vo Idrizovo...E sega sto uslugite cesto se kompromitirani..ne e za cudenje takva im e administracija i salterska sluzba...!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Кондовец чувал дома рачен фрлач
Тројца загинати во две несреќи
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars