Што прават денеска
Светлана Христова-Јоциќ
писателка
Денеска работам на еден есеј за блаженството и преокупирана сум со размисли на таа тема. На тоа ме предизвика расправата на филозофот Сенека за блажениот живот и размислата дека човекот може да го оствари тоа само ако се ослободи од помислата за минливоста и постигне внатрешна постојаност. На тоа се надоврзувам со мојата констатација дека треба да се каже „не“ на сите искушенија што не' заведуваат.
Марјан Коцев
пејач
Утринава од Скопје патувам за Битола, на посета кај драги пријатели, со кои одамна планираме да направиме убаво дружење. Тоа дружење ќе трае колку што е можно подолго, барем до крајниот можен час, пред да тргнам на пат за Кавадарци, каде што вечерва имам настап на една семејна веселба.
Цветанка Ласкова
дир. на продукција „Кан“
Иако е сабота, време за викенд-одмор, сепак, одам во студиото да довршам со средувањето на некои материјали, што го започнав вчера. Попладне имам договорено ручек со пријатели, а се' што останува е време за одмор и потсетување на мојот пејачки репертоар, бидејќи по подолго време повторно ќе пеам за Нова година, во хотелот „Дрим“ во Струга. |