Македонија има студентарија која е еднаква на европската. Има потенцијал кој само треба да се искористи
Интересирањето ми го привлекоа протестите во Грција во врска со убиството на 15- годишното момче од страна на полицијата. Невиден хаос се создаде во наредните денови низ целата држава. Протестите што започнаа во Атина, продолжија низ другите градови, а по неколку дена се проширија и низ европските градови каде што е лоцирана грчката емиграција. Не гледаме често освојување на амбасади од сопствената емиграција и палења на знамиња на својата земја во знак на револт (помалку се радуваме на ова поради нашата мака со Грците). Иако на почетокот се' изгледаше како да е студентска иницијатива да се искаже негодување од употребата на полициска сила на радикален начин, како што минуваа деновите стана јасно дека се работи за едно многу поголемо општо незадоволство кое само најде начин да се канализира вака. По изминувањето на неколку дена, во протестите се вклучија и синдикатите, а потоа започна да се инволвира и грчката опозиција, за да се слушнат деновиве и барања за предвремени избори. Како што може да се види, ова е еден вообичаен протокол кога се во прашање протести и изразување незадоволсто. Капиталот што го создадоа само за неколку дена анархистите, вообичаено е да се канализира во политиката, а некој да се обиде од тоа да создаде политичка предност.
Се поставува прашањето дали е можно и реално така радикална реакција на широките слоеви да се појави поради убиство на малолетник од полицијата? За нас не се вообичаени, односно ние како нација не сме склони да реагираме на ваков начин. Нашиот приод секогаш е покроток. Во состојба на војна, во 2001 година, кога беа убивани по дузини бранители, по месеци и месеци хаос, едвај се случи едно и единствено изразување на негодување пред Собранието. Тогаш беа искршени автомобили на МВР, а дел од демонстрантите влегоа во Сорбанието. Имало многу други критични ситуации кога не се реагирало радикално. Затоа ние малку со чудење гледаме на протестите во Грција. Дури и сме посклони да пронаоѓаме заговор зад масата демонстранти, да гледаме политички маневар и намера на опозицијата за уривање, отколку да помислиме дека протестите се средство за остварување сопствени убедувања, но и легитимен начин да се искаже незадоволство од владеење на власта.
Истовремено, многу малку се знае дека социјалниот радикализам во Грција има длабоки корени. Ваквите идеи во Грција доаѓаат од Европа во деветнаесеттиот век. Посебно од седумдесетте дена на Париската комуна во 1871 година. Тоа е време кога се формирани работничките синдикати, време кога социјалистичките идеи и Карл Маркс како идеолог на комунистичкото движење се појавуваат во грчкото општество. Уште од тоа време е познато дека социјалистичките групи во Грција се многу активни и дека често се користи правото на штрајк. Некои од тие штрајкови завршуваат и со жестоки судири со властите, кршење на машините и работни инсталации, а добар дел од нив завршуваат успешно, со уважување на нивните барања.
Не сум сигурен дека може да се поврзат, односно да се подведат под исто историјатот на анархизмот со историјатот на студентските протести, бидејќи тие во одредени временски периоди имаат различна заднина. Но, бидејќи идејата ми е да го објасниме феноменот на протестите, ќе ги спомнам во ист контекст. Значаен елемент што стои во фундаментот на сегашните протести се, секако, протестите на Политехничкиот факултет во Атина во 1973. Станува збор за студентски протести против грчката воена хунта (1967-1974). Овие протести завршуваат во воена интервенција на војската и крвопролевање (24 мртви, стотици повредени), односно насилно, со влегување тенкови на факултетот од каде што беше отпорот. Меѓутоа, наскоро падна воената хунта. Денеска 17 ноември е неработен школски празник во Грција. А во кампусот на Политехничкиот факултет секоја година се одржува комеморација во знак на сеќавање. Токму во ваков момент, неколку недели по одбележувањето на годишнината од протестите против хунтата, дојде до убиството на малолетникот од полицијата. Затоа низ призма на овие историски настани и повеќе од очекувана е оваа реакција на улиците во државата. Не би се изненадил ако дојде и до предвремени избори, а протестите да се најава за смена на владејачката гарнитура.
Кај нас често се слуша во муабетите дека тоа е една од картите на кои ние можеме да играме. Односно, да се надеваме дека ќе дојде до смена на сегашната гарнитура. Тоа, на некој начин, слушам, за нас би било олеснување и истовремено надеж дека со некоја друга гарнитура полесно би можеле да се разбереме. Не сум сигурен дека тоа навистина и може да биде така. Дури и да дојде до смена на гарнитурата на власт во Грција, не гледам можност да се олабави конфронтацијата. Ќе мора да се смисли некое друго решение.
За мене е интересен феноменот на протестите на студентите. Односно, како се шират рефлексиите преку државните граници и имаат ли студентските движења транснационално влијание. Некако како да сме навикнати кај нас работите да бидат сосема обратни од вообичаените радикални студентски движења во светот, па ако сакате и во Грција. Можам да кажам дека мојата генерација имаше свои идеи, дека за нив се бореше. Нашите протести ја обединија енергијата на цела една генерација. Нивното ехо, со одредени намерни замаглувања, се слуша до денеска. Задоволство е да се чуе дека некои нови генерации, што тогаш биле основци и немале никаква врска со протестите од 1997 (допрва ќе се анализира нивното значење и намерата), знаат за протестите и на нив гледаат како на легитимна можност за искажување на своите ставови.
Студентите во нашата држава се идната водечка и движечка сила на Македонија. На секоја нивна политичка и општествена активност треба да се гледа со симпатија и поддршка. Наместо да се потиснуваат и тргаат настрана, нивната енергија треба да дојде до израз. Нивниот ентузијазам е оној импулс што можеби ни недостасува. Ретко слушаме за изблик на жестока и чиста студентска мисла. Склон бев да мислам дека тие поради своите студентски проблеми не си даваат за право ништо да искоментираат, дека се задлабочени во својот свет. Признавам, бев демантиран во четвртокот навечер. Имено, група студенти во градската библиотека "Браќа Миладиновци" организираше "вечер на јавно говорење - слободна студентска мисла". Имаше девет говорници и неколку стотини колеги публика. Одлични теми, нецензурирани по ниедна основа (должина, ширина, тежина, политичка конотација...). Беа соопштени извонредно и инспиративно (ќе ги објават на Интернет). А беа дочекани френетично. Сега, кога реминисцирам, кога се потсетувам, се ежам. Фала му на бога што бев привилегиран да бидам во близина на таа енергија. Уживав. Си ги наполнив батериите. Заклучив - Македонија има студентарија која е еднакво и повеќе од тоа еквивалентна на сите европски. Таа има потенцијал кој само треба да се искористи. Не да се потиснува, да се користи!
Низ оваа призма ви станува ли јасно зошто се поделени, расцепкани со разни евтини (скапо наплатувани) униформи студентите, принудени да го следат себичниот интерес на некои моќници од сферата на образованието. (Авторот е магистер по меѓународна политика)
Благодарам за убавите искажани зборови за настанот којшто го организиравме во библиотеката, цел ни е да го разбудиме студентот во сите нас. Ќе работиме на тоа да не остане само настанот од четвртокот навечер, ќе продолжиме и понатаму. Благодарам за поддршката уште еднаш!
Од: od bobby
Датум: 13.12.2008 01:51:44
Jas ne se slagam deka studentite se anarkisti apovejke se slagam deka policiata i vladata se fasisti vo grcia ima golema siromastia sekoj 4 zitel nema sansa da studira ako roditelite ne go skoluva a tova dovaga od vladata poradi nema pari radi korumpciata ikriminalot önie pari sto treba dagi dadat vo eu usa vo svetot da kupuva ime islicno za studentite i penzionerite ne ostanuva.
Од: Nov Zeland
Датум: 13.12.2008 01:59:08
Cestitki do organizatorite na nastanot opisan vo natpisot. Cestitki i do avtorot na tekstot sto go stavi vo perspektiva eden od najvaznite elementi za napredok na sekoja drzava - studenskoto organiziranje i dejstvuvanje.
Imav moznost da bidam del od studenskoto dvizenje vo Nov Zeland i sakam da podelam edno zalenje sto toa sto se slucuva tuka ne se slucuva i vo Makedonija. Imeno, tuka studentite organiziraat protesti i lobiranje pred da se donese sekoj zakon koj e povrzan so studentskiot zivot. Istotaka, studentite se edna od najglasnite grupi pred da se pocnat i koga ke se vodat predizborni kampanji - se zalagaat za nivnite baranja da bidat vkluceni vo predizbornite vetuvanja i programi na najgolemite partii koi podocna dokolku se izbrani se realiziraat i toa vo korist na studentite kako edna od najgolemite organizirani grupi na glasaci vo drzavata. Makedonskite studenti imaat ogromen potencijal, demokratski i ustavno-zagarantirani sredstva za da bidat vodeckiot glas na razumot vo MK
Од: Студент
Датум: 13.12.2008 02:45:47
Немам зборови буквално... подобро од ова неможе. Одлично кажано во секој поглед.
Од: bimbo
Датум: 13.12.2008 03:08:27
Se duri Makedonska intelegencija pogolem broj na novinarite se na vladiniot platen spisok edno, vtoro se duri vladata i crkvata /zaednichki paket/ na narodot vrshat perenje na mozokot na nekakov antichki_hunziski_supernacionalna nacija i treto se duri Makedonska mladina i studenti se polovina pasivni so ogranichena sloboda na mislenje i idei, do togash nashata Makedonska drzava ke pliva vo magla.
Од: Nikola Pupinoski
Датум: 13.12.2008 04:13:29
Direktore,
Pred se blagodaram za vasata podrska,blagodaram za vasata verba vo nas koi sto govorevme tamu,blagodaram za dadenite prostorii i se sto ni bese potrebno da se cue nasiot glas,da se cue nasata misla koja i e potrebna na studentskata raja,ugnetena i zbuneta od raznite formi na deluvanje vo ovaa nasa drzava.Potrebna e podrska na nasite ograniceni moznosti za da go ostvarime toa sto go imame zacrtano.Ocekuvame ekvivalentna podrska,kako taa sto ni ja dadovte, za nasite idni dejstvuvanja...pozdrav
Од: Пинг
Датум: 13.12.2008 08:52:08
До сега редовно ги читам ставовите на почитуваниот колумнист во Вашиот весник. По втор пат од како го читам, не успеав да ја препознаам во текстот темата, или уште подобро целта на написот. Можеби ќе рече дека не сум го пронашол она што сум го очекувал. Како да се подисплашил од нешто. Анализите на темите за к��и пишува се одлични, но јас очекував порака. Инаку, проблемите на Јунанистан се тие. Лично не се ситам на нив, и ако тоа заслужуваат и многу полошо. Поздрав до сите Ваши и наши. И по кој знае кој пат Ве молам сите што пишувате коментари, правете го тоа на КИРИЛИЦА.
Од: I.
Датум: 13.12.2008 08:55:27
Bev ucesnik na (poslednite?) studentski protesti vo Skopje pred 15-tina godini, na koi glavna uloga imase avtorot na kolumnata.
Ne sum siguren za osnovnata ideja na protestite, no se sekjavam kako taa bese interpretirana na Arhitektonskiot fakultet-da ne se dozvoli albanski jazik vo visokoto obrazovanie.
Da ne se zaboravi...
Од: mene
Датум: 13.12.2008 10:34:42
Колумнава опфаќа повеќе аспекти на студенските протести, но најважна е поентата дека студентската младина е движечка сила и енергија на една земја. После тивкото замолчување на студентите на ораторската вечер на Правен, каде не им дозволија да настапат со свои текстови, таа енергија мораше негде да избликне. Пријатно се изненадив кога професорка во Грција беше на протести заедно со своите ученици и јавно излезе пред камери. Каде беа нашите професори кога минатата година протестираа нажите матуранти-денешни студенти? Ете тука е разликата. Таа е приказната за Трпе и Трпејца и поуката дека наведната глава сабја не ја сече. Но нашава младина никако не смее да влезе во тој филм. Едуцирана, со пошироки погледи благодарение на интернет и др.технолошки предности, тие живеат во глобално село наречено Свет. Верувам и посакувам таа енергија да надвладее. Поздрав.
Од: Student
Датум: 13.12.2008 11:12:31
Секое движење од овој карактер , без разлика дали е студентско или друго , има своја намена и свои организатори , ако авторот на оваа колумна сака да веруваме дека тој е чиста душа , и дека се грижи пред се македонските студенти , а не за себе , ако сака да веруваме дека тој е искрен во своите зборови , треба да го соблече костимот и да ја фрли дипломата , да си го признае минатото и да си ја заборави иднината . До тогаш , ваквите текстови треба да се читаат како хумор и забава , приредена од quasi водачите на македонскиот народ .
Од: Студентка
Датум: 13.12.2008 12:30:23
Кај повеќето студенти во Македонија, се уште не е разбудена свеста за моќта која студентите како авнгарда ја поседуваат! Многумина се ограничени на полагање испити и плачење за тешкиот студентски живот, а притоа забораваат дека тие самите можат и притоа мораат да направат нешто за подобрување на сопствената ситуација! Само со омасовување на акции како гореспомнатата ке се приближиме до целта и разгориме студентското движење! Верувам дека оние кои ја спознале суштината на тоа да се биде студент, и го носат зборот не само како атрибут туку го прифаќаат како дел од сопственото битисување наскоро ќе бидат слушнати.
Од: VMK
Датум: 13.12.2008 12:33:43
Се гледа кој се наследници на Александар Македонски,нели истото кај нас се случува,сосема истата ситуација,ама кај нас народот е некој друг не е тој што е во Грција..Подршка за младите грчки јунаци...така треба...Филипе едно време и тебе ти упатив телеграма за подршка...можеби времето менува се,па така и ние се променивме.Жално што ќутиме на луѓе кои не заслужуваат портири да бидат во било која влада,или било кој парламент во светот...ама ние сме ние вардарци,пиринци,егејци,не сме славните елини....Позз.
Од: Trocki
Датум: 13.12.2008 12:36:36
Studentite vo Makedonija se mnogu pasivni. Hipokrizija e koga ministerot za obrazovanie veli deka studentite se vodecka misla, tie treba da kritibuvaat, da ja vodat drzavata napred i sl.Toa e tocno, no nasata "konzervativna" vlada se plasi od napredno mislenje i od menuvanje na nestata. Zasto ce ni se sluci isto kako vo Grcija. Im davam celosna poddrska na grckite studenti i grckiot narod koj se bori protiv samovoilijata na nivnata vlast i protiv siromastijata. Francuskite, italijanskite i spanskite studenti i levicarskite partii vcera imdadoa poddrska na prtotestite vo Grcija. No najinteresno e sto prvi vo taa poddrska bea Turskite studenti. Nikoj od nasite mediumi ne go prenese toa. Ve molam, daj te go internet sajtot od studentskiot forum izgleda interesno i nadezno deka ne stanuvame Germanija od triesettite godini!
Од: Васко
Датум: 13.12.2008 14:12:05
студентите во македонија неможат да се изборат ниту за топла вода во домовите, а не за нешто повеќе.
Од: goran
Датум: 13.12.2008 15:12:07
filip, segasnata garnitura na diktatorot gruevski ne ja potcenuvaj, sepak igra lukavo i mudro so studentite, i go nasocuva vnimanieto vo nekakvi vauceri i eftini kompjuteri, gi kupuva!
Од: Ивана
Датум: 13.12.2008 15:31:52
Се согласувам во целост. Таа вечер се соединија духовите на сите во салата, наспроти мизеријата од ораторска вечер која ни ја скратија. Македонија може да биде горда на своите студенти, кои иако немаат многу услови имаат борбеност и душа...А тоа вреди многу повеќе.
Од: saso Germanija
Датум: 13.12.2008 21:33:42
Studentarija denes, ama utre oruzje protiv svojot narod. So studenti ne se resava problemot na nevrabotenosta vo edna industriski nerazviena zemja kako Makedonija.
A za Grcija moze da se kaze deka e zrtva na svojot sistem koj godini na red ne go podobri clenstvoto vo EU na
ovaa zemja so mnogu bolöesti, vo niv i naconalizmot
na Grcite kon malcinstvata.
Од: taipov abdula-intelektualec
Датум: 14.12.2008 20:53:45
Vo komentarite nekoji od citatelite insistiraat da se pisuva na kirilica jas nemam protiv kaj nas nemame internet so kirilica pa zatoa pisuvam na latinica.
Grcija e vestacka zemja koja nema kontrola nad svojata intelegencija nitu pak moze da ima celosna vlAST NA OSTROVITE.Grcija e seuste grad drzava samo gospod neka im bide na pomos
dodeka se raspravaat so ustavnoto ime na RM-gospod im ga vrati so kamata.
Grcija zivee na smetka na NATO i Evropa bez ovie institucii grcija e nula jas kako pripadnik na turskata multietnicka zaednica im pszeluvam pogolemo sozitelstvo na turcite i makedoncite vo RM i da ja pomagame denesnata vlada bidejki ovaa vlada im dade shansa na site multietnicki zaednici da bidaat zastapeni vo politickiot zivot na RM.