Попушта конструкцијата на тимот за преговори околу името што го промовира неодамна Владата
Соња Крамарска
Во очекување новиот преговарач за името, Зоран Јолевски, да дојде во Македонија и да биде одржана првата рунда консултации на државниот врв за натамошниот тек на преговорите, во Скопје продолжуваат шпекулациите околу новиот преговарачки тим што го најави Владата и во кој најави дека активно ќе учествувал и досегашниот преговарач Никола Димитров.
Преговорите околу името со Грција ќе продолжат, најави завчера премиерот Никола Груевски во изјава дадена за новинарите во Брисел, но не даде детали кога ќе се одржи и дали воопшто во скоро време ќе се одржи нова преговарачка сесија.
Меѓутоа, интересно е тоа што досегашниот преговарач Никола Димитров, кој при назначувањето на Зоран Јолевски за негов наследник беше посочен како личност што и натаму ќе остане во преговарачкиот процес заедно со Мартин Протоѓер, најверојатно ќе го одбие тоа.
Димитров смета дека е неумесно тој и натаму да остане директно инволвиран во преговорите.„Со оглед на мојата директна инволвираност во процесот околу името, имам одговорност да се ставам на располагање за да има континуитет, а и во интерес на државата. Меѓутоа, оваа улога ја гледам само како давање совети, консултации и слично. Но, не гледам логика за мое натамошно учество во самите разговори. Мислам дека не би било соодветно такво нешто“, ни изјави Никола Димитров.
Димитров важи за ѕвезда на македонската дипломатија, а неговата кариера се градеше токму во кризните моменти за Македонија. Тој учествуваше, заедно со претседателот Борис Трајковски, во справувањето на бегалската криза во 1999 година, потоа за време на конфликтот во 2001 година беше советник за национална безбедност на Трајковски, а од 2003, па се' до неговото сменување беше преговарач во спорот за името со Грција. Димитров моментно е национал��н координатор во процесот на зачленувањето на Македонија во НАТО, но како што се шпекулира, нема долго да остане на таа позиција. По епизодата со неговото сменување од страна на Црвенковски од функцијата преговарач, Димитров се' почесто може да се види во друштво со премиерот Груевски, со кого до неодамна одржуваше студени односи, особено по интервјуто за Канал 5 телевизија по самитот на НАТО во Букурешт, во кое Димитров ја критикуваше македонската стратегија во спорот околу името.
Неофицијалните информации на „Утрински весник“ се дека Димитров и шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, ќе бидат застапници на тужбата што ја поднесе нашата земја против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Димитров, сепак, одби да ги коментира таквите информации.
Од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски засега нема никакви информации за тоа каква соработка очекуваат со новиот преговарач Зоран Јолевски, кој е избран од страна на премиерот Груевски. Црвенковски при настапот во парламентот поврзан со преговорите за името рече дека целата одговорност му ја препушта на Груевски, како што рече, за да се одбегне двојството во стратегијата меѓу него и премиерот.
Оттогаш Црвенковски како да дигна раце од преговорите и своите ставови ги кажува на трибини низ земјава, иако како шеф на државата има уставна улога во надворешната политика и тој го назначува преговарачот во спорот со името.
Јолевски и претходниот преговарач Никола Димитров заедно работеа во Кабинетот на поранешниот претседател Борис Трајковски, каде што Димитров беше советник за национална безбедност, а Јолевски беше шеф на Кабинетот на претседателот. Нивните односи, велат други членови на претседателскиот кабинет од тоа време, биле коректни, но без посебна блиска соработка.
Ова е мошне важен момент за атмосферата во тимот што го најави Владата во натамошниот преговарачки процес и во судскиот спор против Грција во Хаг, кои се поврзани еден со друг.
Според нашите информации, последниот предлог на посредникот Метју Нимиц се смета за мртов, бидејќи македонската страна на него одговорила со двојната формула. Оттука, процените се дека наредната сеанса на македонскиот преговарач Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис со Нимиц би била во насока на подготовка на евентуален нов предлог до двете страни во преговорите.
Со оглед на тоа дека божикните празници се на прагот, а тоа е и главната причина за доаѓањето на Јолевски во Македонија, повеќе од јасно е дека смената на преговарачот Димитров и тужбата што ја поднесовме во Хаг сериозно го забавија преговарачкиот процес и го влошија амбиентот и на домашен план и во самите преговори во кои активно учествуваат Обединетите нации и САД.
dimitrov ne treba da izigrava vtora violina ni vo hag ni vo newyork - pa drugi da se kitat so negovi perja. i da saka ne moze so inka da mu stavi znaenje i elokvencija na noviot pregovarac koj ne znae dve recenici da svrze. a za hag neka si tera milososki , a ako se zatoplile odnosite so premierot treba da go stavi nikola minister za nadvoresni malku da prknat odnosive zasto antonio ne go biva i nema ni stas ni recnik a diplomat. i prestanete veke so toa deka crvenkovski dignal race, ne dignal on race ama so ovie ne moze covek normalen da se dogovori samo se inatat a dimitrov go pribraa deka branko go razresi pa sea oni se dobrite a go tretiraa dimitrov ko protokol i visese nadvor
Од: Dejan
Датум: 13.12.2008 03:23:30
Mojot komentar se odnesuva na poslednata recenica. Ne mi se dopaga nacinot na koj pocituvanit novinar dava konstatacija. Deka so tuzbata vo Hag go zabavuvame pregovarackiot proces i deka e vlosen ambientot na pregovorite. Pregovorite ne se pocnati od vcera, i nivnioto finisiranje ne zavisat samo od nas. I ne e samo da zavrsat, ami ova e prasanje od egsistencijalna priroda za nasata drzava i taka treba da se tretira. Novinarot MORA da bide objektiven vo informiranjeto i celosno i nepristrasno da gi sogleduva situaciite za koj pisuva a, kontstaciite da im gi ostavi na citatelite.
Ova e samo moj komentar-mislenje ili konstatacija za mnogu procitani vesti od mnogu novinari i mnogu vesnici i informativni agencii.
Posebno me zagrizuva ironijata so koja neretko i malku zavitkano se sluzat novinarite koi pisuvaat za nasata no i nivnata zemja. Dobivam vpecatok deka stanuva zbor za nekoj novinar od sosedna zemja koj saka da vrsi nekakva propaganda protiv se sto e makedonsko.
Од: Pozdrav do Dimitrov - ostani DOSTOINSTVEN takov kakov sto si
Датум: 13.12.2008 05:25:03
Jas licno go obozavam Dimitrov. Mu poracuvam NIKOGAS da ne prifati takvo ponizuvanje. Jolevski na nokti ne moze da mu se fati a pa da ne zboruvam za toj Protuger. Dimitrov vo dzep gi stava i dvajcata. On e sposoben za 1000 kako niv. Zatoa mizerija bi bilo ako Dimiitrov si dozvoli tolku nisko da padne i da im bide potrcko na dvajcata. So takva bedna ponuda VMRO-DPMNE i Gruevski si poigruvaat i go ponizuvaat Dimitrov. Tie ako go sakaa i ako go cenea NEMASE do vcera da plukaat po nego a sega koga Branko go trgna i go spasi od nivnite plukanici i ponizuvanja oni demek mu nudat mesto (a ne radi drugo nego u inat na Branko) a ustvari ponudenoto e frlanje koska da ja glodza. Takvo ponizuvanje NE SMEE da si dozvoli Dimitrov. On ne e Protuger pa da bide kuce Zagarce - potrcko. Dimitrov ima DOSTOINSTVO i MORA kako takov da opstoi.
Од: ramadan
Датум: 13.12.2008 09:38:10
Za ova pred izvesno vreme imase napis i jas kako i drugi ,dadov svoe mislenje.Jas ne go napadjam novinarot oti smetam deka vrz osnova na dobieni informacii , dava svoj komentar.Ne sakam da navleguvam vo toa deka negoviot komentar e pristrasen i zavzema strana.Seto ova sto okolu ova prasanje se diga "prasina" zboruva za nasiot odnos kon sopstvenata Drzava.Makedonija e zemja so problemi do "gusa". Eden od tie problemi e imeto,jazikot,nacionalnosta i identitetot na 67% od aktivnite ziteli na zemjava.Predlogot za clenovite na "pregovarackiot tim"e samo edna obicna sitnica na pismonosci.Problemot ne e vo toa.Problemot e deka Makedonija ne smee da ostane kako Drzava. Denes najmalku e vazno koj ce "pregovara".Prasanjeto e za sto voopsto se pregovara.Poslednata izjava na "pederot"Kusner ,
samo ja potvrduva mojata teza.I za edna obicna viza ,mora da go smenime imeto ako sakame da odime kaj niv(ne sakam i jas da im go spomnam
nivnoto ime).Naskoro ocekuvam deka i gospodata
so diplomatski paso
Од: pejo fon mariovo
Датум: 13.12.2008 09:42:26
se e edna golema boranija na celo so Grujo i nemu slicnite(se misli na BC).
na ovaa kutra drzava i trebaat novi neizvalkani i cesni luge,vo sprotivno,tranzicijata prodolzuva,dramata so imeto isto taka,i ponatamu ke si toneme....
Од: gv-
Датум: 13.12.2008 10:22:22
Aferim Nikola vo celost se slagam so tebe ,si od dvajcata podobar diplomat i ne preporacuvam da ne bides vo senka na eden Protugjer.
Од: flying-monaco
Датум: 13.12.2008 10:44:40
Komentar za demokratot:
Odcenite koi gi davas za Jolevski ili Dimitrov i Crvenkovski izgleda nesto so tebe nee vo red predlagam da se kontroliras kaj psiholog. Aminister za nadvoresni raboti trebalo izgleda tebe da te postavat.Do denes ke govorevme grcki ili srpski. Na makedonski jazik nema ON ili ONI. taka velat srbite...Pa te molam prekontrolirajse...
Од: браво
Датум: 13.12.2008 11:10:56
Додека е ВМРО на власт и Обама да го стават на чело на преговарачкиот тим, ништо од ЕУ и НАТО. Им одговара оваа ситуација за да можљт да крадат.
Од: ljupco
Датум: 13.12.2008 13:26:47
Sega e momentot za prekin na pregovorite.Grcija e vo plamen,a i Evropskata kurtizana ne tera daleku.Ke re raspadne,garant.
Од: St.Aleksandar
Датум: 13.12.2008 14:02:22
Sto e so kampanjava? Veke pocna? A jas mislev deka se vo mart izborite! Imam edna molba do utrinski : ostani neutralen za izborive, bidejki komentarive sto iskacaat samo na komunjarive se so vasa podrska! Se nadevam deka ovoj pat ke go objavite i mojot fer plej.
Од: od mene
Датум: 13.12.2008 15:19:40
Димитров се врака веднаш по заминувањето на Црвенкоски. Ова е само привремено отстранување на Димитров. а за ЕУ и НАТО подобро е да заборавите..Не не сакаат а ние треба да ја градиме нашата татковина за биде подобра од ЕУ.
Од: Makedonec od usa
Датум: 13.12.2008 15:32:56
Vo poraneshniot (komunjarski)sistem imashe pravilo"ako ne sakash da se reshi problemot formiraj komisija"i sega grujo formira komisija(pregovarachki tim)so cel da ne se reshi problemot.Od druga strana problemot treba da se reshi kako reshenieto so "Gordieviot chvor",nie si imame ime,kakvo takvo od nasledstvo na BC i KG,pa povelete da ne zchlenite vo organizaciite.Ne znam shto go meshaat Egejskoto prashanje,a ne go meshaat Pirinskoto prashanje vo pregovorite za imeto,edno so drugo e odi.
Од: marko
Датум: 13.12.2008 16:23:56
I shto ima vrska koja "violina ke bide" koga OVA SE VREDNUVA KAKO IZVEDBA NA CEL ORKESTAR!!! Ove gluposti sega shto gi pravat; bil "vtora violina...onoj bil prv - se chisti glupost, t.e. NAMETNATI sporovi za da napravat razdor, da se rasturi timot I GRCITE DA POBEDAT!! Mnogu lesna finta....samo nekoj ja gleda a nekoj ne, za zhal!!!
Од: ginger
Датум: 13.12.2008 22:32:42
dimitrov sigurno e iskalen vo toa sto go rabotel.no zosto gi napagjate jolevski i protugjer,ne mu se tie krivi sto go smenile..jolevski mi izgleda na dobar izbor da go zameni dimitrov vo rabotata.korisno bi bilo dimitrov da ja nadmine suetata i da pomogne vo celata situacija kolku sto moze so svoeto iskustvo ,bidejki stanuva zbor za nacionalen interes, a ne stanuva zbor za panagjur na sueti!
Од: commanddevil
Датум: 13.12.2008 23:52:16
ne komentirajki za drugite sto ke bidat vo sporot ---za dimitrov,kazuvaat sposoben? se gleda deka bil sposoben,sekade kade bil involviran-sekade sme bile gubitnici i porazeni..zarem ne e toa cudno? dosta so samo falbi.ne cini ni protogjer koj so svoite bugarski koreni nema da vodi nasa politika. zatoa neka ne se zamajuvaat komentatorive ovde-ne biva ni eden od niv a pogotvo dimitrov..koj e vklucen vo sekoja nevolja na makedonija --no nikade nema rezultat..sekade samo-=ponizuvanja
Од: Petre
Датум: 14.12.2008 02:05:35
Dimitrov beshe eden od najdobrite pregovaraci,ama Crvenkovski si izgubil umot,ne Gruevski..Crvenkovski go odbi Dimitrov od makedonskata delegacja.Crvenkovski et samo za SDSM,ne za Makedonja. Posle 16 godini,sto napravil Crvenkovski? A on saka vo 2 godini Gruevski da ja svrsi cela rabota.Et mnogu smesno sto Crvenkovski si krenal race.Izgledaj si sto si storil vo 16 godini za Republika Makedonja?
Од: До Петре
Датум: 14.12.2008 14:55:44
За тебе времето застанало пред 60 години.
Од: taipov abdula-intelektualec
Датум: 14.12.2008 20:41:41
Vo nikoj slucaj ne treba odgovornosta okolu ne resenite politicki odnosi(okolu ne priznavanjeto na makedonskata nacija i ustavnoto ime na RM) od nasite sosedi,Grcija i Bugarija da se prepisuva na denesnata vlada deka e ne uspesna vo resavanjeto na ovie vitalni problemi na RM.
Dodeka na makedonskite gragjani i multietnicki zaednici im treba edinstvo i sozitelstvo vo ovoj moment.
Grcija i Bugarija ke se soocaat so mnogu problemi od koga RM-ke vleze vo clenstvoto na NATO i EU-togas makedoncite koji ziveat vo ovie dve zemji ke imaat prava na kulturno pole da se samoorganiziraat(da imaat svoji kultuirni drustva duri i da se skoluvaat na svoj majcin jazik) fakticki problemite ke gi osetaat tek togas(turcite vo grcija uste ne se priznaeni kako turci nego muslimani a vo bugarija postoji vestacka demokratija) vo odnos na maked.ovie nasi sosedi se mnogu daleku koga ke go praznuvaat Bajram kako drzaven praznik veke vo RM se praznuva.makedon.i tursk.segment se garant za opstanokot na RM.