Број 3464  четврток, 23 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Нова катна гаража кај Судска палата

За објектот вреден 5 милиони евра, Општина Центар ќе земе кредит од 2,5 милиони евра

Општина Центар не се откажува од идејата за изградба на катна гаража кај Судска палата, иако дел од општинскиот Совет е против овој капитален проект. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ наскоро ќе одлучи од која банка ќе земе заем за да го гради објектот, а деновиве ќе биде познато и која фирма ќе ги изведува градежните работи. Според најавите на Тодоровиќ, катната гаража ќе почне да се гради наскоро.

„Градежните работи планираме да ги почнеме по Нова година. Рокот за изградба е до крајот на 2012 година. Според направените процени, објектот максимално ќе биде оправдан, со оглед на тоа дека во тој реон гравитираат неколку административни објекти“, смета Тодоровиќ.

За објектот вреден околу 5 милиони евра, општината планира преку кредит да обезбеди 2,5 милиони, а остатокот ќе ги „извадела“ со продажба на деловниот простор уште во фаза на изградба. Според објаснувањето на градоначалникот, фасадата ќе биде модернистичка со стилски елементи, со цел да се вклопи во околината, имајќи во предвид дека во непосредна близина се гради новиот Кривичен суд, кој ќе има стилски изглед.

Катната гаража ќе биде со капацитет од околу 500 паркинг-места, со бруто развиена површина од речиси 19.000 квадратни метри од кои 1.537 квадрати ќе бидат наменети за деловен простор.

Објектот ќе има пет нивоа над земја, приземје и едно подземно ниво. Деловниот простор ќе се наоѓа на првите три ката, а останатите ќе служат само за паркинг. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 731 пати.

Испрати коментар

Од: tomo
Датум: 23.12.2010 14:26:52
Ni, vrabotenite , pak ke nema kade da ja ostavime kolata 8 casa. Za kogo se ovie katni garazi?
Од: jas
Датум: 23.12.2010 21:12:03
E ova e genijalno "STILSKI IZGLED'" sto znaci toa??? koj stil e vo prasanje
Од: Holandija
Датум: 24.12.2010 01:44:27
katna garaza koja od 5 kata ke ima 3 kata deloven prostor ?! i toa se narekuva katna garaza ?! ova so katnite garazi izgleda stana nacin vo Makedonija da se uzurpira i gradat delovni prostori so izgovor deka se katni garazi, za koi se plaka pomalku davacki! Cisto perenje pari i oragniziran kriminal! ako e katna garaza - neka bide samo garaza celiot objekt, kako sto e sekade vo Evropa! sakas da gradis garaza ? gradi ali nema da ima deloven prostor koj potoa ke se izdava ili prodava...a pak ke nema dovolno parking mesto!
Од: bimba
Датум: 24.12.2010 09:35:31
Eden den sakame garazi pa ne sakame pa perele pari pa zasto deloven prostor, pa zasto takva fasada... Gluposti bez argumenti? Kaj e problemot da se investira vo nesto sto kje ovozmozi vrakjanje na investicijata i rentabilnost kako i moznost za angaziranje rabotnici???

Најди! во Утрински
Скопје
Изгубеното во ЈСП станува најдено
Новогодишен карван за деца
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks