Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Венцислав Недев

селектор на карате репрезентација

Целото мое внимание е насочено кон подготовките на балканскиот семинар во традиционално карате што ќе се одржи во Скопје кон крајот на јануари. На семинарот гостин ќе биде Илија Јорга, еден од најпознатите инструктори, носител на појас 10 дан, единствен во Европа.

Иван Бејков

контрабасист

Празници се, Божик, па, логично, со семејството одиме на ручек кај најблиските. Вечерните часови, како и секој ден изминативе неколку месеци, ми се резервирани за вежбање контрабас. Се подготвувам за магистерскиот испит што се надевам ќе го полагам во февруари. А, ако ми остане малку слободно време, ќе работам на новите композиции за следниот албум на „Проект жлуст“.

Бени Шакири

пејач

Се' уште ме држи постпразничното расположение - се одморам, се дојадуваат руската салата и кифлите, уживаме во релаксираната атмосфера. Лежерната атмосфера трае до вечер кога се подготвувам за редовниот настап во клубот „Колосеум“ што почнува по полноќ.


#
Најди! во Утрински