Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Милошоски се сретна со Клинтон во Талин

Талин - Министерот Антонио Милошоски на маргините на состанокот на НАТО и земјите во ИСАФ мисијата во Авганистан во Талин имаше кратка средба со американската државна секретар-ка Хилари Клинтон.

„Разменивме мислења околу најважните работи за Македонија и за регионот и сметам дека за нас е најважно да се најде начин достоинствено да го заземеме своето заслужено место во НАТО. Сметам дека и во интерес на САД е Македонија што побргу да стане полноправна членка на Алијансата“, истакна Милошоски.

Според него, на средбата станало збор за билатералното прашање „преку кое Грција го блокира членството на Македонија во НАТО“. Шефот на македонската дипломатија ја информирал Клинтон за најновите настани и за одредени иницијативи на Македонија за создавање подобра клима за надминување на билатералниот спор за името.

„Стабилноста и развојот на целиот регион, вклучително и на Македонија, не треба да биде оставена или да биде ставена како заложник на еден ваков билатерален проблем или негова злоупотреба за домашни политички цели“, истакна Милошоски.

Тој рече дека ставовите на Клинтон „ги потврдиле очекувањата на Македонија дека приоритет на САД во однос на регионот е што поскоро зачленување не само на Македонија, туку и на другите земји што би ги исполниле условите за членство“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 511 пати.

Испрати коментар

Од: Lakonski minister
Датум: 24.04.2010 11:40:55
Sredbata bila na marginite i traela 15 minuti. Pet minuti prestavuvanje , pet minuti pozdravuvanje i za pet minuti nasiot kkicevcanec "temelno" ja zapoznal g-dja Klinrton so razvojot na nastanite vo regionot i situacijata okolu imeti. Bravos .! Navistina nevidena efikasnost i lakonsko izrazuvanje?!

Најди! во Утрински
На прво место
И вицепремиерот Наумовски доби интерпелација
Протестот на стечајците произведе политичка бура