Број 2937  понеделник, 16 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Европа треба да ги заштити малцинствата

Потребно е да се почитува правото на самоизјаснување на македонското малцинство, вели Томас Хамарберг

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Повод за разговорот со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг, беше неговиот извештај за ситуацијата со малцинствата во Грција.

Хамарберг, иако за време на својата посета на Грција, кога го подготвуваше извештајот, не се сретна со претставниците на македонското малцинство, сепак, се повика на документите на Советот на Европа и на други меѓународни, во кои се тврди дека тоа малцинство постои и се чувствува обесправено. Во извештајот, комесарот испрати барање до Грција да ги зголеми напорите за да се гарантираат и заштитуваат правата на малцинствата, со посебна загриженост поради упорното одбивање на грчките власти да признаат дека во Грција постојат и други малцинства, покрај муслиманското, при што мисли и на македонското малцинство.

Хамарберг, исто така, повторува дека припадниците на македонската заедница побарале од грчките власти да им го признаат правото на самоопределување и дека во Грција постои македонско национално малцинство. Одговорот на грчката влада беше дека во Грција не постои македонско малцинство. Атина, сепак, признава дека постои една група грчки државјани, кои зборуваат еден „словенски дијалект“, но некои од нив биле политички искористувани од фактори надвор од земјата.

За ваквата позиција на Грција, Хамарберг вели дека таа не е единствената земја во Европа што не признава постоење на малцинства. „Таков е случајот со Турција, Франција и со Грција. Позицијата на овие земји е дека ако официјално се признае постоењето на малцинство, се појавуваат ризици за дискриминација и нивно изложување на предрасуди од остатокот на населението. Нивната официјална позиција за негирање на постоењето на малцинство се правда со намерата да се заштити од дискриминација тоа малцинство. Затоа Советот на Европа ја има донесено Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, која дозволува да се избегнат кршењата на правата на малцинствата и нивната дискриминација“.

Хамарберг признава дека претставува голема дилема како да се дефинира едно малцинство. Затоа, според него, оставено е правото на самоизјаснување, според кое малцинството само се определува за да се избегне ситуацијата на негативно сфаќање на поимот малцинство. Одбивањето на властите на една држава да признаат дека постои малцинство, кое самото се определува како такво, создава услови да биде третирано негативно и на дискриминаторски начин од остатокот на населението. „Фактот што им се одбива правото да се самоопределат и да создадат здруженија и партии може да се смета како сериозно кршење на нивното право“, додава Хамарберг.


Конгресот на Виножито во Соровичево

Комесарот за човекови права мисли дека комбинацијата на пописот со процесот на самоизјаснување е нешто позитивно и тоа им дава можност да се изјаснат и да ја искажат својата припадност на една група. Како последица, државата е наведена да признае дека постојат луѓе кои изразуваат желба да и' припаѓаат на една малцинска група, а со тоа и правото да создаваат здруженија, да издаваат весници и да се состануваат како група.

На забелешката дека, покрај Грција, и Бугарија исто така отворено негира дека постои македонско малцинство и дали тоа може да се смета за регионален проблем наследен од минатото, Томас Хамарберг признава дека тоа е регионален проблем. „Но, исто така, тоа е европски проблем, всушност, тоа е општ проблем, последица од минатото, тоа е проблем во овој дел на Европа, кој не може да се негира“. Но, во модерна Европа, според комесарот за човекови права, „луѓето може да имаат повеќе идентитети, тие може истовремено да и' припаѓаат на една малцинска група и да бидат лојални граѓани на државата и кон мнозинството (н.з. тоа постојано го тврдат припадниците на македонското малцинство во Бугарија и во Грција). Со почитувањето на плуралистичкиот идентитет на малцинствата, се почитува нивното право“.

Кршењето на нивните права доаѓа пред Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур, кој донесува пресуди во нивна полза. „Но, проблемот е во тоа што пресудите не се во целост почитувани ниту од Грција ниту од Бугарија. Се надевам дека дискусиите и дијалогот ќе продолжат околу ова прашање, а нашите извештаи ќе придонесат да се подобри нивната ситуација и за самата дискусија и секогаш во рамките на почитувањето на човековите и малцинските права“, нагласува Хамарберг.

За „амблематичниот“ случај со предметот на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, политичка партија која девет години по создавањето се' уште не може да учествува во политичкиот живот на Бугарија и покрај неколкуте пресуди во нејзина корист од Европскиот суд за правата на човекот, Хамарберг вели дека е запознат дека се водат дискусии во Комитетот на министрите на СЕ, но не знае со точност до каде се тие дискусии, при што категорично додава: „Се надевам дека Бугарија целосно ќе ја спроведе оваа пресуда“.

Проблемот со Бугарија и со Грција е во тоа што двете земји се повикуваат на меѓународни документи, како што е Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства, која на државите им ја остава слободата сами да одлучат на која малцинска група официјално ќе и' го доделат статутот на малцинство. Неодамна Парламентарното собрание на СЕ ја подвлече оваа слабост на конвенцијата и комесарот за човекови права признава дека не е лесно да се измени таа. Иако во ниту еден момент тој не го именува македонското малцинство, за случајот со ОМО „Илинден“ - ПИРИН изрази надеж дека ќе биде најдено добро решение за овој проблем. „Јас или моето биро ќе имаме можност да водиме разговори со бугарските власти за да видиме што може да се направи конкретно за овој случај во духот на човековите права“, вели Хамарберг.

На крајот од разговорот Хамарберг признава дека во Европа остануваат уште многу големи проблеми, иако е направено многу во однос на заштитата на правата на малцинствата. „Покрај напредокот, европскиот систем, за жал, не е совршен и останува уште многу да се направи во оваа област за да се подобри ситуацијата на малцинствата во многу земји“, заклучува комесарот за човекови права на Советот на Европа.


Статијата е прочитана 1778 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 16.03.2009 01:15:25
Малцинствата секаде се повеке привилегирани,па одлучив да се декларирам како припадник на едно малцинство кое сепак има врска со нас од западна Македонија..За да ги уживам правата на Македонија кои во целост ми се одземени како Македонец..одлучив да бидам ГРК...Бугарин не оти Македонциве многу ги мразат Бугарите,а према грците имаат повеке симпати...Па Господ на помош..А,може има и вистина во тоа...Читам во 1911 година...во Битолскиот вилает имало скоро 3оо.ооо грци кој заминале..Значи во 1912 година,србија ги претопила...бугари имало помалу од грци,бар така стои на блог кај блогер ДОБРИН..бугарите ако се сегашниве наши Македонци кој неписмените османлии ги завеле така,кај се грците каде испариле...Таратур...салата ама со лук па смрди....Заштитувајте ги малцинствата а Македонскиот народ го убија политичарите од сиромаштија во овие 18 години,па не се правите живи....само малцинствата...ајмо во малцинства сите....за да имаме некое право во нашата мајка Македонија.....
Од: pameten
Датум: 16.03.2009 05:51:56
малцинска група и да бидат лојални граѓани на државата и кон мнозинството Sostojbata so Makedoncite vo Bugarija (i Bugarite vo Makedonija) e porezlichna.Nikade nema etnichka granica - edno selo Bugarsko, sosednoto Makedonsko. Razlikata e skolastichka. Videl sum familli edeniot brat da bide Makedonec, drugiot Bugarin. Sekako nivnite prava mora da bidat zachuvani i vo dvete zemji.
Од: zabegan.
Датум: 16.03.2009 08:06:16
KE bidam malce po ekstremen ako nekoj te UGNTUVA? po dolg periot a toa go glea cel SVET sto cekat tie vo grcija neli treba da reagirat i malce po radikalno da se odnesuvat.Ako treba neka krenat bunt posto se osekat zagrozeni?A ne da barat nekoj drug da im go resi problemot.Kako albancite vo Makedonija se osekale ne ramno pravni i bunt.STO cekat tie samo nas ni pravat problemi.
Од: L.P
Датум: 16.03.2009 08:16:22
toni , i pokraj seda prava shto gi uzivaat malcinstvata vo Makedonija , shto go nema vo niedna druga drzava, i vie toa dobro go znaete bidejki dvajcata se sretnuvame vo edna ista zemja prijatel na grcite , prisocite vazat i se vrshat samo vrz Makedonija!!!!
Од: jimmy1
Датум: 16.03.2009 08:22:52
Mala grupa, he he he, Grcki gluposti. Toa ne e mala grupa sto zboruva nekoj "dijalekt", Toa se makedonci, gi ima skoro 2 milioni a ne grupa kako sto naveduva Grcija. Koga da e ke si gi dobijat svoite prava pa ne e cudno da pobaraat osamostojuvanje od Grcija, kako sto toa go baraat nekoi Grcki pokraini.
Од: Petar.k
Датум: 16.03.2009 08:51:07
Ova seto e mackanje oci kako Evropa se zalaga za samoopredeluvanje koga odlukite na sudovite ne se pocituvaat kakva e taa evropa sto nosi zakoni a samata ne gi pocituva.Ako ova go svatime deka ima nadez deka eden den ke se deklariram ona sto sum posto i den denesen Evropa ne narekuva po nezino a ne kako jas se cuvstvuvam i deka se narekuvam MAKEDONEC.Od druga strana germanskata ambasadorka ni nalozuva deka morame da iscezneme od liceto na zemjata vo rok od 10god.Dali e ova licemerie kon segasnata Makedonska vlast ili vistinata sto ni se servira od strana na Evropa preku germanskata ambasadorka so pomos na domasnite predavnici.Ako e vistina deka morame da se smenime kako identitet povejce i veruvam na ambasadorkata a deka EU KE NE PRIZNAE kako MAKEDONSKI narod toa e samo son posto i samite kazuvaat deka EU ne funkcionira od strana na pravosudstvoto za poedini narodi.Sekogas koga ke slusnam od nasi politicari deka istorijata i antikata ne se osnova za postoenje tie se protiv MAKEDONIJA.
Од: Realen
Датум: 16.03.2009 10:48:57
Haha...Makedonija gi pocituvala malcinskite prava,dodeka drugite drzavi na Balkanot ne!!!!Abe odi begajte tamu,sto komentarite nesto ,koga vrska nemate od zivotot.Makedonija najflangratno gi krsi malcinskite prava,na isti nacin kako i drugite Balkanski drzavi.Prvo sto treba Makedonija da napravi so malcinstvata da im se izvini kako drzava ,za torturata koja se sproveduvala so decenii i se uste se sproveduva,koga pravoslavnata populacija koja bila na vlast im gi kradela sredstvata za nivniot razvoj,i na toj nacin gi osakatila za mnogu godini.Vtoro,od budjetot na Republika Mkd,treba da im se davaat sredstvata koi im sleduvaat,a ne da sirat demagogii za nekakva lojalnost .I kako treto se nadevam,deka ke prestanete da pisuvate nacisticki slogani vo imeto na Makedonstinata,i na toj nacin da se zdobivate so razni privilegii,kako bozemni golemi makedonci,a se drugoto ne vredi.Treto: drzavata treba da bide lojalna sprema malcinstvata,a ne obratno,kako vo komunjarskiot-nacistickiot period
Од: dedo dimo
Датум: 16.03.2009 11:49:09
Ovaj shto se javuva zabegan,jas mislam vistina e zabegan. Sramota da gi napagame lugeto ako ne mozime da im pomozime i drugo zboruvash da buntuvaat da vodat rat kako albancite da ginat .Znachi samo so vojni problemite mora da se reshavaat , se prashuvam vo koj svet ziveesh ?A EU e kurvinska organizacija i sve poveke lichi na div zapad .EU ako vistina saka site malcinstva da se ravnopravni ke mora da pochi zemjite koj ne gi poshtuvaat zakonite da gi iskluchuva od EU samo na toj nachinmozi da im se pomogni na malcinstvata,Primer se sluchajot so kosovo .zosto ne so drugite .
Од: Gospod
Датум: 16.03.2009 13:55:49
Do zabegan i Makedonija: Rdjavom i dlake smetaju. Ako vi treba prevod prijavete se kako malcinstvo Srbi. Nisto drugo ne znaete samo da pljukate po kogo stignete. Aman od vas "gladnite za leb". Glasajte za - ljopovite koi gi branite so vashiot gladen stomak. Ili vi odgovara povece mracno vreme i vi odgovara da ljapnete nesto. Ne vi e dosta sto gledate na TV deka Cavka na cavka oci ne i vadi. KOmunjar Cile i GLjupco - ljopovi koi ne se tuzat, tuku si pomagaat.
Од: shpati-shkup
Датум: 16.03.2009 16:29:32
citajki go tekstot i podolu reakciite na kolegite citateli,sakam i jas da prokomentiram nesto,a toa e deka greskite koi se napraveni vo makedonija poslednite godini po osamostojuvanjeto gi plakame deneska pa duri i nekoi greshki se povtoruvaat,vo stilot malcinstva i taka na tamu....... -daleku sme od percepcijata na demokratijata i poimanjeto na istata. eden primer so eden moj prijatel koj go poznavam kako makedonec,mi rece deka toj vsushnost e bugarin i deka ne smee da se izjasni kako takov i deka ima problemi i go navreduvaat,jas pomalku zacuden rekov ma nemoj jas mozam kako albanec da se izjasnam a ti ne mozes ? i pred nekoj den kerkata koja e srednoskolka mu se javi i go zamoli da vo ucilisteto ne ja zapise bugarka oti ima problemi vo skoloto,pa si velam moite deca nikogas ne pobarale od mene takvo nesto,a kolegata mi odgovori:DA vistinata e toa deka vo makedonija polesno e da se izjsnuvas kako labanec nego kako bugarin.(e i ovaa e makedonska demokratija)
Од: R.R.
Датум: 16.03.2009 17:11:12
Site baraat od Makedonija da ci pocituva malcinstvata koi sto ziveat vo nea a nikoj ne go postavuva prasanjeto kako zivee makedonskoto malcinstvo sto e vo drugite zemji.Najmnogu me iritira faktot deka i pokraj baranjata od Evropa Grcija nikako ne go priznava makedonskoto malcinstvo!

Најди! во Утрински
Насловна
Хуманистот Иванов
Во светот се бараат решенија за кризата, кај нас чаре се отказите
Зденко
ОДИХР не ги предвидува последиците од изборите, туку ги оценува
Не сум кандидат договорен зад затворени врати
Дупки на патот за ЕУ од лопатите на Груевски
Дали сега „Метрудхем“ ќе ја зацрни судбината на Велес?
Македонија повторно ја садеше зелената иднина
Евидентен подем на македонскиот роман
Цела изборна кампања - законски исклучок
Сексуално малтретирани деца на возраст од седум и осум години
Што и' носат Албанија и Хрватска на НАТО
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (13)