Број 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Високите потпетици на Саркози

Димитар Чулев

Постои сериозен дефект во функционирањето на Европската унија по ирското „не“ за ратификација на Лисабонскиот договор и во тој контекст можеби треба да се земат вербалните испади на францускиот претседател и претседавач со ЕУ, Никола Саркози, кои звучно детектираат проблеми во системот, особено во делот што се однесува за проширувањето на Европската унија.

Статистички податоци во Франција покажуваат дека дури 80 отсто Французи веруваат дека за време на француското претседателствување работите ќе одат на лошо, само 39 отсто веруваат дека француското претседателствување ќе може да ги промени нештата на позитивен начин во ЕУ.

Франција гестикулираше грандиозно претседателствување, пишуваше оваа пролет нашиот дописник од Париз, меѓутоа, на крајот, Елисејската палата мораше да признае дека поради ирското „не“ стрелките не се наместија на часовникот онака како што беа амбициите на Париз. Она што му следува на Саркози како претседавач со ЕУ во наредните шест месеци по преземањето на претседателството од Словенија е инсистирање на заедничка европска стратегија, решавање на проблемот со производство на храна и реформа на заедничката европска аграрна политика, справување со миграционите про��еси...

Францускиот министер за надворешни работи, Бернар Кушнер, на вториот ден од француското претседателствување со ЕУ, изјави дека „натамошното ширење на ЕУ кон Балканот и другите земји кои сакаат да се доближат, ќе дојде по потпишувањето на Лисабонскиот договор, а не пред тоа“. Ова е официјалниот став на Париз, особено откако една Полска, Чешка, па дури и Германија отворено се посомневаа дека Европската унија има капацитет за натамошно проширување по неприликите што им го создаде последното „мега“ проширување и кога на Франција и' се случи „полскиот водоводџија“.

Во тој контекст, без емоции, би требало да се сфатат вербалните излети на Саркози од типот дека „јас сум од Солун“. Неговата порака за долготрајното француско-грчко пријателство, која би требало да оди на контото на наводното проверено француско-грчко пријателство, реално гледано, повеќе би требало да ги навредува Грците кои поведени од нивните политичари веруваат дека Грција во спорот со Македонија доби уште еден значаен стабилен, силен итн. европски сојузник.

Но, Саркози, без оглед на колку и високи потпетици да биде кренат, не може ниту да помогне, ниту да одмогне во решавањето на спорот меѓу две држави, а ниту, пак, може да го оспори македонскиот прогрес во правец на европските интеграции ниту, пак, да ја фаворизира Грција во процесот на блокирањето на Македонија. Саркози беше тој кој пред Букурешт изјавуваше заедно со другите дека Македонија ги исполни сите критериуми за НАТО... Оттаму неговите прикаски за двојни напори кои треба да ги направи Македонија и кои во вид на официјално писмо што му го испрати на македонскиот претседател Бранко Црвенковски завчера покажуваат чудно менување на ставовите. Изјавата на шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел дека „нашето срце беше за Македонија, но моравме да ги почитуваме членовите на семејството“ и онаа на Саркози за традиционалното грчко-француско пријателство на крајот на краиштата имаат еднаква политичка тежина.

Франција има нејасна агенда околу проширувањето на ЕУ и отворено демонстрира ксенофобија кон Турција, отвора ерменски геноциди, курдски прашања... Нешта за кои актуелниот претседател не е многу вешт да говори. Во тој контекст, демонстрираната блискост со Грција има повеќе елементи на пропагандно промовирање на претседателот отколку суштинско занимавање со проблемот во чие решавање на македонскиот народ не може да му се чепка по идентитетот.


#
Статијата е прочитана 1856 пати.

Испрати коментар

Од: mitko says get a life
Датум: 04.07.2008 05:04:12
A be koga ke prestanete so ova kukumavcenje za Sarkozi? Covekot jasno si kaza na cija strana e. Nekako tesko se soocuvate so ona sto vi go kazuva vo oci. Prolupavte, a? I da e samo toj na nivna strana. Site se na nivna strana. Samo Slovencite i Amerikancite i Turcite bea na nasa. Zatoa trebase da se iskoristi ovoj moment namesto da se organiziraat kasapaani. Realno gledano samo Slovencite se voljni da go potegnat zaclenuvanjeto na Makedonija vo EU. Zatoa ne ni treba da se nadevame na nesto podobro slednite 13-tina godini. Ama narodot si glasase za Grujo, sto vo osnova znaci poddrska za negovata politika. Taka e toa, ne e sekoj za EU. Sepak trebase narodot malku da razmisli i da go natera Grujo da im objasni sto ke se sluci so Makedonija ako ne vleze vo integraciite. Ama ke doznae naskoro.
Од: Vasko
Датум: 04.07.2008 05:06:26
Odlicen tekst g-dine Dimitar Chulev.Smetam deka za vakvi tekstovi ke bidete poddrzuvani od site citateli,bez razlika na partiska ili bilo koja pripadnost.Ne se soglasiv voopsto so vasiot tekst od pred 2-3 dena-posto bese dosta partiski,megjutoa ovoj tekst vi e na mesto i celosna poddrska.Samo napred .Zaedno sme posilni.
Од: Petre
Датум: 04.07.2008 13:20:44
toj istiot Sarkozi i Francija, koj se nastrvija vrz Turcija i Makedonija, od druga strana sprema Srbija imat drugi arsini, tuka sega zemjata potencijalna kandidatka nametbnuva uslovi...nesto nevideno, demagogija, ruski Trojansko-konjski osovina vnatre vo EU, a koga ke vleze Srbija vo EU, duri togas EU ke stane Ruski satelit ili ke se raspadne..
Од: Buntovnik
Датум: 04.07.2008 14:08:59
Profesore, gledate kako samo so edno mislenje mozete da srkate od ve supi. Zamislete ja ovaa situacija na drzavno nivo. Vo Makedonija sto i da kazes ke srkas necija supa. Toa e naseto Makedonsko prokletstvo koe so vekovi ne sledi.

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""