Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Младенов не сака да слушне за малцинства

Не сум човек што би ја условувал Македонија за поддршка во ЕУ, вели бугарскиот министер

Бугарскиот шеф на дипломатијата Николај Младенов го отфрли барањето на Македонија во идниот договор за пријателство да има дел што ќе се однесува на македонското национално малцинство во таа држава. Тоа е тема, според Младенов, околу која Софија ќе одбие да разговара и уште повеќе од тоа - тема која, ако се отвори, тогаш нема што повеќе да се разговара со македонската Влада.

„Она што им го кажав многу јасно на нашите пријатели во Македонија е дека тезата за македонското малцинство во Бугарија воопшто нема да биде вклучена. Значи, ако сакаме да престанеме да зборуваме, треба да почнеме да зборуваме за македонско малцинство. Нашиот устав нема категорија малцинство, туку граѓани што имаат индивидуални човекови права. Не може да има етнички партии, верски партии и слично. Тоа се нашите правила што ние ги почитуваме“, порача Младенов во интервју за бугарските медиуми.

Втората порака што му ја пренел на министерот Антонио Милошоски, според Младенов, е дека договорот за пријателство што го нуди Бугарија не е услов, односно дека со него нема да се условува бугарската поддршка за Македонија во ЕУ.

„Видов коментари дека треба да поставиме услов за Македонија за бугарската поддршка во ЕУ. Но, ниту јас сум човекот ниту Бугарија е земјата која му ќе каже на некој од соседите „ова е цената за нашата поддршка. Зошто, наш генерален интерес е сите наши соседи да бидат во Унијата. Само така ќе можеме да се справиме со проблемите на Балканот и да одиме напред“, рекол Младенов.

Според негова оценка, денес оваа перспектива на балканските земји не изгледа толку светла како кога Бугарија, Романија и другите земји од Источна Европа беа кандидати за членки, поради што има многу голема потреба од фокусирање на отворените прашања. Прашан дали во договорот ќе се отвори прашањето за признавање на македонскиот јазик и кој јазик, всушност, го призна Бугарија во 1999 година, Младенов одговори со контрапрашање:

„А кога Бугарија го призна францускиот или српскиот јазик? Ниту една држава не признава јазик или определува народност. Јас не се сеќавам дека ние, кога го признававме Косово, рековме дека признаваме независна држава Косово со некој јазик и некој народ... Овие поими не се дел од инструментите на државите“, реплицираше Младенов. Околу заедничкото славење на историјата бугарскиот министер смета дека позицијата на Софија е јасна, но тоа во Македонија тешко го разбираат. „Ова е заедничка историја, наша историја. Тоа е историја што е и поголема од нас сами. Зашто Гоце Делчев за нас има огромно национално значење и таа ера симболизира нешто многу големо за целиот регион на Балканот. Тоа е наша историја, што не треба да не дели туку обединува. И, тоа е нешто што луѓето, особено во Македонија, тешко го разбираат“, изјави Младенов. Причината за ова спорење, според него, е што пет децении граѓаните во Македонија биле уверувани дека Бугарите им се непријатели, па сега треба да ни се објасни дека некој друг ни е непријател, оти светот многу се развил и дека Бугарија е отидена напред, а во начинот на размислување ги престигнала многу соседите. Според него, изненадувачки е колку е големо непознавањето на Бугарија од страна на Македонците, вклучувајќи ги и медиумите што водат во говорот на омразата.

Прашан дали Софија ќе реагира ако падне предлог Западна Македонија како име за нашата држава, Младенов повика на трпеливост, бидејќи предлог се' уште нема на маса. „Да видиме што ќе се случи. Бугарија ја призна земјата под уставното име Република Македонија. Суверено право на секоја држава е да реши како ќе се вика. Ова е навистина право што не може некој да го оспори. Но, суверена должност е, исто така, да направиш компромис кога станува збор за иднината на твојата земја. Според мене, крајно време е да се постигне некаков компромис и Македонија да излезе од изолацијата што ја кочи додека сите други одат напред“, порача Младенов. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 2958 пати.

Испрати коментар

Од: nick hill
Датум: 18.05.2010 00:21:29
"suvereno pravo na sekoja drzava e da resi kako ke se vika" gospodine Mladenov Makedonija svoeto suvereno pravo za kako da se vika go ima uste od 1991 koga stana nezavisna drzava i zatoa sega ne i treba nikakov kompromis ni so vas ni so grcija zatoa pocituvajte go toa "suvereno pravo' na makedonija da se narekuva Republika Makedonija.i kako ve primija vo EU a da ne vi poglednat vo ustavot deka nema nikakvo malcinstvo vo vasata Bugarija" Evropa licemerna".
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 18.05.2010 00:36:45
Se teche se se menuva, no ne i vo Makedonija. I posle 20 godini ochigledno ne mozheme da se oslobodeme od jugoslovenskata propaganda, chija cel beshe da gi prekine emocionalnite vrski megju bugarite i makedoncite, za kako mala nacija polesno da ne integriraat vo sklopot na Jugoslavija. Demagogijata za makedonska nacija vo BG e isto absurdna. Tie se chuvstvuvaat bugari i toa e glavnata prichina shto ni eden bugarski politichar ne se osmeluva da priznae makedonska nacija, bidejkji kje gi izgubi nivnite glasovi.
Од: marjan
Датум: 18.05.2010 01:25:21
na bugarive ne im doaga umot
Од: Vangel
Датум: 18.05.2010 03:14:53
Ako vo Bugarija nema malcinstvo, analogno da znaat i ne baraat "malcinstvo" (bugarsko) kaj nitu eden sosed. Znaci Spaska e edinka, a ne mnozina.
Од: BulgarMak
Датум: 18.05.2010 06:37:15
Smislata na dogovorot za prijatelstvo e da priznae denesna Makedonija kako samostojna drzava, so oddelna moderna nacija i oddelen jazik, formirana vo tekot na XX vek od bugarskoto etncko telo. OMO Ilinden e ekvivalentot na RADKO - edna volska kola marginalci, zarad koi ne cini da se zgaduvaat komijskite odnosi.
Од: Afion
Датум: 18.05.2010 07:08:52
Tocno e deka so bugarite imame istoriski, kulturoloski i jazicki dodirni tocki sto e apsolutno normalno za dva naroda vo sosedstvo. Zarem nemame kulturoloski zaednicki tocki so albancite, turcite? No tockite si se tocki i tie ne se dovolni (nitu potrebni) da se stavi ednakvosta megju makedonskiot i bugarskiot narod/nacija kako sto uporno ni se servira od bugarskata vlada upotrebuvajkji pefridni metodi: vi ja priznavme drzavata ne vi go priznavame jazikot, nacijata, Bugarija e gragjanska drzava bez nacionalni malcinstva. Ako nema makedonci vo Bugarija (makedonsko nacionalno malcinstvo) zosto togas Bugarija se plasi od nas? Zosto, ako imame bugraski gragjani koi formiraa organizacija narecena OMO Ilindrn PIRIN i sakaat da ja registriraat kao partija toa ne im e dozvoleno? Najlesno e da se zabie glavata vo pesok i da se kaze ne sakam da razgovaram za toa. Perfiden nacin za nase negiranje?
Од: pameten
Датум: 18.05.2010 08:09:33
Не може да има етнички партии, верски партии и слично. Pa ushte Jeferson objavil dema mora da ime dzid megju verata (etnitetot e sekularna vera) i politikata. Site partii mora da bidat otvoreni za ljuge od site veri i etnikumi. Etnichkite partii i "glasachki tela" se golema zagroza za sekoja drzhava. Inako vo Bugarija postojat mnogumina Makedonci, tie nikako ne se "malcinstvo". Da videl nekoj edno selo Makedonsko, sosednoto Bugarsko? Megju Makedoncite vo Bugarija ima nauchnici, umetnici, poitichari, duri premieri. Teshko kje bideme prijateli so niv ako tvrdime daka tie se "otrodeni". Makedonskiot narod ne se formiral so dekret, toku so istoriski razvoj po nemozhnosta da na povekje dolovi od Makedonija da se pripojat kon Bugarija. Denes nashite narodi mora da bidat strateshki sojuznici.
Од: Kiko
Датум: 18.05.2010 09:47:58
Eh bre kutri Makedoncinja, uporno odite so glavata vo zid i kaj i da e ke si ja dokrsite! Normalno e deka Bugarite, a ni Grcite, nema da dozvolat nie da im gi ureduvame drzavite i da im kazuvame imaat li ili ne malcinstva. Nikako da se oslobodime od komunistickata ju propaganda. Bravo za Bugarinot! Normalno e deka jazik i identitet ne se predmet na nikakvo priznavanje. Razbudete se dodeka ne pocnal kosmarot!
Од: Stefan
Датум: 18.05.2010 10:04:41
Нема ОМО нема “добрососедски односи“.... Нешто Нејасно? Прашања?
Од: Трпе
Датум: 18.05.2010 10:50:36
Каде се нашите дечки,кои водат држава и недајбоже може да ја растурат.Треба да учат многу од Бугарија.Ако тие не знат,барем нека прашат од постарите,каде и што беше Бугарија а каде бевме и каде сме сега ние.Но нормално е дека така ке биде кај нас кога имаме блада која се грижи само за свој личен , материјален интерес.
Од: eu
Датум: 18.05.2010 12:23:35
dragi makedoncinja ste se fatile za tia malcinstva samo zatoa sto vie ste dale prava na albanci i mislite site mora da go pravat toa pa vo eu se vrsi asimilacija nema nikakva prava na malcinstva tuka pod demokratija na covekovi prava se pordazbira pravata na bolni,hendikepirani,nevraboteni,styari iznemosteni,deca,studenti.......t.e. nikoj da ne trpi toa e osnovno covekovo pravo sto ce ti se nacionalni prava ako zivees vo beda i baras humanitarna za operacija i lecenje............
Од: do stefan
Датум: 18.05.2010 12:31:13
Нема ОМО нема “добрососедски односи“.... Нешто Нејасно? Прашања? Prashanje: Koj ima povekje potreba od "добрососедски односи" Sigurno NE e Bugarija - chlenka na EU i NATO
Од: kiril veles
Датум: 18.05.2010 12:37:28
na site makedonci treba da im e jasno deka makedoncite gi uzivaat site prava vo bugarija isto kako i ostanatite bugari pa makedoncite se nekade tretina od naselenieto vo cela bugarija i vo tekot na celata istorija na bugarskata drzava makedonci bile na najvisoki drzavni i politicki funkcii a isto taka makedonci bile i najvidni naucni i umetnicki dejci a oni sto sakaat da go osnovaat omo ilinden pirin niti se niti ke bidat makedonci tie se lugje sto podpadnale pod srbokomunistickata proaganda isto kako i vlastite na dpmne vo r.makedonija a inaku neka si soberat 5000(pet iljadi )potpisi i vednas ke bidat registrirani kako partija vo r,bugarija zatoa sto takov e zakonot vo r.bugarija isto kako sto i vo r.makedonija e potrebno 500(pet stotini) potpisi a ete tie nemakedonci od omo ilinden pirin ne mozat do den denesen da soberat poveke od 50 (pedest) potpisi a vo r.bugarija zivet poveke od2,5 miliono makedonci da zivee makedonija e ne srboslavija
Од: imer-minhen
Датум: 18.05.2010 12:56:26
sekoj narod ima pravo da se isjasni kako sam saka,ama sto jas licno ne razbiram den deneska,sto ima razlika pomegju bugari i Makedonci-skoro ist jazik i pismo,ista vera iminja i preziminja,ista kultura i tradicija.Nie Albancite,imame razlicni veri i dialekti,mnogu po razlicni od MKD i BUL,ama site sme edna nacija. Ve molam nemojte pogresno da me razberete,ova emoj licen stav.blagodaram
Од: aleksandar
Датум: 18.05.2010 13:46:29
taka i ni treba .bugaristata ce ni kazuvaat sto i kako da rabotime i kako da se odnesuvame
Од: Mила Македонијо
Датум: 18.05.2010 15:40:06
1/3 од населението во Бугарија е со македонско потекло. Ако имаат регистрирано партија барем 200.000 гласа би добила на пр ОМО Пирин. Па ова е фашистичка Европа ако не се допушти регистрација на партии на Македонци во Бугарија како и за Бугарите во Македонија. Тогаш ке видем�� чие малцинство е поголемо. Младенов од далеку се брани значи Бугарија се плаши. А скока за една Спаска. Колку е недемократска Европа.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Оливера Војновска
Поглед
Александрија Стевковска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски

Марк Дејвид Чепмен
Убиецот на Џон Ленон во август на слобода?!