Што прават денеска
Каролина Петковска
водителка во МТВ
Подготовките на централната новогодишна програма на МТВ, што ни е главна преокупација во Забавната редакција, веќе привршуваат, како и новогодишното издание на „Фолковизија“, па веќе порелаксирано дишеме на работа. Вечерва, пак, од 20 ч. ќе бидам на промоцијата во киното „Фросина“ на инструменталното цеде и документарниот филм за „Синтезис“, „Првите 15“, каде што се појавувам и како сценарист.
Благоја Грујовски
пејач
Вчера се вратив од Словенија, каде што имав настапи во текот на викендот, во Нова Горица. Зедов малку здив, па продолжувам со снимање на новогодишните телевизиски програми, што се во полн ек. Сепак, се трудам да најдам време и да поработам на материјалите за мојот нов албум, што трпеливо си го подготвувам.
Цаци Паковска
модна дизајнерка
Утрото го минувам во магацинот на „Стилисимо“, подготвувајќи ги шаблоните за новата, пролетна колекција. Потоа имам неколку состаноци, на истата тема - идејни консултации за колекцијата. Попладне пак одам во бутикот во ГТЦ, да видам како течат таму работите, со оглед дека започнува новогодишната шопинг-еуфорија. |