Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Нема закон за стечајците

Стечајците најавуваат продолжување на протестите

Маја Томиќ

Ниту едномесечниот штрајк со глад, ниту многубројните протести низ улиците на Скопје секој вторник, ниту заканите, ниту молбите до Владата... Се' беше безуспешно за стечајците, кои не успеаја да издејствуваат од власта промена на ставот и прифаќање на нивните барања за материјално згрижување. Законот, со кој околу 10.000 стечајци требаше да си обезбедат материјален статус, доживеа фијаско. Парламентарното мнозинство завчеравечер, по речиси целодневна жестока дебата, не го изгласа законот поднесен од група пратеници од опозициските СДСМ, НД, ЛП, НСДП и Нова алтернатива.

Наелектризираната атмосфера меѓу парламентарците, по расправата излезе од контрола, која за среќа беше спречена.

Стечајците, од кои голем дел го чекаа исходот пред Собранието, а тројца ја следеа расправата, беа крајно разочарани од власта. Според власта, оваа група невработени била од приватни фирми, а не од државни, и тие се веќе опфатени со постојниот Закон за осигурување и вработување во случај на невработеност.

„Разочарани сме многу од Владата и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Најавуваме продолжување на протестите и на притисоците врз Владата, а се договоривме да ги собереме сите сметки и да и' ги однесеме на Владата за да ни ги плати“, изјави претседателката на Здружението на стечајците, УНИТ, Лилјана Георгиевска.

Од собраниската говорница завчера можеше да се слушне се' само не расправа по текстот на законот. Дека него го бара опозицијата поради политички поени, не од социјални причини, дека стечајците се злоупотребени од опозицијата, следеа караници и обвинувања, дури и лични нав��еди меѓу претставниците на власта и на опозицијата за тоа кој е виновен за стечајците, кој, кога, зошто и како ја направил криминалната приватизацијата, колку фирми биле затворени...

Губитниците од транзицијата, како што ги нарече стечајците Тито Петковски од НСДП, останаа ни ваму ни таму, млади се за пензионирање, а стари за работа. Тој апелираше политичките партии да не се надмудруваат, туку како одговорни политичари да направат приоритети според парите во буџетот.

Маријанчо Николов од СДСМ посочи дека со закон би се затворило прашањето за социјалната компонента на неправедната транзиција. Во спротивно, тие луѓе ќе продолжат да живеат на маргините на општеството. Според него, парите се најмал проблем за да се реши ова прашање, бидејќи се трошат големи буџетски средства за споменици.

Како и да е, неизгласувањето на предлог-законот значи дека 10.000 стечајци од времето на приватизација и натаму остануваат со нерешен социјален статус. Односно, дека нема да примат надомест од Агенција за вработување во висина од 30 отсто од просечната плата, како што стоеше во текстот на законот, се' до нивно вработување или пензионирање. За тоа требаше да се издвојат 12 милиони евра годишно од буџетот.


#
Статијата е прочитана 689 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 03.07.2010 09:15:41
Пропагандната блада ова многу добро го знае*Рани куче да те лае*Затоа не смее да си дозволи да ги храни стечајците.Сега протестират и викат но нивната сила е многу мала.Но кога ке им датат пари за леб и кромид тие ке ојачат и ке бидат многу погласни.А недајбоже може и да ги соборат од власт.
Од: sirma vojvoda
Датум: 03.07.2010 09:25:10
me interesira ona coveceto sto protestirase i sto gi kinea koncite zaedno so nasiot ni zlaten premier kako li se vikase stojan mislam kaj e toj pa neli bese lider na stecajcite ili zanego i negovata familija rabotata okolu ova prasanje e zavrsena pa sega drugite neka krst glava tipicna makedonska rabota zatoa od starite ostanalo samo kamsik za makedonceto so vekovi bilo prodadena dusa,bi se prisetila na edna vakva slicna situacija koja ja imam slusano vojnata koga pocna po raspadot na Jugoslavija ostanaa pogolem broj na nasi vojnici zateceni vo JNA nekoi dezertiraa begaa familiite pari plakaa da si gi vratat decata vo rodnata zemja,edna zena zastanata i vikala NAS VANCE DA SE VRATI ZA DRUGITE STO IM GOSPOD DADE TOA...
Од: Daliborka
Датум: 03.07.2010 10:16:43
Samo nemojte da si poigruvata so makata i trpenieto na ovie luge koj zasluzuvaat da im se pomogne od strana na drzavata.Izbrkani se od svojte rabotni mesta ne po nivna vina zasluzuvaat da go dobijat ona sto go baraat.
Од: pravda
Датум: 03.07.2010 11:41:20
e ovde nema vmrovski komentari,za se ke komentiraat ama za ovaa ke preskoknat

Најди! во Утрински
На прво место
Маката на стечајците кулминира со инцидент