Неизгласувањето на законот за стечајците завчера во доцните вечерни часови кулминираше со инцидент во парламентот меѓу опозицијата и собраниското обезбедување. Набрзо по завршувањето на седницата, некаде по 21 часот, во Собранието се случувала вистинска драма, за која власта и опозицијата имаа различни верзии.
Тензиите најнапред започнале пред собранискиот влез (на кој цел ден чекаа стечајните работници), а потоа се префрлил внатре во Собранието. Според официјалната верзија на МВР, по завршувањето на собраниската седница пратеници од опозицијата со „туркање, притискање и влечење нападнале полициски службеник задолжен за обезбедување на Собранието“. Опозиционерите раскажаа сосема поинаква приказна.
Настанот го доквалификуваа како невиден преседан и тврдеа дека „неидентификувано лице ги снимало пратениците на СДСМ како разговараат со стечајните работници, кое одбило да се легитимира, а подоцна било заштитено од алфи кои не им дозволиле на опозиционерите да се движат низ Собранието“. СДСМ тврди дека воопшто немало физички контакт меѓу нив и обезбедувањето.
Пратениците од СДСМ вчера и завчера низ собраниските ходници, а посебно пред салата каде што се одржуваат пленарни седници, забележале дека се шетаат алфи. Министерката Гордана Јанкулоска неколку пати категорично негираше дека во парламентот имало алфи. Според неа, во Собранието имало вообичаено обезбедување, некои од луѓето биле во униформа, некои не.
Собранието, инаку, вчера претпладне не заседаваше. СДСМ ја напушти седницата со обвинување дека „власта прави пуч врз законодавниот дом“. Спикерот Вељаноски апелираше да се смират страстите и ја повика опозицијата да се врати во пленарната сала. „Да не дозволиме законодавниот дом да биде заложник на нечии интереси“, повика Вељаноски, но опозиционерите не се вратија. Претходно Вељаноски имаше координација со пратеничките групи на која присуствуваше и министерката Гордана Јанкулоска. Пратениците од албанскиот блок, ДУИ и од Нова демократија, вчера стоеја настрана од овој инцидент. Сепак, попладнето во парламентот се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упатувајќи се во пратеничката група на интегративците.
Пратеникот Владо Бучковски вчера на новинарите им раскажуваше дека по завршувањето на седницата тој заедно со другите пратеници од опозицијата излегол пред Собранието лично да им ја соопшти веста на стечајците. Тогаш пратеничката Весна Бендевска забележала неидентификувано лице, кое ги снимало стечајците и пратеничката група. „Побаравме од него да се легитимира, а тој ни кажа дека е приватно лице и тука е во приватно својство. Побаравме асистенција од собраниското обезбедување, влеговме внатре во парламентот и тогаш дојде до немила сцена каде што дел од вооружени лица, кои беа во цивил, направија ’шпалир‘ и го извлекоа снимателот и нас не' спречија да се движиме низ Собранието“, вели Бучковски.
Шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, на брифинг со новинарите го оцени инцидентот како валкана политичка игра на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. „Вакво сценарио и валкана политичка игра му одговара само на Црвенковски, тој може да вирее само во ваква ситуација“ рече Протоѓер. Тој уште кажа дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се згрозени од настанот, нагласувајќи дека „инцидентот е дел од сценариото на опозицијата која подолго време прави обиди да пласира и да создаде перцепција дека некој се обидува да ги репресира“. Се' до вчерашниот настан тоа го сфаќале како една легитимна политичка битка, но како што рече тој, инцидентот што се случи во Собранието може сериозно да влијае врз имиџот на државата и да ја загрози нејзината перспектива.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, изјави:„За жал, тоа што можевме да го видиме пред малку од снимките што се направени внатре и надвор можеме да констатираме само едно - дека силеџиското однесување, кое не успеаја да го направат внатре во Собранието на пленарната седница, го направија по завршувањето на седницата физички напаѓајќи едно полициско службено лице. Го повикуваме менторот на овие валкани игри, Црвенковски, да се сопре во име на подобра иднина на Македонија, во име на 98 проценти граѓани што очекуваат Македонија да биде дел од ЕУ, да престане со ваквите валкани игри и да се вратат пратениците на СДСМ во Собранието“, рече Бонева.
Вчера, инаку цел ден се редеа брифинзи и изјави во Собранието.
Потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули од СДСМ, ги обвини премиерот Груевски, спикерот Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да сторат се' за да обезбедат вистински политички дијалог, тие со секој свој потег ја деградираат парламентарната демократија. Тој изјави дека неидентификувано лице го снимало разговорот на пратениците со стечајците, кое одбило да се легитимира. „И покрај нашето инсистирање да ни се каже неговиот идентитет, тој не го стори тоа. Лицето во маица најпрво рече дека снима приватно. Нашите пратеници се идентификуваа со безбедносниот сертификат. Тој наместо да се идентификува, вооружените лица во цивилка го спроведоа, а нас не' спречија да се движиме низ Собранието“, изјави Макрадули. Тој тврдеше дека таа на претпладневната средба со нив и со Вељаноски прикажала негова лажна изјава за настанот.
Имено, споменатиот припадник на МВР и вчера беше во Собранието, а кога опозиционерите го видоа, ги повикаа телевизиските камери за да го снимат. Макрадули објасни дека во моментот кога пратениците отишле во канцеларијата на собраниското обезбедување да пријават дека пред салата повторно има вооружени лица, виделе дека тој тогаш дава изјава за настанот. Пратеникот Горан Мисовски од НСДП, кој, исто така, се споменува како еден од учесниците во инцидентот, тврдеше дека завчера се случил класичен полициски притисок врз пратениците од опозицијата.
Министерката Јанкулоска негираше дека презентирала лажна изјава на полицискиот службеник за инцидентот во Собранието. „Најостро го демантирам ваквото тврдење на опозицијата, бидејќи фактите го говорат токму спротивното. Полициските службеници веднаш по завршувањето на настанот, како што налагаат професионалните стандарди, направија службена белешка и го предадоа видеоматеријалот што беше презентиран на утринската координација кај претседателот на Собранието, а подоцна беше презентиран и пред претставниците на медиумите. Во најмала мера би било коректно да му се извинат на полицискиот службеник“, рече Јанкулоска на брифингот со новинарите.
Претходно министерката, во изјава за медиумите, кажа дека „снимките од безбедносните камери покажуваат кој е одговорен за инцидентот во Собранието“. Вакви снимки што доставило МВР до Вељаноски им беа поделени на новинарите. „На средбата го убедив претседателот на Собранието дека МВР ќе постапи согласно со професионалните стандарди заради расчистување на овој инцидент, затоа што од она што можевме да го видиме, евидентно е дека полициски службеник распореден на обезбедување на објектот на Собранието бил попречен во извршување на своите редовни работни задачи. Притоа била загрозена неговата лична безбедност и бил оневозможен да ја заврши работната задача што му била доверена“, изјави Јанкулоска.
Јанкулоска им објаснуваше на новинарите дека вообичаена практика е кога има потенцијален ризик за нарушување на јавен ред и мир, а тоа најчесто се случува кога има масовни собирања, одделението што работи на дефанзивно електронско и физичко обезбедување да ги документира настаните и доколку се случи инцидент, да имаме видеозапис. Таа демантираше дека припадници на обезбедувањето му забраниле движење на пратеник од опозицијата и оти во зградата на Собранието имало припадници на алфите. „Што точно се случило се гледа од камерите од внатрешното обезбедување и од видеозаписот од камерата што ја има снимката од надворешното обезбедување. Мислам дека една слика е посилна од многу зборови“, рече министерката.
МВР имаше и писмена реакција за инцидентот во кој се наведува дека „ е недостоинствено за функцијата пратеник да се лажат граѓаните за инцидентот во Собранието“. За настанот се огласи и полицискиот синдикат, кој бара санкции за одговорните за инцидентот во Собранието.
Ова е втор инцидент во Собранието и тој допрва ќе се расветлува. Пред три години имаше скандалозна тепачка меѓу пратениците од албанскиот блок. Извештајот и заклучоците на специјално формираната Анкетна комисија никогаш не дојдоа на собраниска седница. (О.В.)
Телефонски разговор Протоѓер - Петров
Во намера да се спушти топката, Мартин Протоѓер вчера го побарал телефонски генералниот секретар на СДСМ. Но, и за разговорот имаше различни верзии од двете страни. Според партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ, Протоѓер изразил револт и загриженост од однесувањето на пратеничката група на СДСМ и истакнал дека ова не е добро ниту за пратеничките групи ниту за државата. Од СДСМ, пак, тврдат дека во разговорот Протоѓер изразил жалење и се извинил за инцидентот. Дека Петров му предочил на Протоѓер оти грубо е прекршен Законот за Собрание со тоа што во законодавниот дом се нашле вооружени лица во цивилна облека, без истакнати легитимации дека се работи за службеници во МВР и кои не припаѓаат на внатрешното собраниско обезбедување. По ова следуваше соопштение од ВМРО-ДПМНЕ дека „лиферуваното соопштение од СДСМ е груба лага“. (О.В.)
Skandalozno e sto pratenicite na SDSM sakale udbasot da go sprecat da si ja vrsi rabotata. No Martin gi procital, odma mu bilo jasno deka toa e vo rezija na Branko, se bilo odnapred isplanirano. Branko od ednata strana gi pustil pratenicite a od drugata udbasot.
Од: ПОЕДИНЕЦ-от
Датум: 03.07.2010 00:13:27
СРАМОТА !!!!!!!!!!!!!!
и по сето тоа некој да се нарече СОЦИЈАЛ-ДЕМОКРАТ..... или
Од: Сергеј
Датум: 03.07.2010 00:20:23
За жал, вакви насилнички сцени ќе има се’ почесто, сега кога премиерот Груевски јасно увиде дека се засилува граѓанското незадоволсто од неговото лицемерно и неодговорно владеење. Неговата желба за апсолутна власт секаде и над секого на крај може да доведе и до нова „Обзнана“ со која ќе се обиде да ја задржи власта со сила, кога веќе е свесен дека тоа не може да го направи на избори. ( http://otpor.log.ph )
Од: Mite
Датум: 03.07.2010 00:20:38
vo krigot na Sobranieto postoi regulativa i obezbeduvanje..nadvor od Sobranieto, pratenicite mozat da si drzat privatni ili partiski sredbi po nivni pravila...
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 03.07.2010 00:34:11
Sramota!
Од: gimi
Датум: 03.07.2010 00:37:33
Само кукавица може да удри ,а да глуми дека бил удрен, да провоцира,да симулира и потоа да плачи.
Ете таква е Ц.И.која ја имаше главната женска улога, а херој на денот беше В.Б.т.е главната машка улога за која доби посебно признание од режисерот Б.Ц. За тоа колку е храбар колку е сталожен може да ви кажат и Стружани кога пред неколку години мораше да дојдат и хелихоптери за да спаси жива глава.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 03.07.2010 00:46:51
Опозицијата не смееше никако да наседне на оваа провокација на власта.Исто така и медиумите.Наместо како главна вест да се пренесе дека власта гласаше против донесување закон за стечајците,тие измачени луѓе со тажни лица да земат по некој денар за да може да го прехранат своето семејство,во прв план беше инцидентот со припадник на МВР кој замислете снима пратеници во салата и тоа го оправдува како редовна полициска задача.ДПМНЕ можеби е мајстор за правење пропаганда,меѓутоа од тоа не се живее.Реалноста во Македонија станува се посурова.
Од: jovan
Датум: 03.07.2010 00:49:13
Ovaa glupost na SDSM ne i trebase ama ic. Onie simpatii sto gi pribraa so mitingot, i elanot koj se povrati so toj miting, bez vrska i za nisto go unistija. Se prikazaa samo kako obicni huligani i nasilnici koj se raspravaat so policijata(kakva-takva),sto ne e dopustlivo za nekoj koj tvrdi deka e civiliziran i razlicen od banditite na VMRO. Samo pokazaa deka se uste pogolemi banditi, a bogami i prosti ulicari i nasilnici.
Од: Alpha +
Датум: 03.07.2010 01:15:01
Vi rekov li jas vo vcerasniot moj komentar na kolumnata na Gordan dekao nedelniot miting vlasta namesto da si go stavi prstot na glava,ke zapocne da se odnesuva se poagresivno.Denes prema pratenicite,utre prema svojot narod.Prema bilo kogo od nas.Tipicno za edna diktatura.I toa ne od latinoamerikanski tip tuku so hitlerovski karakteristiki.Trulezot se poveke gi zafaka i e se povidliv,no i opasen.Bog da ne cuva od umovite na Protoger, Jankulovska,Gruevski...No samo hrabro.Nikoj ne izlegol kako pobednik protiv narodot ako e edinstven i resitelen da si go odbrani pravoto na sloboda.Nikoj.
Од: Crn pojas
Датум: 03.07.2010 02:00:16
Toa moze da se narece crn den kakva stramota SDSM stana agresivna duri po agresvna od DPA golema stramota.
Од: sase
Датум: 03.07.2010 02:09:43
Davenikot se faca za slamka samo da se spasi pa taka i vladata ke pravi sega se i sesto ama nisto nema da i pomogne da ostane na vlasta,zosto im ostanaa uste 99 dena da se na vlast,so vcerasniot den i incident i nasilstvo vrz pratenicite tie zapocnaa da si gi odbrojuvaat denovite.Udrija na pratenicite a sto ostanalo za nas obicnite ima da ne zgmecat kako lebarki???Dole nasilnicka vlada.....
Од: Amer
Датум: 03.07.2010 03:07:02
Kako mozat SDSM pri snimka kade se gleda deka go fakjaat covekot za maica da vikaat deka "pobarale da se legitimira" ... taka se "pobaruva"?
Plus koj e Bucko da bara nekoj da se legitimira? Koj mu dade takvo ovlastuvanje? Nema obezbeduvanje ili policija, toj kje stava red.
Bog da cuva.
Од: jovica
Датум: 03.07.2010 04:12:28
за саше и алфа, ако не видовте убаво, дали на сликите или на снимката, другите видоа. Насилство имаше само од пратениците од сдсм.
Само едно не ми е јасно, зошто обезбедувањето снима на мобилен кога веќе има сигурносни камери, и зошто на сдсм им смета да ги снима мобилен кога и така се снимани од сигурносните камери.
Од: zoro
Датум: 03.07.2010 05:23:50
So kakvo pravo vo demokratski parlament nekoj moze da snima gragjani i nivni razgovori,makar bil toj od nekakavo obezbeduvanje.Toa moze da go napravi samo fasisticka vlast.
Од: Tajniot snimatel NE E POLICAEC. Jankulovska za da go pokrie sramniot slucaj, iscenira incident. Napadnati bea SDSM-ovskite pratenici a ne tajniot snimatel. JANKULOVSKA LAZE!!!...go prikriva slucajot!!
Датум: 03.07.2010 06:25:29
Neka se zasramat SITE od Jankulovska pa do Gruevski. VLADATA LAZE!!! Licno go vidov incidentot. Slucajno se najdov pred Sobranieto i vidov stecajci.Iznemosteni i jadni se zalea deka se tamu od 10 sabajle i cekaat zakonot da im se stavi na glasanje za pobrgu da se razotidat doma. Veljanovski i VMROVSKITE pratenici cel den odbivale, majtap si igrale so niv. Znaci, CISTA PROVOKACIJA. Bea opkruzeni so ALFI i so po nekoj so mala kamera vo raka, go snimaa sekogo od stecajcite. Tek posle 21 casot nabrzina izglasale PROTIV. Vidov izleze grupa pratenici od SDSM i im ja soopti vesta na stecajcite. Nastana svirkanje i izvici protiv Vladata. Pratenicite gi smiruvaa stecajcite. Vo pozadina zatckrien covek tajno gi snimase.Tie mu prijdoa i pobaraa da kaze ZOSTO gi snima i da se identifikuva. Toj rece snimal onaka za sebe i sakase da izbega. Pratenicite go sprecija i pobaraa pomos no ALFITE mesto niv da gi zastitat, go zastitija tajniot snimatel i se nafrlija na pratenicite, i se vturnaa site vnatre.
Од: nacional-patriot
Датум: 03.07.2010 07:19:53
Auu Sase!Ti da ne si vidovit kako sto bese baba Vangja pa da predvidis deka na onie vo vlasta im ostanuvaat uste 99 dena na vlast?Zosto ne 98?
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 03.07.2010 07:21:22
Do site komentatoti ,a posebno do ALPHA + ,dali mozete da mi objasnite sto vie posebno sakate ,navistina nisto nemi e jasno ,od SDSM e videno bidejki bea dolgo vreme na vlast i situacijata ne bese nisto podobra od segasnoto vladeenje na VMRO-DPMNE ,kade celokupniot geogrfski naselen svet se soocuva so istiot problem,pa se prasuvam kako moze na narodot VMRO- ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA da mu pomogne .Iako jas imam nekoe resenije se prasuvam dali narodot ke me podrzi ,a ako me podrzi ,zosto vo ovoj moment ne go podrzuvaat i VMRO-DPMNE .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: marjan.pp
Датум: 03.07.2010 08:41:15
mu blagodarime na vmro-,,d p m n e"za ova sto go stori za nas stecajnite rabotnici i poveke glas od nasite familii nema da dobiete
Од: sirma vojvoda
Датум: 03.07.2010 09:10:07
zamislete eden minister izleguva i kazuva deka covekot si ja vrsel zadadenata zadaca a koja e taa zadaca se prasuvame,prisluskuvanje snimanje pa toa e protiv zakonski kolku sto nie znaeme i na baranje na del od opozicionite pratenici da se legitimira sluzbenikot toj odbiva a toa vo nikoj slucaj ne smee da go napravi no SCENARIOTO zapocnuva vo rezija na dpmne i neka luzerot od poslednite lokalni izbori na teritorijata na Strumica ne se pravi na 3 i pol bidejki nejzinite rodnini kata dnevno sekade niz Makedonija kazuvaat podnapieni samite deka se sprema od niv gragjanska vojna no narodot ne pie nafta.DOSTA BESE!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: nezavisen
Датум: 03.07.2010 09:21:51
Kako ne vi vleguva vo tikvata.
Snimatelot (stranski spion), najverovatno bugarski se upikal vo Sobranieto i snimal.
Vednas stom e zabelezan od Alfite e priveden.
Sto ocekuva SDSM, zarem javno da se obelodeni ovoj spionski skandal.
Zatoa ostavete MVR da si ja sraboti svojot del od rabotata, komunjari edni.
Од: mark
Датум: 03.07.2010 09:47:06
Abre VMROVCINA vi smeta a zaboravate sto pravevte koga bevte opozicija gi zaboravivte tropanjata vo sobranieto zaboravivte koga Grujo mu ja izvadi karticata na pretsedatelot na sobranieto gi zaboravivte site gluposti sto gi pravevte a sega vi smeta e da znaete deka i SDSM treba da se ponasa malce kako vas dosta bese so rakavici izbrkavte ponizivte iljadnici gragjani e jas sega ke dadam glas za SDSM i ocekuvam da vi vrati so ista mera.Nesme od vcera pamtime kakvi gluposti pravevte vorocem i denes gi pravite se ponasate kako da ste nezamenlivi se budi narodot i namesto da se svestite vie uporno odite od edna vo druga greska.
Од: cicalche
Датум: 03.07.2010 09:49:06
A zoshto da go snima razgovorot na pratenicite? Ili veke Zakonot za Golemoto Uvo pochna da se primenuva? Mozhebi toj "snimatelot" vo civilno bil nekoj kriminalec, atentator? Znachi da ne se bunam ako na ulica zastanam so prijatel ako nekoj me snima. Toa ke bide zaradi mojata bezbednost. E fala za takvata bezbednost, ushte rabotni logori da otvorat i da krshime kamen.
Од: Маја
Датум: 03.07.2010 10:07:02
И овие треба да не водат во Европа. Море сакаат тукја да си останат, како во пештера, да се тепаат и да си прават што сакаат. СРАМОТА.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 10:07:57
Demek tazi cajkan ne e cajkan.More bil cajkan ama taen.More bil cajkan ama tajno-javen, more bil cajkan so naredba na ministerkata za partiski raboti???
Za interesite na DPMNE se raboti?...Priprema na materijali za neprijatelite na DPMNE kako sto pisuva vo dopisite po komitetite???
Dali e vo priprema rascistuvanje so vnatresnite i nadvoresnite neprijateli kreirani od DPMNE???
Од: Aleksandra
Датум: 03.07.2010 10:13:11
Kako ne se sramat ovie od SDSM bea na vlast nisto ne storija za stecajcite sega koga se opozicija mnogu se glasni i agresivni.Zasrametese i ne si poigruvajte so makata na ovie luge bidejki zasluzuvaat da im se pomogne.Samo nemojte preku nivnata maka da pravite politicki marketing.Sramno e i zalno e.
Од: Makedonsko oro
Датум: 03.07.2010 10:25:16
Abe Sase ne gledash podaleku od nosot. Kakva vlada beshe i ce bide akoe e SeDeSeMoe? Bilo koja da e isto ce bide. Kradat i raskaruvaat ludje od ista familija. Eden e za ednite drugiot za drugite. Pa na kraj se tepaat. Ова важи за многумина: Недомачини сте и само гледате како да лапнете туѓо. Здрнати за неработење а да се има се - ама баш се. Робовладетели во 21 век. ---- Зарем не е подобро да се осудат од јавноста сите кои прават скандали, крадат и се насилници, без оглед на партија и определба?
Од: ROB
Датум: 03.07.2010 10:28:13
Sramota za Makedonskiot narod,politicarite ,za site koi se involvirani vo OPERACIJA stecajni rabotnici.Gi izbrkavte na ulica,sega seirot im go gledate vo parlamentot.Kako ping-pong topce se igrat partiite koj bil vinovev poveke,koj gi zastapuva nivnite prava i koj gi ispolnuva.Parodija prodlzuva,i posle nikoj ne ne saka i gledame koj ke ne zeme vo skutot,barem dobro da se isplaceme.Zalosno za institucii,zalosno za Makedonija.
Од: oceski
Датум: 03.07.2010 10:45:31
cista vmroovska provokacija. Jadnite vmroovcii nemaa alibi za nenosenjeto na zakonot za stecajcite, pa za da nema za toa rasprava odmaa smislija provokacija. No glupi grujo uporno tera po svoe nezakonski koristejki go svojot aparatcik olicetvoren vo mvr. No sekoe cudo tri dena taka i ovaa i ce pocnee gnienjeto na portokalot. Zalosno na koe derege ja pagaat drzavava, ja deskreditiraat,ponizuvaat .. za da dokazat deka nemoze da opstoi, sakaat protektorat da bideme. AMA NEMA DA USPEE.A I ZNAAT DEKA NEMA BEGANJE OD ODGOVORNOST. MNOGU BRZO IM OTCUKUVA CASOVNIKOTT (IM VRVI VREMETO).
Од: don kihot
Датум: 03.07.2010 11:33:58
Tazen kraj na edna nadezna garnitura mladi politicari.So golem elan se pocna, toa se cuvstvuvase i megu narodot, velea ako ovie nesto ne napravat nikoj.Sto sega posle skoro cetiri dodini, (od narodot) siste se isti, lopvi i lazovi.Kade zabegafte mladi momcinja? napravete si edna analiza.Ili sekogas e taka vo nasa zalna Makedonija na pocetokot sekoja vlada bese nadezna, se dodeka ne se "tovari magareto" a potoa arogancija, bespotrebno zanesuvanje i red drugi malograganstini.I pak drugata opcija ke dojde na vlas, koja veke ja znaeme.No mislam deka nikoja vlada nema da moze da vlee nadez vo narodot kako ovaa aktuelnava na pocetokot, no ostana samo pusta nadez....
Од: pravda
Датум: 03.07.2010 11:39:29
Da be,BC i SDSM se krivi i za ovoj incident i za onoj koga obezbeduvacot na Grujo go natepa snimatelot na Era TV i Lirim Dulovi novinar i studentite na plostad i mlekarite i stecajcite,da be krivi se i sto ima svetska ekonomska kriza i nedostatok na lekovi i nezakonski doneseni DUP-ovi za Centar i sto ucilistata se raspadjaat a se gradat spomenici,krivi se sto ima opozicija a nim ne im treba,krivi se sto narodot izleze na protest a tie mislea ke vladeat 100 godini,e pa pocituvan Nacional -patriot i 99 dena im se mnogu a moze sto se odnesuva do mene i ovoj den da im e posleden
Од: bezanec
Датум: 03.07.2010 15:38:22
„„На лагата и се кратки нозите„„така вели поговорката.Давеникот се фаќа и за сламка.Тоа што се случи е како оваа п��говорка која на кратко ќе ја кажам„„ Седнале оџата=вмро-дпмн и попо= сдсм,да си се колнат.Бидејки власта била турска,прв почнал оџата,како што е и сега вмро-дпмне.Почнал оџата=вмро-дпмне,да ги набројува,исламските празници и велел да изумрат толку луге и т.н. завршил.Почнал попот=сдсм,редел многу празници,прим��р божик,колку ореви ќе се истрошиле толку мислимани да изумрат и т.н. и дошол до св Троица и попот=сдсм рекол уште тројца.Оџата си правел есап,јас,жена ми и керката,на св.костадин уште един и на св.илија и тија.Оџата=вмро-дпмне,рипнал да се расправа аман бре попе,барем јас,жена ми и керката да останеме,попот=сдсм рекол бре ти така сакаше,што сега се буниш. Така и вмро-дпмне, пишуваше писма до штабовите на вмро-дпмне, за физичка ликвидација на сдсм,но работите тргна во спротивен пат,како што реков во почеток„„на лагите и се кратки нозете„
Од: gv
Датум: 03.07.2010 16:08:39
Na sekoj fudbalski natprevar fotoreporterite imaat identifikacionen broj,ako doticniot fotoreporter nema identificatija sto baral tamu da slika,malku mu bilo .
Од: Трпе
Датум: 03.07.2010 17:22:37
Ама ова ич не е страшно,што се случува со стечајците.Пропагандната блада на сиот народ го доведува во стресна состојба.Му го покачува притисокот и шекерот а после во шатори им го мери бесплатно..Тоа е методот на работа,првин ти го загорчува животот па изигруват спасители.Остваруват во 101 чекор.
Од: ZAPADEV
Датум: 03.07.2010 18:43:46
i treba da se pomogne ama kako na zapd so socijala a ne pari do penzioniranje toa e apsurd pa kako moze da barat toa da vazi za onie koi imat orkaz od drzavni firmi a ne za onie od privatni????
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 03.07.2010 18:44:53
Au,kolku komentari. Ne znaev deka ptofesorite od Pravniot fakultet se tolku voinstveni! Edniot se sekavate tepase zena na parking,pa posle sakase pretsedatel da stane! A Bucko premierot nas bivsi nasedna na takva eftina finta od VMROvciinjata pa.sega ti cudi se sto ne go bivase Vlada da vodi,Prvpat slusam deka nekoj slikajki te atentat moze da ti izvrsi.Oti ocigledno Bucko od toa se plasesel. Ili pak bil neizbricen i celiot mrsen bil pa nesakal takov na snimki da go ima!?Lele mori majko koga krajot na vakvite ke im dojde!?
P.S. Jas potopolno se slozuvam so predlogot na SDSM.
Од: Реган
Датум: 03.07.2010 18:51:45
Пред неколку години Собранието донесе Закон за стечајците кој тогашниот ни Претседател (б.ц.) не го потпиша!Сега безочно се манипулира со истите!Ама не е крив тогашниот ни Пртседател.Криви се самите стечајци што тогаш ја прифатија таа ситуација,а сега го прифаќаат б.ц. да ги манипулира!
Од: zoki
Датум: 03.07.2010 21:35:07
Bi ja prasal Jankulovska dali e praksa vo sobranie obezbeduvanjeto da gi presretnuva i zastanuva pratenicite ili e ova izoliran slucaj i zosto voopsto gi zastanuval.Da ne se pod nekakva policiska istraga?????? ili ova e filmot sto narodot treba da go gleda, a ne "nekoi i nekakvi" stecajci tamu.Jankulovska ako saka da bide Spilberg ne treba da se koristi so plagijati.Filmot e gledan.
Од: Гани
Датум: 04.07.2010 10:26:07
Замислете ситуација каде ве ограбуваат,и трчајќи го фаќате крадецот и во состојба на афект го дрпате и со погрдни зборови се нафрлате по крадецот.Во тој момент некој ве слика и на сликата сте вие „ насилникот„?Што барал полиц. службеник во цивилка да снима пратеници и стечајци,кога во собрание има видео запис,и како што изјавил првично дека снима приватно?Навистина треба да се има храброст и да се биде доблесен да се исправи министерството ,затоа што ние граѓаните ги плаќаме да ја штитат нашата безбедност а не да снимаат за приватни„ журки„.Во име на граѓаните на Република Македонија молиме да не ни ја загрозуваат слободата и иднината!