Крајно време е да се расчисти: се признава ли асномска Македонија или само се манипулира и се искористува
Деновиве еден работен ден беше искористен како „Ден на дрвото“, а 29 ноември е денот кога треба да се одработи загубениот ден! Тоа и таквото газење по сопствената историја беше повод за оваа моја прошетка во нашата блиска историја. Нема да се впуштам во расправа колку и зошто ваквото однесување кон оваа етапа од историјата на Македонија и македонскиот народ е антиисторија и, се разбира, најдиректно против интересите на македонскиот народ. Ако тој ден не се случеше, немаше да се случи ни АСНОМ 1944 година, а без АСНОМ ќе немаше ниту македонска држава. На ова и вакво антиисториско и антимакедонско однесување ќе му пресуди времето, иднината и идните генерации.
АВНОЈ не е случаен, ниту гола политичка среќа. Се разбира, во АВНОЈ и авнојските одлуки има и совпаѓање на нашите македонски национални интереси со интересите на повеќе други народи и народности во југословенскиот простор во услови на Втората светска војна, посебно што со тие одлуки беше навестена нова Југославија. Битно поинаква од кралската и кардинално поинаква положба на Македонија и на македонскиот народ во таа нова некралска Југославија. Во новата држава што ја навести АВНОЈ, на Македонија и' беше обезбедено место на еден од конституторите на федерацијата, не каков било, туку рамноправен. Од тогаш наваму од нас зависеше како и колку ќе си ги следиме сопствените национални интереси.
Држава не се прави на зелена маса, иако понекогаш така изгледа. Политичка шпекулација е кога се наметнува свест дека преку ноќ и на комфорен начин може да се создаде национална држава. Затоа ни АВНОЈ, ниту авнојските одлуки во полза на Македонија не се ни подарок, ниту гола комбинаторика на итри политичари. Авторот на овие редови не еднаш се расправал дури и со своите соборци, посебно околу заслугите на Ј. Б. Тито во создавањето на македонската национална држава. Во една прилика доживеав жестока критика поради јавно искажаниот став: „Ако ние Македонците не се боревме... ниту свети Тито не ќе ја создадеше македонската национална држава...“. Ј. Б. Тито навистина, не случајно, туку сосема свесно и промислено дејствуваше во насока на создавање и на македонска држава, однапред градејќи го односот на силите во нова Југославија. Меѓутоа, ако ние не се боревме, македонската национална држава немаше да биде создадена, а тогаш ќе беше многу посложено конституирањето на нова Југославија како нужно избалансирана федерација. И, ако се случеше нешто слично, тоа ќе беше на многу пониско државно ниво и статус на Македонија. Клучно прашање беше да не се врати кралската влада и да не се обнови кралството. Тито, како исклучителен стратег и вонсериски политичар, тоа добро го знаеше и затоа непрекинато инсистираше да се бориме, бидејќи нашата борба ги олеснуваше и неговите идеи и проекти. Дури и во завршните операции (Сремски фронт) ние се боревме и се изборивме за Македонија како национална држава.
АВНОЈ 1943 година се случи само две години по првите вооружени востанички збиднувања - по 11-октомвриското пламнување и по значајните вооружени активности во Скопје и Куманово. Две години не се многу време, ама се во воено време кога во мал временски период се случуваат големи нешта. По балканските војни и крвавото парчосување на Македонија меѓу балканските кралства во опкружувањето, нашиот народ се најде окупиран и поробен од тогаш најреакционерните и фашисоидни режими на кралот Александар Караѓорѓевиќ и неговиот Петар Живковиќ; на грчкото кралство и Метаксас, на бугарската Кобуршка камарила и профашистичкиот режим. Дваесет и три години (1918-1941), години под власта и окупацијата на овие режими значеа целосно опустошување на земјата и народот. Македонскиот народ целосно обезличен, а Македонија опустошена и ограбена ја дочека фашистичката агресија, нова историска окупација во која ќе доживее и нови делби и ново подјармување. Во тие услови грст македонски комунисти храбро ја започнаа борбата против фашизмот во рамките на која беше ситуирана и национално-ослободителната кауза без која не беше можно да се осмисли сопствена стратегија. Највисоки стратегиски цели од рангот национално ослободување и сопствена национална држава не можат да се достигнат со туѓа и зајмена стратегија. Такви цели можат да се достигнат само со сопствена стратегија. Признавањето на македонската нација, правото на македонска држава и македонскиот јазик како рамноправен официјален јазик од АВНОЈ е крунска потврда дека НОВ и антифашистичката борба 1941-1945 година, беше и националноослободителна. Не сакам да го оспорувам новиот Ден на македонската државност, 8 Септември 1991 година, меѓутоа тој ден народот, всушност, ги потврди и АВНОЈ и АСНОМ.
За цело време од осамостојувањето на Република Македонија бележиме непримерен однос кон националната држава од страна на македонските политички формации. Понекогаш некои партии одеа дотаму и спротивно на своите мандати, па државата како национален систем ја доведуваа до распад. Наместо да се брани и развива, бескрупулозно се нудеа размени на население, се раздржавуваа делови на територијата, а институциите на државата и нејзиното национална конституција или се партизираа или се маргинализираа. Не можам да се ослободам од чувството дека македонската држава, всушност, е узурпирана и не е на вистински начин призната, внатре во земјата, пред се' од политичките формации кои непрекинато се крстат во македонството и македонизмот. Не ретко се манипулира со електоратот во полза на немакедонски интереси.
Поради ваквиот однос кон сопствената национална држава крајно време е да се расчисти: се признава ли асномска Македонија или само се манипулира и се користи. Прашањето воопшто не е реторичко. Ако не се признава АВНОЈ, поточно авнојското признавање на македонската нација, правото на национална држава и македонскиот јазик како еден од четирите официјални јазици, тогаш не се признава ни асномска Македонија. Ниту една партија не може да биде суптитут на државата. Нам ни АВНОЈ не ни ја подари државата. АВНОЈ го стори најбитното, ни ја призна борбата за национална слобода и правото на сопствена национална држава, која моравме сами и со големи жртви да ја избориме. Нашите политички фромации не ретко се однесуваат како да се работи за две македонски држави: асномска и осмосептемвриска. Немам намера да го омаловажувам 8 Септември, но тој ден македонскиот народ ги потврди и авнојските признавања и илинденската промоција на македонската национална држава. Таа вистина бара поинакво однесување кон државата. Ако правилно се разбереа авнојските признавања и асномска Македонија, ќе избегневме тешки искушенија...
Ова потсетување на блиското (ни) минато, на шеесет и петгодишнината на авнојските признанија на македонската нација, на нашето право на национална држава и на македонскиот јазик не е отповеќе и верувам ќе помине во насока на нашата самопочит. Низ шпекулативните критизирања на нашето комунистичко минато ретко се прави разлика меѓу времето на војната и повоеното време. Повеќе од потребна е критичка анализа како Македонија беше водена по војната во рамките на заедничката држава. Тие искуства би можеле да бидат драгоцени со оглед дека, пак, сакаме да се асоцираме, сега во ЕУ и НАТО. За таква анализа нашиот политички копрус очигледно нема ни капацитет, ни кредибилитет, бидејќи државата, и по толку години од осамостојувањето, е под нивото од критикуваното време. Тоа ќе мора да почне да го прави науката. И за Македонија 29 Ноември е ден на нашата државност. Да си го честитаме и покрај тоа што Владата одлучи да биде работен и надоместување за изгубениот „Ден на дрвото“!
Generale Toso. Ti blagodaram i Ti cestitam zakolumnata. Ti imase hrabrost da gi opamenes i osvestis site sto ne gi cenat Avnoj i Asnom na zalost i nekoi denesni politicari nemozat da go svatat toa. No Vie i generacijata vasa zasluzuvate golema pocit.
Од: ljupco,bitola
Датум: 29.11.2008 01:59:14
``Напред брачо тифусари,преко воде до слободе`` -сцена од филмот Неретва,битката за ранетите. Филмот е``вистинита приказна``и е снимен по кажување на оние кои ја останаа на суво,а тоа се -партизаните. Ова е генерална слика на големата НОВ.Секој 29ти ноември бевме осудени да гледаме 5-6, едни те исти филмови со револуционерна содржина.Затоа и самиот помен на тој датум,кај мене,и не само мене, предизвикува мачнина и одбивност. Гледам дека во Македонија има сеуште луѓе кои го чествуваат овој``празник`` па затоа ја користам приликата да им го честитам.
Од: jas
Датум: 29.11.2008 02:20:11
Ajde site na strajk, denes e praznik, ne rabotete!!!
Од: Apostol
Датум: 29.11.2008 05:13:27
Sekako deka AVNOJ i negovoto sobranie od 29-ti Noemvri 1943 godina ne treba da se zaboravi.
Generalot Atanasovski so pravo veli deka ako ne bil AVNOJ ce go nemalo i 11-ti Septemvri. Faktite se tuka i site sto mislat poinaku mnugu gresat.
Cestit praznik neka ni e.
Од: SIMCE
Датум: 29.11.2008 05:26:14
29.11.2008. cestit praznik! blagodarnost do general Toso za kolumnata. Bez koreni nisto ne biva pa duri ni drvo.
Од: bimbo
Датум: 29.11.2008 05:35:15
G-ne Todor sekoja ches, vo interes na nacionalna osvestuvanje krajno alarmantno vreme, za praviot poteg za Makedonskata drzavnost i stabilnost.
Од: realen
Датум: 29.11.2008 08:20:56
Generale, Vie ste od retkite hrabri sto ova go kazuvate. Kaj se akademcite, istoricarite koi 40 godini se zbogatija od grbot na komunjarite. A sega se krijat vo mişja rupa. A da gi praşame VMRO-ovcite koj ja sozdade socijalistickata Makedonija. Da ne bea komunistite t.e partiaznite, sega ke bevme del od Srbija, Bugarija ili Albanija.
Од: Zdravko
Датум: 29.11.2008 09:04:59
e ljupco od Bitola be, kokoskar nizaeden.
Ti se gadi od sopstvenite koreni. Od sopstvenata istorija. A kako da ne mi se gadi na mene sto sum tvoj soplemenik, ako voopsto sum.
Од: Ѓорге
Датум: 29.11.2008 09:50:26
Им го честитам празникот на сите југословени во рамковна Македонија. Надесно равнај се!
Од: VMK
Датум: 29.11.2008 10:08:24
Љупчо Битола-ПРЕДАВНИКУ,немаш оставено коментар на статијата за Музејот на ОНА,а ти е одвратно АСНОМ и АВНОЈ...како не ти е срам..а незнам дали и си Битолчанец,оти БТ нема такви предавници...срамно...имено и јас сум против ама оставив коментар оти сум ВМРО,не се разбира дпмне,во статијата на ОНА,а ти ти си обична будала против македонскиот народ..и јас сум за тоа дека требало да е остават Самостојната држава Македонија која е формирана во 1944 година, и јас сум за тоа,ама признавам борбата на секој македонец што се борел за Македонија,па и да е комуњар...срамно од немакедонци.........предавници на народот....Македонија ке ве победи да знате такви како тебе Љупчо БТ.Честит празник ако веке е празник....
Од: pop
Датум: 29.11.2008 10:24:05
koj e ovoj debil od pitola? samo poradi toa sto moral(a ne moral) da gleda edni te isti filmovi cuvstvuva odvratnost kon avnoj. budaletinka
Од: dragi
Датум: 29.11.2008 10:34:57
kako sto znam nasiot narod se borel za makedonska drzava ,a komunizmot e vlezen preku druga vrata i toa nasilno sproveden vo makedonija ako gi prasas vo toa vreme borcite sto e kumunizam mnogu retko nekoj ke ti dade odgovor,
Од: ana
Датум: 29.11.2008 10:42:45
Sto saka neka pravi vladata, ama nie doma i ponatamu si go praznuvame 29 Noemvri. Nemoze da ni naredi da ne ja pravime tradicionalnata sarma i vasina torta. CESTIT PRAZNIK NA SITE STO GO SLAVAT OVOJ PRAZNIK!!!!!
Од: AA
Датум: 29.11.2008 11:11:31
Браво.
Треба да се споменат и делегатите на АВНОЈ од Македонија . 99.999 % од населението во РМ не ги знаат ?
Од: saso Germanija
Датум: 29.11.2008 11:36:20
Titovecot general mesa babi i zabi. Toa se dve raboti
(epohi). 1.AVNOJ se nametna vrz ilindenskite ideali
i se fokusira da ja obedini Hrvatska i Slovenija, no ne
Makedonija. AVNOJ ne zede nasi lugje i ako ne' negirase, nasite partizani ke svrtea puskite protiv nego.2. Bea iscisteni velikanite kako Cento i istrckan makedonskiot narod preku okeani i vo Evropa.Narodot sakase demokratija a ne diktatura
-edna partija,isti surati ,trka so eden konj.AVNOJ od Atina vo Makedonija ne bese priznat.Belgrad go
toa tolerirase i denes 64 god. toa ni se sveti.
Од: БМОРК
Датум: 29.11.2008 11:37:57
Taka e Generale. No zatoa sega so golema pompa , slava i vracuvanje nagradi se slavi 23.okomvri , vo cest na secavanje deka na toj den vo 1893 godina vo Solun se formiral BMORK( Blgarski makedonsko-odrinski revolucionerni komitet) a edna partija toj datum si go prisvoi kako tradicionalen datum na nejzino formiranje.Verojatno mislat deka nie ne citame istorija. Neka ni e nazdravje!
Од: mitko
Датум: 29.11.2008 11:42:03
Сите коментари се коректни, освен оној на Љубчо од Битола (ако воопшто е точен идентитетот на господинот).
Само тој коментира по партиска задача од некој штаб на ВеМеРО-то , тие кои само плукаат по нашата историја. Не знаат дека оној што плука во својата историја , нема своја иднина.
За жал такви се на власт и такви не водат и ќе ја изгубиме оваа држава за која Генералот е во право - Ј.Б.Т е оној кој пред 65 години ни овозможи држава , а овие сега сакаат и таа што ја имаме да ја снема - ЗА ЖАЛ ТОА Е СУРОВАТА ВМРОВСКА РЕАЛНОСТ
Од: Boris
Датум: 29.11.2008 11:54:02
makedonci da ne beva komunistite i drugarot Tito vie nemase da bidete priznati kako nacija.
Novite mafijaski politicari koj bile vlezeni vo komunisticka partija radi korist tia ja izdadova edna od najdobrite i naj ceneti drzavi vo svetot 'Jugoslavija'
So eden zbor tie se izdaici i po sekoj megunaroden zakon tie treba da se strelaat. A vie ponovo i ponovo gi birate i gi stavate vo vlasta. A oni sto pravat ponovo i ponovo ve prodavaat na koj ke im dade mito. Mislite vie deka ste slobodni ja ke recam ne koga oni za da se ulizat na zapadnite zemji ve prodavaat za nisto vi gi prakaat decata da ginat vo Itrak i avganistan isto taka i da ubivaat deca i zeni tamo kako sto praveva fasistite kaj nas.
Neka vie na cast na site sto ste prosti koga mozete da si dozvolite da ve vodat mafijasi i izdaici. Tie napraviva da dojde do bratoubilacka vojna vo Jugoslavia i dodeka dozvoluvate da oni ja napagaat Titova Jugoslavija i da ve kradat na sekoj cekor togas zasluzuvate da ziveete taka mizerno.
Од: valandovo
Датум: 29.11.2008 12:22:14
da zivee imeto i deloto na josip broz tito.sreken 29ti noemvri za site sto ja pocituvaa i ja sakaa jugoslavija.
Од: ramadan
Датум: 29.11.2008 13:01:45
Generale,denesnava cesna i vistinska patriotska generacija treba kako lekcii po istorija da gi pameti tvoite kolumni na ovaa tema. Gospod Isus Hristos zakovan na krstot rece:Gospode,prosti im ne znaat sto pravat.Za onoj Ljubco od Bitola(ako navistina e od tamu) ne treba ni zborovi da se trosat.Ima edna izreka: tolku mu dal Gospod.Toj ne mora da se slozuva so Nas istimislenicite.Toj voopsto ne ja poznava istorijata na svojot narod,i zatoa jas ne mu se lutam,jas nego go zalam.Verojatno toj vcera bese na proslavata na Ahmeti vo Skopje,koj pokraj drugoto ni odrza lekcija.Ahmeti pokraj drugoto kaza deka e srecen sto ova se desava vo Skopje glavniot grad na Dardanija.
Starite velat „ribata smrdi od glavata”.Poglednete samo kako se odnesuva aktuelnoto rakovodstvo kon NOV,cesnite komunisti,kon partizanite,kon borcite za nacionalno osloboduvanje i sl. Zarem treba da se zboruva povece,ako se setime samo za nasite borci od 2001 god. I odnosot na ovaa vladeacka garnitura na vlast.Se e jasno ,samo
Од: Niko
Датум: 29.11.2008 13:10:32
Fala za cestitkite GENERALE, apsolutno se soglasuvam so stavovite izneseni vo ovaa kolumna. Lugeto kako vas se primer za toa kako se brani i sama sopstvenata drzava, da nebila NOV I AFR i POM sigurno deka nemalo da ja ima i denesna R.Makedonija, koja sto odredeni "patrioti od vlasta" sakat da ja nema. POZDRAV nema da uspeete
Од: Citatel od Karpos
Датум: 29.11.2008 13:23:03
Abe toj Ljupco od Bitola e,navistina,tifusar e vo mozokot.Sekoj den se prazni na stranicite za komentari.Em nema akal em jade burek.
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 29.11.2008 13:30:46
Господине Генерале,А ВНОЈ, НЕ! АСНОМ, 8 СЕПТЕМВРИ Да! Се разбира и за трите ДАТУМИ ,МОРА ДА СЕ ПРЕИСПИТААТ НЕКОИ недоречени или глорификувани нешта!
крсте поп/стефанија
Од: Куэман Капидан
Датум: 29.11.2008 14:08:41
Генерале, мошне е погрешна теэата дека беэ АВНОЈ немало да има АСНОМ. Со години учевме дека сме "испратиле" и ние делегати таму, ама не стигнале эаради снегот = ЛАГА! Македонскиот народ сам си ја иэбори слободата тогаш, а Тито ни го испрати Темпо эа да си ја осигура сојата превласт врэ нас и да го испочитува нареденото од Черчил эа сферите на интерес. Документот од Јајц�� всушност ни ја эапечати судбината да не бидеме самостојна држава во своите историски граници, нешто эа што се бореа сите Македонски партиэани, и ни ги уби најэаслужните Македонци, како Ченто, Шатев, Шарло, итн. а го востоличи Колишевски и неговата клика кој од пуста сервилност и Прохор Пчињски го даде на Србија. Нашиот праэник бил, е, и эасекогаш ќе си биде 2 Август, Илинден. За ваша информација и Македонската битка против Грците кај Херонеја, на чело со Филип Втори и неговиот млад син Александар, се водела токму на 2 Август! Тие што ќе го славеле "праэников" се луѓе со тешка болест наречена Југоносталгија. За греота..
Од: mile
Датум: 29.11.2008 14:11:12
Sekoja cest generale,od vakvite rreakcii na zvanicnicitee paa i na nekoj od narodot deka se pocna od 91 godina se gleda deka sme nezreli da gradime drzava i istorija.Kontraproduktivno e da korenite gi barame od Aleksandar veliki a zaboravivme kakva e najnovata nasa istorija na drzavnost.
Од: Antonio
Датум: 29.11.2008 14:26:19
Generale!sekoja cest za kolumnata,tolku e seopfatna, iskrena da ednostavno nema sto da se dodade.Ova treba da im posluzi kako svoevidno otreznuvanje na nekoi novopeceni dpmneovski politicarcinja i nivnite slepi sledbenici.No tie se tolku dogmatizirani i izgubeni vo prostorot i vremeto sto sigurno ovaa prekrasna kolumna ke ja docekaat na noz,no toa nim im dolikuva so ogled na nivniot prostacki stil.A onaa budala sto sebesi se pretstavuva kako ljupco,bitola povekje ne zasluzuva nikakov komentar.
Од: Pioner
Датум: 29.11.2008 14:39:27
Generale chestit praznik i na site shto znaat deka
29 Noemvri e del od istorijata na Makedonskiot narod!
Од: makedonec
Датум: 29.11.2008 14:44:07
Do koga vakvi odrodeni elementi ke ni pishat kolumni!Shto obshto ima 29 noemvri so 8 septemvri.Pa 8 septemvri e datum so koi se stavi kraj na edna veshtacnka tvorevina-Titova SFRJ i Makedonija najposle stana nezavisna drzava.Vo Jugoslavija nie bevme srbska kolonija-bevme eksploatirani,site nasi prirodni bogatstva odea vo Belgrad.Se dodeka se zivi ovie srbokomunisti i nivnite podrzuvachi nema da imame drzava.Treba da plukneme ednas za sekogas na Tito na SFRJ i na site tie praznici.Samo taka ke napravime drzava.Taka napravija Slovencite i Hrvatite.Tito polovina bese hrvat,a polovina slovenec, i tolku mnogu napravi za niv,a na krajot se otkazaa od nego vo imeto na svojot patriotizam.Neznam zoshto nie Makedoncite uste placime za nego,toj bese nasiot kasap,ne unisti,nikakvi investicii,Makedonija beshe najsiromasnata jugo republika. Se doeka placime za Tito i SFRJ nema da mrdneme od kalta vo koja ne napikaja komunjarive(titovi pioneri) sto 10 godini vladeeja so Makedonija.Ura za nezavisna MK
Од: ssss
Датум: 29.11.2008 14:54:08
go molam toj gospodin od Bt da se trgne od davanje provokativni komentari ,ovde ima luge koj go pocituvaat Utrinski i sakaat da go dadat svoeto mislenje so cel ako mozat nesto da pomognat,za nasiot narod a ne da stvarame mrznja i negativno dadeluvame na dobronamernite citateli,pozdrav do Utrinski i site citateli na ovoj vesnik
Од: Љубица
Датум: 29.11.2008 15:13:02
Прекрасен текст, четитам! Историските факти се неизбришливи, во меѓувоениот период Македонците искрено ја поддржувале комунистичката партија само затоа што Коминтерната предлагала автономна Мкаедонија во поширока Балканска федерација. АВНОЈ е важна алка во целиот синџир, ако не е најважната за македонската државност.
А многу луѓе во индивидуалната меморија носат позитивнисеќавања - станување пионер, на пример...
Од: Tode
Датум: 29.11.2008 15:33:29
Generalot samo iznese logicni zaklucoci za istoriskiot tek na sozdavanjeto na Makedonija.Problemot e vo nesto drugo,a toa e golemata omraza na Vmrovcite kon levite politicki sili posebno komunistite,koi nasproti niv uspeeja da sozdadat bar del od makedonska drzava.Dodeka oni niz istorijata ja trosea silata vo megjusebni borbi so sto i nanesoa golema steta na makedonskata kauza,posebno sto centarot na nivno deluvanje bese vo Bugarija so site vlijatelni posledici od toa.Sega sakaat po sekoja cena da ja namalat zaslugata na levite sili vo sozdavanjeto na Makedonija brisejki gi istoriskite datumi.Kako postojano zborat za zlocinite napraveni kon niv,treba da prozborat i za sopstvenite zlocini sto gi napravia kon svoite sogragjani so podrugo politicko opredeluvanje.Samo togas makedonskata demokratija ke vleze vo zrel periot.
Од: Makedonec
Датум: 29.11.2008 16:29:50
Kolumanta e sosema realna i vistinata,a nedorechena,zaboravate da napishete deka borbata za Makedonskata kauza se sluchuvala ushte so vostanijata vo Tursko vreme i deka 11 Oktomvri AVNOJ,ASNOM i 8 Septemvri se prodolzenie ne Solusnikte atentatori,Ilinden '903,ama za zal od 8 Septemvri dojdoa na vlast kvazi Makedonci kako BC,Ljubcho Bugarinot,pokojni Kljusev koj ne nareche makedonchinja.Komunistite bile samo lideri za borbata protiv fashizmot i vospostavuvanje na Makedonska drzava(samo eden del)priznavnje na Makedonskata nacija i jazik,za seto toa mnogu poveke poginale nepartijski gragjani na Makedonija.Toj Ljup(pi...a)choBT neka si zeme partalite samo so negoviot imenjak i neka si odi vo Bugarija i neka gleda filmovi tamu ako ne mu se gledaat Volchja nok,Makedonska krvava svadba,M is Ston i ako ne mu se slushaat pesnite na Vaska,Sarievski,Toshe,shto cheka shto sedi vo ova parche od Makedonija koe postana kolku tolku nezavisno za razlika za delovite vo Bugarija i Grcija.
Од: Историчар
Датум: 29.11.2008 17:40:56
На секого треба да му е јасно (посебно на тикванот од Бт.) дека Македонските комунисти и патриоти беа единствената национално свесна сила која успеа да ги обедини сите прогресивни сили во Македонија. А останатите (ВМРО-вци приврзаници на Ванчо Михајлов беа на страната на бугарските окупатори и германските нацифашисти и со нив соработуваа до крајот на војната. Нивната судбина е поната. Добија заслужена казна. Се дуго кажано е невидена глупост и слепост на неуките на оние кои сакаат да видат нешто друго а не она што се случило.
Од: Зачуден
Датум: 29.11.2008 18:42:47
А во Прилеп?Имаше ли во Прилеп„значајни воени дејствија“,другар генерале?Сепак, ви благодарам за статијата.
Од: Aleksandar
Датум: 29.11.2008 20:27:48
Generale nemam zborvi Bravo vi posakuvam od srce mnogu zdravje i uste da pisuvate kolumni.Sakam samo da kazam NOB na yugoslavia gi ima vo site vojni muzei vo US i tova kako prijatelska zemja i na strana na pobednicite a ne porazenite.AVNOJ e golem den za makedonija za site sto se boreva za Makedonia za vtorata svetska vojna.Steta Yugoslavia bese pred Kina no sega ke ne vodat nekoj Anticki politicari vo Makedonia.