Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Прашањето со името било како слон во соба

Спорот со името не им штети на економските односи со Грција, вели грчката амбасадорка

Тамара Грнчароска



Прашањето со името постои веќе 15 години, но поради тоа не се нарушени економските односи меѓу двете земји, вели грчката амбасадорка во Македонија, Александра Пападопулу. Таа вчера на универзитетот ФОН одржа предавање на тема „Економската состојба на Грција и нејзиното присуство во Македонија“.

„Прашањето со името е како слон во соба, не можеш да го избегнеш, но и покрај тоа животот оди понатаму - бизнисот ќе доаѓа тука, ќе прави пари, а вашата земја ќе профитира“, рече Пападопулу. Според неа, двете земји имаат политички проблем, како и многу други земји, но тоа не ги спречува да соработуваат и да имаат подлабоки односи. Пападопулу истакнува дека финансиската криза што ја потресува нејзината земја нема да ги загрози грчките инвестиции во земјава. Таа верува дека по подобрувањето на ситуацијата и кога ќе се решат другите проблеми ќе има дополнителен прилив на капитал од Грција во нашата земја.

Оценувајќи ја Македонија како земја што има добар бекграунд за инвестиции и која им е блиска и добро позната на грчките инвеститори, таа потсети на зборовите на евроамбасадорот Ерван Фуере од пред три дена дека за подобрување на инвестициската клима и на бизнис-климата во земјава се потребни реформи. „Послушајте ги пораките од Фуере“, препорача Пападопулу, наведувајќи дека потребните реформи се прецизно наведени во препораките на Европската комисија за земјава.

На неизбежното прашање за спорот околу името и за средбата меѓу Груевски и Папандреу во Мадрид во понеделникот, шефицата на грчката канцеларија за врски во Скопје, избегна да одговори, на шега велејќи дека таа не била ниту присутна ниту консултирана за средбата. За можното сценарио во јуни давањето на датумот за преговори на Македонија со ЕУ повторно да биде блокирано од Грција поради немање решение на спорот, Пападопулу рече дека е подобро да се зборува за решение. „Ајде да работиме за решение, тоа е најдобар пристап“, изјави амбасадорката. Притоа таа ја повтори добропознатата грчка позиција дека Грција досега презела многу конкретни чекори за решавање на спорот. „Грција направи голема промена во оригиналниот став за името т.е. прифати сложено име, што е конкретен доказ дека сакаме решение“, изјави Пападопулу.

„Наш интерес е да имаме силен и здрав сосед. Тоа е заеднички интерес. Тоа ќе го добиеме од решението на проблемот. Вие ќе добиете подобра иднина и стабилност за земјата во ЕУ, но и подобри односи, ако можам да кажам, со вашиот стратегиски сосед“, рече Пападопулу.


#
Статијата е прочитана 1168 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 20.05.2010 11:31:42
Pocituvana...exelencijo..gresete.i slonot podobro ke snajde vo tesna soba od VAS..Ima pogolem instikt.za PRAVDAAAAAAAAAAA.....verojatno....!!
Од: Мила Македонијо
Датум: 20.05.2010 14:16:31
Нема прашање. Грција е фашизоидна творба. Таму се е во знакот на националшовинизам. И школство и црква и армија и ТВ и се е така воспитувано 100 год. Како се да се врти околу Грција. Македонците Албанците Власите Ромите Грците дојденците сите мора да бидат ГРЦИ. Леле каков фашизам. Европа е за никаде. Како напиша Лотар цела е изградена на купишта лаги.
Од: N Z
Датум: 20.05.2010 19:53:09
Investiciite od juzniot sosed ke propadnat i ke seknat. Pa ke ve vidime vas kako ke ziveete so 200 evra plata. Nie sesrdno bi pomognale da ve vidime vo taa situacija. - Edno. Drugo - olku prost diplomat nemav dosega videno.
Од: Viktorija
Датум: 21.05.2010 08:21:53
Grcija za Evropa e "Pateticna Mala Zemja so iluzija za pravo na prisvojuvanje".

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Оливера Војновска
Поглед
Александрија Стевковска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски

Марк Дејвид Чепмен
Убиецот на Џон Ленон во август на слобода?!