Ексминистерот за финансии, господинот Славески, многу сакаше да зборува со јазикот на бројките. Очигледно, за тоа и беше сменет, за целокупната финансиска проекција која беше креирана во негово време која се покажа како крајно погрешна. Меѓутоа, сите фактори на разработка на финансиската конструкција на буџетот додека тој беше министер не зависеа само од него. Факт беше дека партискиот совет на владејачката партија, т.е комисијата за буџет на ВМРО-ДПМНЕ имаше поголем удел во конструкцијата на државниот буџет на надлежните институции на Владата на Македонија. Во негово време паднаа најголем број од реформите донесени од страна на оваа партија.
Падна проектот за бруто-плата, кој остави без плата над 11.000 семејства поради блокираните сметки и неажурноста на УЈП. Државата беше под закана од масовни стечаи на фирми, а кога стана јасно дека тогашниот концепт на бруто-плата се претвори во финансиски терор врз фирмите некој мораше да поднесе и одговорност за тоа. Кој не ако не министерот за финансии. Важно е премиерот да опстане.
Славески беше само дел од масовната смена на министри од сите области кои доживеаја крах во реформите предложени од страна на ЕУ, за кој оваа Влада нема капацитет да ги спроведе. Премиерот еднаш вината успеа да ја префрли на таа гарнитура министри. Но, што сега кога по четири години економска изродба кога над 350 илјади луѓе се без месечни примања. Овој пат стратегијата за префрлување на вината нема да успее, овој пат некој ќе мора јавно да поднесе одговорност за разорената македонска економија.
Македонија по четири години „преродба“, по Косово има највисока стапка на невработеност во Европа, а со 33 проценти невработени државата е апсолутен лидер на останатите балкански земји. Македонците имаат и меѓу најниските плати во регионот, помала просечна плата има само Србија со 320 евра, потоа следува Македонија со 330, Босна со 390, Црна Гора 450, а во подобра позиција се само Хрватска со 720 и Словенија со 930 евра просечна плата. А дали во Македонија просечна плата е 330 евра вие сами многу добро знаете. Со оваа цифра котираме на тоа место во Европа, а кога јавно би се кажало дека вистинската просечна плата без никакви статистички пумпања е околу 200 евра, тогаш сигурно би биле последни во светов.
Од друга страна, компаниите што треба да обезбедуваат работни места се под државна окупација. Градежните компании, пред се', се фрлени на колена - државата како најголем нарачател што ги ангажира сега нема пари да им исплати. Над 600 милиони евра должи Владата кон приватниот сектор. Наместо да им ги исплати парите, без транспарентна постапка се трошат на владини проекти, Владата не' презадолжува во странство, а тој долг единствено ќе ни го каже новата влада. Оваа Влада нема храброст да ни ја соопшти таа висока цифра, која дефинитивно и нашите внуци ќе треба да ја исплаќаат.
Замислете, само за поврат на ДДВ, долгот изнесува 4 милијарди денари. На овој начин градежните фирми не можат да си го намират долгот од страна на државата, а што е најтрагично, тие се плашат и јавно да проговорат за тоа, затоа што недемократскиот режим на оваа власт ќе ги санкционира трајно. Оваа е жалната слика за македонската економија.
А во исто време, во такви реформски неуспеси, во услови кога Владата ги ликвидира компаниите, ним им најавуваше дека даночните институции на системот ќе блокираат над 7 илјади фирми поради ненавремена исплата на плати и придонеси. Откако трговците потрошија 5,5 милиони евра за нов софтвер за фискалните каси, судиите утврдија дека со таквите сметки се нарушува начелото на рамноправност на пазарот. Законот падна, Владата вети обесштетување, кое и ден денес го чекаме. Изминативе четири години наместо создавање поволна бизнис-клима, промоција на Македонија како атрактивна дестинација за насочување на странскиот капитал, цело време инвестираа во економски промотори, кои не донесоа ниту евро од 8 милијарди најавени инвестиции.
Народни пари потрошија за нивни партиски цели. Над 250 милиони евра градежни проекти во центарот на Скопје, дел како пералници на нивните илегално остварени приходи, а дел за обезбедување работа на нивните фамилијарни компании. Последниот кич-проект е нова катна гаража во барок стил во вредност од цели 8 милиони евра. Ова лудило повеќе не се издржува.
Ke go trpis decko ova uste dolgo.So glupostine vcera sto gi napravi opozicijata vo Sobranieto,ovie ke mozat uste dolgo da ne molzat i igraat kako sakaat, pa ke si trpis i ke si molcis. Nevikaj deka ne se trpelo, nego spremaj se da izdrzis podolgo da istrpis(ako sakas da im raskazuvas na vnucite).Taman i jas si pomisliv deka so mitingot "im trgna" koga tie posle dva dena se "predomislija" i pocnaa so glupostite.Ponekogas se prasuvam dali narocno gi pravat, i da ne se slucajno plateni da izigravaat vecita opozicija.Ova nivno ponasanje ne e normalno.Taka da zamena za ovie sto treba da gi trpime, sega za sega izgleda nema.
Од: debrestanec
Датум: 03.07.2010 00:48:17
Ednas budala,cel zivot budala.
Lesno im e na polupismenite koga tolku mladi zabegaa pa taka, cel zivot ce si go pominat nasmeani
Za da nemas mana treba pameten da se rodis?.
Од: milko
Датум: 03.07.2010 01:09:57
tocno e deka ova ludilo ne se izdrzuva da morame da citame secii gluposti.gos. niti broijkite niti matematikata vie prednost. od avion se gleda deka ste obojen ili naiven.brojkite koj gi prikazuvate se samo statistika a ne i realnos.
redovno gi sledam sostojbite i ke vi ukazam na greskite. vo makedonija lugeto zemaat pomalku od 200evra plata a trosat poveke od 400 i po 100 evra ostavaat za na odmor.i stoe najloso poveceto zemaat socijana pomos i go praznat fondot.i sami ste svedoci kolkav e brojot na divo vraboteni vo trgovijata,turizmot,ugostitelstvoto gradeznistvoto, divi taksisti prekupci,nakupci zakupci ili dzambazi.
koj od niv plajca danok, pa od kade polni fondovi da se realiziraat planovite na vladata ili nekoja druga vlada ili da se podobri infrastrukturata.
dodeka ne se iskorenat ovie raboti nema da uspee niti edna vlada vo mak.a ispektorite prikazna za sebe.so stoene vo kancelarija ne se pravi statistika.podatocite se edno a vistinata drugo.pozrav.
Од: Lile
Датум: 03.07.2010 06:39:45
Ne se trpi se slozuvam, no vremeto za ostanuvanje na vlast im se meri vo meseci na Vmro. Ke se strpi Makedonija do togas
Од: Трпе
Датум: 03.07.2010 09:30:02
Ова пропагандна блада,има напраено толку многу греови ,што народот на голем број веке и не се секава.Но ако владата не памти,обичниот граганин си запишува но се е џабе кога греовите нема да можат да се наплатат.А за просекот на плати,па нормално сарма без месо е поздрава.И така здравството ни е за никаде а месо може да си дозволат овие кои имат пари да платат за лекување.А за направените долгови ич да не береме гајле или ке дојде до пропаст на светот или нашите прафнуци ке ги вракат.Ако опстане светот во историте ке пишува пример како не треба да се раководи со држава.Така е кога народ аплаудира на илузионистички способности на циркусот*ФАМИЛИЈА*
Од: sirma vojvoda
Датум: 03.07.2010 09:33:45
ajde ovoj milko garant e feliks ili nekoj polupismen od preku sedum morinja i planini sto soli pamet na nas tuka sto ziveeme i sporeduva ovakvi ili onakvi brojki abe DOSTA ni e veke od takvite kako tebe lazni patrioti sejnajkovci koi se vkluceni samo i samo sto poveke krv da pijat od makedonceto koe zivee i se maci tuka vo Makedonija
Од: Strumica
Датум: 03.07.2010 10:02:52
Do Jvan:
A, sto napravi opozicjtata???????????i dali si siguren koj sto napravil????????
Од: ...
Датум: 03.07.2010 10:48:47
Хммм, нешто Феликс го нема или мене ми се чини. Изгледа на одмор е или па му текна дека се повторува со секој коментар (па не остави ние да се одмориме од него) :)
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 11:29:32
Фенликс да не се преродил како феникс, и ова убедувањата и плукањето по опозицијата е повеќе од смешно.Но има доста вработени без столчиња кои седат дома и работат партиски кои им овозможиле за величењето на ликот и делото на Пастирот да примаат плата.Затоа се грлати а она другото..знаењето е моќ - знаењето е сила, ..ќе го добијат, сега има акција за распродажба на дипломи на оние кои во младоста мереле улици.Деновиве им го мерам паметот по форуми.МНООООГУ се умни...За крај поздрав до Големото Уво.Не сум крив - жи ми мајка.
Од: tihi
Датум: 03.07.2010 11:38:10
A kolku bese ubavo pred 4 godini. Site vraboteni,zdravstvoto cvetase, vo obrazovanieto site srecni ,zemjodelcite isrekni i veseli,stecajci samo cat pat.I dojdoa ovie i rasipaa se. Za sramota.
Од: Timov
Датум: 03.07.2010 13:41:50
Denovite im se odbrojuvaat dur da otidat vo opozicija. Veke e prasanje na nedeli i meseci, a ne na godini. Da zivee Makedonija!