Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Писма

Покривот мора да биде од калено стакло


Деjан Секулов��ки, Деjан Спасеновски и Илиjа Божиновски - проектанти на спомен-куќата

Повод: текстот: „Изградбата на спомен-куќата на Тоше тапка в место“ објавен во „Утрински весник“

Свесни дека сензационалистичките наслови што се објавуваат на насловната страна се тие што го продаваат весникот и што во овој случај сигурно ви го зголемија тиражот за стотина примероци, особено ако притоа се користи името на нашата најголема музичка легенда во каква било негативна конотација, би сакале да ве информираме за следното. Како автори на првонаградениот труд на конкурсот за изработка на идејно архитектонско и урбанистичко решение за спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево и проектанти на целокупната техничка документација, воедно и како проектантски надзор, би сакале да нагласиме дека е во целост неточна информацијата во вашиот весник дека доцнењето на изградбата на објектот е поради „најновата промена на проектот за покривна конструкција, со која место од обично стакло, беше решено покривот да биде направен од калено“.

Начинот на покривање на објектот не е променет во ниту еден момент почнувајќи од идејното решение, па се' до изведбениот проект изработен во 2008 година вклучувајќи ја и предмер-пресметката, според која, изведувач на работите тендерирал. Никогаш не беше доведен во прашање типот на стаклото што е невозможно од едноставна причина што е недозволиво од безбедносни причини тоа да биде од обично стакло. Со оглед дека дел од покривната конструкција е изработена од стакло, ние како проектанти во ни еден момент не би дозволиле безбедноста на посетителите да биде доведена во прашање со поставување такво стакло.

Крајно непрофесионално е да се изнесуваат непроверени информации што го уриваат нашиот професионален углед и знаење без притоа тие да се проверат. За штетата што ни е нанесена на нас како автори на проектот со вакви ноторни невистини, ќе консултираме правен советник за заштита на нашите права.


#
Статијата е прочитана 647 пати.

Испрати коментар

Од: debrestanec
Датум: 03.07.2010 00:37:59
I ovie se del od polupismenite.
Од: Krusevchanec
Датум: 03.07.2010 09:52:23
Gospoda,,pametnjakovci'', aj dogovoretese sto ke izjavuvate so ministerkata za Kultura i Direktorkata na Muzej Krusevo,za da ne ispadni i samite da si poveruvate vo toa sto go pisuvate!!Nemoj barem nas Krusevcanite,t.e.tesen krug da ni kazuvate vo sto e problemot za doizgradba na spomen kukata na nasiot Angel,mozi niz Makedonija nekoj ke vi poveruva,ama ke pocekame uste malku da zaminat vasite mentori od vlast,koi tesko ve platija,se razbira za da ostani i za niv,e posle ke se znae mnogu poveke.Zosto prifatija da se izgradi patot do manastirot,so koi pari se donese struja do nego ili kako sto ovie dena procitav,posle tragedijata trcaa koj poveke solzi ke izroni,a oni si znaat oti,,uste malku'' ke se doznaat mnogu raboti sto ne mozat da gi skrijat ili da gi zemat so sebe,tamu kaj sto ke begaat!!!

Најди! во Утрински
Писма
Ова лудило не се трпи повеќе