Што прават денеска
Бранко Ѓорчев
дир. на Драмски театар
По празничниот викенд, денес продолжувам со ударничко работно темпо. Во Драмски театар веќе почнавме со пробите на новиот текст на Венко Андоновски, „Олово на мека перница“. По пробата, имам час по сценски говор со студентите на ЕСРА. Денот ми завршува со синхронизација на серијата „Кога лисјата паѓаат“ во ТВ А1.
Биба Додева
пејачка
Во периодов интензивно сум ангажирана со подготовка на проекти во „Борка“, т.е. со активности за Месецот на борба против ракот на дојката, кој е токму сега - во октомври. Попладне, пак, се посветувам на работа на мојот албум. Половина од материјалот е готов, па со Дојчин се договараме за остатокот од песните.
Павлина Новаковска
оперска певица
Како мајка на мали деца, денот започнува, секако, со грижа за нивните потреби. Ако е убавото времето, излегуваме на прошетка. Попладнето веќе го посветувам на моите обврски. Ги работам неопходните гласовни вежби и полека се подготвувам за улогата во операта „Моќта на судбината“, чија премиера е планирана на 27 ноември. |